Најстариот македонски клуб Борец 1919 прослави еден век постоење

Во убава фудбалска атмосфера на градскиот стадион „Зоран Паунов - Паун“  во Велес со пријателскиот натпревар помеѓу ФК Борец и суперлигашот ФК Вождовац од Белград се одбележа  100 годишнината од постоењето на фудбалскиот клуб Борец. 

Натпреварот заврши со резултат 1 : 1.

Фудбалскиот клуб Борец е основан во 1919 година во Велес и е еден од најстарите спортски колективи во државата. На почетокот бил основан под името Напредок, а денешното име го добил во 1926 година.

Овој клуб по 19 години натпреварување во пониските фудбалски рангови, оваа година се врати во првата фудбалска лига. Растот на Борец започна пред три години со преземање на клубот од страна на компанија Брако, официјален сопственик на клубот и ангажирањето на врвниот тренер Горазд Михаилов. Кочо Анѓушев ко-сопственик на Брако и на клубот, пред почетокот на натпреварот на публиката и порача дека ќе го направат Борец да биде клуб кој нема да игра само епизодна улога во домашното првенство.

Шефот на стручниот штаб Михаилов успеа за краток период со посветеност, работа и развивање на талентот на младите фудбалери да го помине патот и да го внесе Борец во прва лига.

„Борец после 19 години повторно е во прва лига и тоа е одличен резултат. Задоволството за сегашниот успех на Борец е уште поголемо заради фактот дека ова е клубот каде пред 20 години бев активен играч, а денес како тренер повторно го гледам онаму каде што му е местото, во првата фудбалска лига. Секако дека овој успех не се должи само на мене како тренер, туку и на играчите, како и на целиот стручен штаб и моите соработници Ане Темелков и Кире Манев. Силата на клубот е во нашите играчи кои со тоа што го внесоа Борец во првата лига покажаа дека големи успеси се возможни и дека на овој клуб му претстојат уште многу прволигашки натпревари. Убаво е во иднина да има што повеќе вакви настани бидејќи 100 години е сепак голем момент за одбележување во секое општествено живеење“, изјави тренерот Горазд Михаилов.

Рангник го одби Баерн

Селекторот на австриската репрезентација Ралф Рангник одби да ја напушти репрезентацијата за да го преземе Баерн Минхен.

- Со цело срце сум посветен да работам за австриската репрезентација. Неизмерно уживам во мојата работа и планирам да продолжам по патот што го избравме. Сакам да истакнам дека ова не е одбивање на Баерн, туку одлука во корист на мојот тим и нашите заеднички цели. Целосно сме фокусирани на Европското првенство и ќе дадеме максимум за да одиме што подалеку, изјави Рангник, за официјалниот сајт на Фудбалскиот сојуз на Австрија.

Претходно беше објавено дека Рангник би можел да стане нов тренер на Баварците. /МИА

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Се враќаат старите цени на осигурувањето при регистрација на возилата. 

Ваква одлука беше донесена откако денеска Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ја разгледа анализата на Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Предлог-одлуката е доставена на усвојување до Владата на Македонија

Освен тоа, Комисијата утврдила и потреба од измени на Тарифата за премии за осигурување и подготвила Предлог-измени во насока на заштита на корисниците.

-Предложените измени се насока на утврдување на опсег од 15% до 30% во кој друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност, а за секој износ на овие трошоци над 30% да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување. Комисијата е задолжена најдоцна до 30 септември секоја година до Владата да доставува предлог за минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување за следната година. – Министерство за финансии

Од Финансии додаваат дека одлуката е резултат на недостатокот на финансиски анализи од осигурителните компании, кои како единствен аргумент на кој се повикале биле растечките трошоци од работење.

Според анализата на Агенцијата за супервизија, пак, 10 осигурителни компании оствариле добивки за 2023 година, а само една завршила со загуба од работењето.

Поскапувањето на полисата за осигурување стапи на сила од минатата недела и граѓаните плаќаа од 840 па до речиси 1600 денари поскапа цена, во зависност од моќноста на возилото. Дали на тие што веќе платиле по новите цени,сега ќе им бидат вратени парите, во соопштението на финансии одговор нема.

Швајцарија објави дека во оваа фаза Русија не е поканета на мировните преговори за Украина

Швајцарската влада денеска соопшти дека „во оваа фаза“ Русија не е поканета да учествува во разговорите за постигнување мировен договор меѓу Москва и Украина, што ќе се одржат во Швајцарија во средината на јуни.

-Швајцарија е убедена дека Русија треба да биде вклучена во овој процес, се вели во соопштението на владата во Берн.

Се додава дека мировниот процес без Русија е невозможен. /МИА

притисни ентер