Народна банка: Раст на економијата, но поумерен во споредба со првото тримесечје

Натамошен раст на економијата, но веројатно поумерен во споредба со првото тримесечје, се прогнозите на Народната банка за вториот квартал од 2019 година.

Остварената просечна годишна стапка на инфлација за првите седум месеци од годинава изнесува 1,2 отсто, при очекувања за стапка на инфлацијата од 1,5 проценти за целата 2019 година. Ризиците во однос на проекцијата на инфлацијата за 2019 година засега се оценуваат како урамнотежени.

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка вчера на редовна седница одлучи каматната стапка на благајничките записи да остане на нивото од 2,25 отсто, а понудата на благајнички записи за аукцијата којашто ќе се одржи на 14 август 2019 година да се задржи на нивото од 25.000 милиони денари.

На седницата беа разгледани најновите остварувања во домашната економија во контекст на најновите макроекономски проекции. Според Комитетот, економските фундаменти и натаму се здрави, без присуство на нерамнотежи во економијата. Отсуството на нерамнотежи е видливо преку ниската и стабилна инфлација и поволната позиција во платниот биланс, контекст кој придонесува за континуирани интервенции со откуп на девизи од страна на Народната банка од почетокот на годината. Динамиката и валутната структура на штедењето на домаќинствата упатува на стабилни очекувања.

Што се однесува до показателите од надворешниот сектор, остварувањата за надворешнотрговската размена заклучно со вториот квартал на оваа година покажуваат понизок трговски дефицит од очекуваниот за второто тримесечје. Податоците за менувачкиот пазар заклучно со втората декада на јули засега се во склад со проектираните и укажуваат на можност за остварување нето-приливи од приватни трансфери на ниво на очекувањата за третото тримесечје. Девизните резерви на крајот на јули се повисоки во однос на крајот на 2018 година, при што сите показатели за нивната адекватност и натаму се во сигурната зона.

Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за јули покажуваат натамошен раст на годишна основа, кој кај кредитите е нешто поумерен.

Во периодот меѓу двете седници на Комитетот, ликвидноста на банките се задржа на стабилно и високо ниво, поради што банките имаа слаба потреба за задолжување на меѓубанкарскиот пазар на депозити. Од аспект на тековите на ликвидност во банкарскиот систем, сезонски повисоката побарувачка на денарска готовина на населението беше целосно надоместена од емисијата на денарски средства од Народната банка, остварена со интервенциите за откуп на девизи на девизниот пазар. Конкретно во јули, Народната банка откупи 43,8 милиони евра. Високиот месечен износ врз основа на интервенции беше остварен во услови на зголемен откуп на девизи на банките во трансакциите со менувачниците, што е вообичаено сезонско движење, а во јули годинава се оствари во поголем обем во однос на истиот месец претходните години. Банките ја искористија девизната ликвидност за задоволување на побарувачката на сопствениот и на меѓубанкарскиот девизен пазар, а вишокот девизни средства беше откупен од Народната банка. Откупот на девизниот пазар продолжи и на почетокот на август, при што збирно од почеток на годината, заклучно со 13 август, Народната банка има откупено 174,55 милиони евра.

Банките продолжија да го насочуваат вишокот слободни денарски парични средства кон расположливите депозити кај Народната банка, кои овозможуваат висока флексибилност и достапност на средствата за непречено кредитирање на домашните субјекти.

Надолните ризици за светската економија преовладуваа и во јули, поради што политиките на централните банки на глобално ниво беа насочени кон поддржување на економскиот раст. На финансиските пазари во еврозоната беше забележан пад на приносите на безбедните инструменти, во услови на зголемена побарувачка од инвеститорите, заради настојување да се остварат поголеми приноси и очекувања за олабавување на политиката на ЕЦБ. На редовниот состанок, ЕЦБ испрати сигнал дека е подготвена да преземе активности за дополнителна монетарна поддршка. Централната банка на САД – ФЕД, како што се очекуваше, го намали целното ниво на движења на референтната каматна стапка за 0,25 процентни поени, во распон од 2% до 2,25%. Ваквата одлука беше претставена како приспособување на монетарната политика според тековниот економски циклус, при што беше нагласено дека тоа не претставува почеток на интензивен циклус на експанзивна монетарна политика. На почетокот на август уште повеќе се зголеми променливоста на меѓународните финансиски пазари, откако силно се заострија трговските односи помеѓу САД и Кина. САД најави дека ќе воведе царини на увоз на производи од Кина, коишто досега не се оцаринети, бидејќи во преговорите меѓу двете земји не беше забележан очекуваниот напредок.

Општо земено, на седницата беше заклучено дека последните макроекономски показатели и оцени упатуваат на одредени отстапувања во однос на проектираната динамика, додека согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се главно непроменети во однос на претходната оцена. Притоа, повторно беа нагласени неповолните ризици од надворешното окружување. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер