Причина за тоа се честите дождови , а она што научниците посебно ги изненадува е појавата на дождови и во текот на долгата арктичка зима. Доколку се стопи најголемиот остров на светот, Гренланд, постои можност нивото на морињата да се зголеми за седум метри , што би загрозило милион луѓе кои живеат во крајбрежните региони.
Според споредбениоте податоци со оние во 80 – тите години на минатиот вег , дожд на Гренланд во просек врнел два пати годишно. Во 2012 бројот се зголемил за 12 дождливи периоди во текот на зимата. Сега , во речиси 300 наврати , дождот предизвика брзо топење на снегот.
,,Само 14 милиметри воден талог дожд е доволен за да истопи 15 сантиметри снег.” ; вели глациологот Џејсон Бокс.
Научниците сметаат дека дождот среде арктичка зима има поголемо влијание на топењето на мразот на Гренланд , отколку сонцето во текот на летниот период. Мразот во Беринговиот мореуз е на најноско ново од почетокот нам ерењата во 1850 година. ваквата состојба има особено влијание на рибите во подрачјето на Беринговиот мореуз.
Последните снимки покажуваат дека за последните неколку десетлетија од Беринговото море исчезнал мраз со површина колку американските држави Калифорнија и Монтана заедно , шро значи 800 000 квадратни километри.