Најстудено во Берово

Во Берово изутрина во 7.00 часот се измерени – 12 степени,  – 9 во Скопје-Петровец, Штип, Битола и Маврово, – 8 во Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Демир Капија и  Струмица.

Во Скопје Зајчев Рид, Лазарополе, Куманово и Дебар температурата изнесувала – 7 степени, – 6 во Охрид, -5 во Претор и во Крушево, -2 во Гевгелија, 0 во Дојран.

Висината на снежната покривка во Маврови Анови е 11 сантиметри, а 4 на Попова Шапка.

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.

Во Скопје, сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Автомотосојузот на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Ракети истрелани врз градот Бершеба

Сирените денеска се огласија во израелскиот јужен град Бершеба, а потоа се слушнаа неколку експлозии.

Засега нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета од ракетниот напад.

Последен пат сирените во Бершеба се огласија на 14 април за време на иранскиот ракетен напад. /МИА

Утре променливо облачно и потопло

Времето утре ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. 

Попладне ќе има локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник.

Најмалку 60 загинати во топлотниот удар, што го погоди Тајланд (ВИДЕО)

Најмалку 61 човек починаа во повеќе неделниот топлотен бран што го погоди Тајланд, соопшти денеска тајландското Министерство за здравство.

Топлото време изминатите недели предизвика повеќе од двојно поголем број жртви во споредба со жртвите од жешкото време во цела 2023 година. Најголем дел од смртните случаи се регистрирани во североисточниот дел на земјата, каде што земјоделството е важен дел од економијата, објави TRT World.

Во Бангкок и другите делови од земјата во текот на ноќите температурата не се спушта под 30 степени Целзиусови. Додека пладневните температури редовно се над 50 степени.

Според синоптичарите високите температури се должат на феноменот Ел Нињо, додека Светската метеоролошка организација предупредува дека Азија се загрева побрзо од глобалниот просек.

Невообичаено високи температури се регистрирани и во Бангладеш, Виетнам, Мјанмар и Филипините.

притисни ентер