Ксеноботот го носи името по африканскиот вид жаба (лат. Xenopus laevis), од чии матични клетки се создадени. Овие машини се помали од милиметар и доволно мали за да патуваат низ човечкото тело. Тие можат да одат и да пливаат, да преживеат со недели без храна и да работат во групи, јави Си-Ен-Ен.
Тоа е „сосема нова животна форма“, велат научниците од Универзитетот во Вермонт, кои заедно со експерти од универзитетот Тафтс ги создадоа овие необични роботи.
Научниците ги зеле матичните клетки од ембрионите на жаби и ги оставиле да се инкубираат. Потоа, ги пресекле и ги трансформирале клетките во посебни „телесни форми“ дизајнирани од суперкомпјутер, или во форми кои „досега не постоеле во природата“.
Новосоздадените ќелии тогаш започнале да функционираат независно. Клетките на кожата се врзани на таков начин што тие ја формираа структурата на робот, додека пулсирачките клетки на срцевиот мускул и овозможија на ,,машината” да се движи самостојно.
Ксеноботите исто така имаат можност да се лекуваат; кога научниците повредиле еден од нив, тој се исцелил и продолжил да се движи.
„Ова е нова форма на машини за живеење“, изјави компјутерскиот научник Џошуа Бонгард од Универзитетот во Вермонт.
„Не им припаѓа на традиционалните роботи или познатите животински видови. Тоа е сосема нова категорија: програмибилен жив организам“, додаде тој.
Ксеноботот потенцијално би можел да се искористи за голем број задачи, според студијата, финансирана делумно од Агенцијата за напредни истражувања во одбраната на САД, која го надгледува развојот на технологијата за воена употреба.
Овие роботи би можеле да се користат за чистење на радиоактивен отпад, собирање микропластика во океаните, пренесување лекови низ човечкото тело или дури и за чистење на наслагите во артериите. Поточно, овие ситни машини можат да преживеат во течност без дополнителни хранливи материи со денови или недели, што ги прави погодни за испорака на лекови во организмот.
Покрај тоа, научниците би можеле да ги користат ксеноботите за да дознаат повеќе за принципите на клеточната биологија, што би придонело за идните достигнувања во здравјето на луѓето и тајните на долговечноста.
За оние кои го препознаваат сценариото во овој изум од апокалиптичните научни филмови каде интелигентните роботи ја преземаат контролата над светот и предизвикуваат смрт на човештвото, нема причина за грижи.
Овие ситни организми се создаваат со свој резервоар на храна, липиди и протеини, што ги прави да имаат можност да живеат самостојно малку повеќе од една недела, но не можат да се репродуцираат или еволуираат. Може да се продолжи нивниот животен век само на неколку недели, ако се сместат во густа средина со хранливи материи.