Најпосакуваниот фустан на првата дама: Оваа облека го преобликува телото (фото)

Брижит Маркон, првата дама на Франција е позната како стилистка и модна икона.

Нејзините кожни панталони се сензација секогаш кога ќе ги облече, брендот „Луј Витон“ го издигна на уште повисоко ниво на обожавање, а сега покажа како умее да ги сокрие своите недостатоци.

За службената посета на Индија, одбра уште еден фустан кој “скрива“ и веднаш стана вистински моден хит.

Фустанот во две бои кој го одбра Брижит е облека која многу едноставно и дискретно го преобликува телото.

#brigittemacron #emmanuelmacron #couplepresidentiel #macron #firstlady

A post shared by Brigitte Macron (@brigittemacronfan) on


Шеесет и четиригодишната прва дама облекла “j color block” фустан во бела и темно сина боја. Во оваа комбинација постигнат е максималниот ефект во дневната варијанта.

За вечерните излегувања се толерира и комбинација со црна боја која и додава и доза на елеганција.



Ваков тип на фустани се препорачува на жени кои визуелно сакаат да ја променат својата фигура.

Имено, преминот од темна во светла боја околу струкот со триаголниот детаљ, оптички го стеснува тој дел од телото, струкот делува потенко и поатрактивно.

Истиот детаљ визуелно ги зголемува градите, а тој впечаток е засилен со одбирањето на белата боја.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер