Наредната недела новиот комесар на ЕУ за проширување Вархели во Македонија

Новиот еврокомесар за соседство и проширување Оливер Вархели на 15 и 16 јануари ќе допатува во Македонија.

Се очекува Вархели на средбите да разговара за новата методологија предложена од Франција и за текот на реформите, особено за донесувањето на Законот за јавно обвинителство.

Европската комисија ќе објави мини-извештај за Македонија и Албанија во февруари, а новата методологија, според најавите, се очекува да биде усвоена во март.

Еврокомесарот Вархели, минатиот месец рече дека пристапните преговори со Македонија и Албанија треба да почнат на пролет. Тој тогаш рече дека ЕУ треба да ја исправи грешката од октомври.

Киев очекува испорака на првите авиони Ф-16 во јуни или јули

Неименуван украински воен претставник денеска изјави дека првите борбени авиони Ф-16 во Украина ќе бидат испорачани во јуни или јули.

Но, тој не наведе кои земји ќе испратат авиони Ф-16.

Украина бараше борбени авиони Ф-16 од САД за да се спротивстави на руската воздушна супериорност. /МИА

ДИК: За претседателските избори досега нема приговори, за парламентарните 17 приговори

До Државната изборна комиија поднесени 17 приговори кои се однесуваат на сумирање на гласовите за парламентарните избори.

За престедателските досега нема поднесено приговори, информира за Канал 5 портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска.

Кинескиот извоз на автомобили продолжува да расте

Извозот на автомобили во Кина силно порасна во април, бидејќи производителите бараа решение во странство за слабата домашна продажба, покажаа денеска податоците од Кинеската асоцијација за патнички автомобили (CPCA).

Извозот на автомобили скокна во април за 38 отсто во однос на истиот месец лани, со испорачани 417.000 возила, по речиси истиот процентуален раст во март, објави здружението. /МИА

притисни ентер