Најмладите од Дебарско и Река со каланда го возвестија Лазаревото воскресение

 Света Бигорска обител денеска беше израдувана од прекрасното пеење на Лазаревата каланда „Кажи Лазаре“, којашто одекнуваше од устите на најмладите дечиња од реканскиот и дебарскиот регион.

-Овие прекрасни млади души, на чиишто лица сјаеше празничната радост, со чистина во срцата ни го најавија претстојното Пасхално торжество и преку каланда ни проговорија за Лазаревото Воскресение, кое е вовед во светлото и славно Христово Воскресение, рече сестра Ефимија.

Додаде дека дечињата, во придружба на своите родители, најпрво со воодушевување ги пееја каландите во манастирскиот двор, од каде што потоа се упатија кон работната игуменска одаја на нашиот старец епископ г. Партениј, за и нему да му ја пренесат сеопштата радост од Господовото воскреснување на четиридневниот Лазар.

-Таму тие беа срдечно и радосно пречекани од татковското срце и прегратка на дедото, а потоа и дарувани со традиционалните колачи Лазаринки, со велигденски ламбади и со други подароци, посочи сестра Ефимија.

Хаос во Рим: Тенисер загуби меч и му се нафрли на судијата (ВИДЕО)

Дуелот меѓу Даниел Дејна Евинс и Фабио Фоњини во Рим предизвика големи полемики, откако Британецот влезе во жесток конфликт со судијата кој потоа го казни.

Со тоа што во овој случај Еванс беше апсолутно во право кога беше во прашање еден поен, како што покажа забавеното видео.

Се играше третиот сет, Фонџини изгуби една топка, но освои бод. Еванс протестираше и тврдеше дека топката не е внатре, додека судијата Мохамед Лахјанин исто така покажа знак дека топката остана на линијата.

Меѓутоа, проблемот настана бидејќи тој знак беше од претходен удар. Еванс беше исфрустриран, го навредуваше и го пцуеше судијата и заработи казна.

Еванс имаше целосно право да се лути за сѐ, а доколку имаше предизвик ќе добиеше поен. На крајот тој беше обвинет за неспортско однесување.

- Не ми викај - му рекол Лахјани на Еванс, кој фрустрацијата ја исфрли на клупата при промената:

- Сѐ што барам е да ми покажеш каде падна топката, но не можеше затоа што не знаеше. Готово е, заборави. Можете ли да ми кажете зошто се однесував неспортски?

Тој го доби одговорот:

- Затоа што го употреби зборот Ф (Е*ате, не ми викај и не го користи зборот Ф - рече судијата, на што Еванс продолжи:

- Биди искрен, Мохамед, само тоа барам од тебе.

Најлошо од сè, Еванс ќе го земеше гејмот на сервис на Фоњини во тој случај и ќе го вратеше брејкот. На овој начин го загуби натпреварот.

МЗШВ: Започна аплицирањето за директни плаќања по Програмата за финансиска поддршка за 2024.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделските стопанства, дека во период од 10 мај до 1 јули ќе можат да поднесат барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира земјоделските стопанства, дека во период од 10 мај до 1 јули ќе можат да поднесат барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Во наведениот период земјоделските стопанства можат да поднесуваат барања за:

- растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал,

- сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда во кланица, како и за

- органско земјоделско производство.

Земјоделските стопанства своите барања ги поднесуваат во електронскиот систем на АФПЗРР, а доколку имаат потреба од помош или поддршка можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ.

Аплицирањето е преку линкот www.ipardpa.gov.mk - Директни плаќања е-субвенции. Со отварање на овој линк, во полето „Известувања/упатства“ достапни се деталните упатства за поднесување на барањето, Листата на потребни документи како и Програмата и Уредбата за директни плаќања во кои детално се претставени условите и висината на финансиската поддршка, соопшти МЗШВ.

Во германската војска има премалку жени

Во германската војска служат премалку жени, изјави денеска парламентарната комесарка за вооружени сили, Ева Хогл.

- Не можеме да продолжиме како порано, рече Хогл, членка на Социјалдемократите (СПД) на канцеларот Олаф Шолц.

Жените во моментов сочинуваат нешто повеќе од 13 отсто од персоналот што служи во Бундесверот.

- Ако се исклучат медицинските лица, бројката е под 10 отсто, рече Хогл. Ова е во спротивност со официјалната цел од 20 проценти како што е пропишано во законот.

Таа, исто така, истакна дека има недостиг на жени на лидерски позиции, со само три жени генерали во моментов. Мора да стане нормално жените да заземаат високи позиции, рече Хогл.

Портпаролката на Министерството за одбрана за германската медиумска организација Redaktionsnetzwerk Deutschland (RND) изјави дека има пораст на бројот на жени кои поднеле барање да се приклучат на војската.

- Минатата година 17 проценти од апликациите беа од жени. Ние сме исклучително задоволни поради ова, рече таа.

Но, таа, исто така, призна дека процентот на жени на водечки позиции во министерството е само два проценти. Вон министерството, 16 отсто од раководните позиции во војската ги држат жени, а бројката се искачи на 46 отсто меѓу воените медицински лица, рече таа.

притисни ентер