Најскромниот претседател на светот има рак на хранопроводот: Ќе се борам додека можам

Поранешниот претседател на Уругвај, Хозе „Пепе“ Мухика денеска соопшти дека по медицинскиот преглед минатата недела му бил дијагностициран рак на хранопроводот.

Мухика (88) изјави дека автоимуното заболување од кое боледува веќе 20 години создава потешкотии кога се работи за хемотерапија и дека операцијата би била ризична, но дека лекарите размислуваат за опции.

На новинарско прашање за прогнозата, Мухика рече дека не е лекар и дека не знае што да очекува, пренесува Обсервадор.

Тој нагласи дека ќе продолжи „да се бори додека може“, а ги повика младите Уругвајци својот гнев да го претворат во надеж, да се борат за љубов и да бараат помош доколку се зависници од наркотици.

„Благодарен сум и на крајот на денот никој не може да ми ги одземе убавите моменти кои ги имав“, изјави Пепе.

Во април 2021 година, тој имаше операција на хранопроводникот поради повреда од „туѓо тело“, а личниот лекар на Мухико тогаш објави дека станувало збор за рибна коска.

Лекарите по операцијата потврдија дека поранешниот претседател има чир на хранопроводникот, и дека нема повреда.

Мухика ги освои симпатиите ширум светот бидејќи за време на неговиот претседателски мандат покажа дека е скромен човек кој вози стара „буба“, поради што го доби прекарот „најскромниот претседател на светот“.

Неексплодирани убојни средства од Првата светска војна пронајдени во прилепскиот регион

- Сите неексплодирани убојни средства се од Првата светска војна. Истите безбедно се пренесени во магацинот на ДЗС во Битола и со нив ќе се постапува според стандардните оперативни процедури за вакви случаи. 

Регионалниот центар за управување со кризи - Битола информира дека вчера, по дојава на граѓани, од атарот на село Канатларци во општина Прилеп, безбедно се подигнати и отстранети една артилериска граната 155мм една мина од монофрлач 75мм и една рачна бомба.

- Сите неексплодирани убојни средства се од Првата светска војна. Истите безбедно се пренесени во магацинот на ДЗС во Битола и со нив ќе се постапува според стандардните оперативни процедури за вакви случаи. Кога ќе пронајдат какви било неексплодирани убојни средства или остатоци од минатите војни, препорака до граѓаните е да не ги фаќаат и поместуваат, туку да се јават на 112 во ЦУК, потенцираат надлежните.

Од ЦУК и денеска алармираат за внимателност при грмежи и молњи, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Да се вози внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на помали одрони.

- Ова посебно се однесува за делниците Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Виница - Берово и Кочани - Делчево, нагласуваат од ЦУК.

Изминатите 24 часа имало вкупно 1.677 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи - 112 во ЦУК.

- „Реални“ повици биле 56,59 отсто, а 43,41 проценти за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 64,43 проценти, кон Итната медицинска помош - 30,04 отсто, а кон пожарникарите - 1,58 проценти од реалните повици, додаваат од ЦУК.

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Почнува голема летна авантура во Веро во која најсреќниот купувач ќе освои многу вредна награда – паричен ваучер од 400.000 денари.

Наградната игра „Ура за летна авантура“ трае од 15 мај до 28 јуни и е наменета за сите купувачи во Веро маркетите кои ќе направат сметка од над 350 денари од означените промотивни производи. Секоја таква сметка носи по еден купон со кој се стекнува право на учество во наградната игра. Купоните треба да се пополнат со лични податоци и да се остават во означените кутии кои се поставени во сите Веро маркети.

Во рамки на наградната игра, секоја сабота од пристигнатите купони ќе се извлекуваат добитници на вредносни ваучери. Вкупно ќе бидат доделени 138 ваучери во вредност од 3.000, 5.000, 10.000, 15.000 и 30.000 денари. Сите извлекувања ќе се одржуваат јавно во Веро центар, секоја сабота од 12 часот.

Извлекувањето на главната награда е закажано за 29 јуни, кога од сите пристигнати купони во наградната игра ќе се извлече името на најсреќниот купувач, добитник на вредносниот ваучер од 400.000 денари за пазарување во Веро маркетите.

Имињата на среќните добитници ќе се објавуваат тековно на профилите на социјалните мрежи на Веро маркети, а информации за добитниците може да се добијат и во самите маркети. Сите добитници задолжително треба да ја чуваат фискалната сметка со која учествувале во наградната игра бидејќи во спротивно, нема да можат да ја подигнат наградата.

Веро им посакува среќа на сите учесници во наградната игра. Ура за летна авантура!

Фернандеш: Ако не му требам на Манчестер јунајтед, ќе си заминам

 Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш изрази подготвеност да го напушти клубот доколку тоа се побара од него.

- Може ли да го напуштам клубот на лето? Секогаш сум велел дека сакам да бидам овде. Но, ако поради некоја причина на Јунајтед не му требам, ќе си заминам, изјави Фернадес, за „Дејли мејл“.

Претходно во англиските медиуми се појави информација дека Манчестер јунајтед е подготвен да го продаде Португалецот.

Фернандеш игра за „црвените ѓаволи“ од јануари 2020 година. Вкупно за клубот одигра 230 натпревари, постигна 79 гола и 64 асистенции. Неговиот договор е до летото 2026 година.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 70 милиони евра.

притисни ентер