Научниците загрижени- сателит во орбита стана најсветол објект на ноќното небо

Најсветлиот објект видлив на ноќното небо повеќе не е ѕвезда или планета, туку сателитот „BluWalker 3“, објавија научниците од Меѓународната астрономска унија (IAU), како што објави Space.com.

- Научниците, вклучително и астрономите од Центарот за заштита на темно и тивко небо од сателитски влијанија, објавија студија во списанието Nature во која детално го оценуваат влијанието на сателитот „BlueWalker 3“ врз астрономијата. Надоврзувајќи се на првичните проценки по лансирањето, новите резултати го зголемуваат разбирањето за тоа како овој необичен сателит ја менува светлината со текот на времето. Бидејќи компаниите планираат да испратат повеќе такви сателити во орбитата, ја нагласуваме важноста на проценките пред лансирањето. BluWalker 3 беше лансиран во ниската орбита на Земјата на 10 септември 2022 година како прототип за идно јато од повеќе од 100 слични сателити за мобилни комуникации. Веднаш по лансирањето, стана јасно дека овој сателит е меѓу најсветлите објекти на ноќното небо. Сепак, со цел подобро да се разбере неговото влијание врз астрономијата, започна кампања на набљудувања од опсерватории ширум светот, од Чиле, Мексико и Нов Зеланд до Холандија и Мароко - се вели во соопштението на IAU.

Во текот на 130 дена колку што бил забележан сателитот, забележан е драстичен скок во неговата осветленост, што е во согласност со проширувањето на антените, се додава.

- Влијанието на сателитите врз астрономијата стана сè поважно прашање во последните неколку години - рече Сангита Нандакумар, главен автор на студијата и истражувач од Институтот за астрономија на Универзитетот во Атакама, Чиле.

Еден од деловите на сателитот се одвоил од него во еден момент и достигнал привидна магнитуда од 5,5, што е четири пати посветло од препорачаната привидна магнитуда од 7.

- Овие резултати го демонстрираат трендот на лансирање на поголеми и посветли сателити, што е особено загрижувачки бидејќи има многу повеќе планови за лансирање на слични вселенски летала. Иако овие сателити можат да играат улога во подобрувањето на комуникацијата, императив е да се минимизира нивното негативно влијание врз научното набљудување на небото - вели Зигфрид Игл, коавтор на студијата и професор на Универзитетот во Илиноис во Шампејн-Урбана.

Од IAU најавија дека ќе продолжи да го следи сателитот „BlueWalker 3“.

Британците им доделија „кафеави знамиња“ на најнечистите плажи во земјата

Објавена е листа на највалкани плажи во Велика Британија, а меѓу нив се и неколку популарни крајбрежни места.

Овие плажи ја добија наградата „кафеаво знаме“, што значи дека на брегот ќе има знамиња со емотикон со фекалии за да ги предупредат туристите, пренесува британски Мирор.

Тие плажи се оценети како „лоши“ од британската агенција за животна средина поради бактериите како ешерихија коли од отпадните води и другиот отпад.

Плажата Портлуни во Корнвол е прогласена за една од највалканите во Англија, и покрај тоа што Корнвол е четвртата најчиста област во Англија за летно пливање.

Дорсет, Девон и Сафолк имаат најголем процент на плажи со одличен рејтинг кога станува збор за чистотата на водата.

Ланкашир во северозападниот дел на Англија е на дното на листата бидејќи ниту едно од 10-те места за капење не постигнале три ѕвезди за чистота.

Катастрофа во Авганистан: Во поплавите загинаа над 300 луѓе, прогласена вонредна состојба

Повеќе од 300 луѓе загинаа во поројните поплави кои зафатија неколку провинции во Авганистан, а многумина се уште се водат како исчезнати, соопшти Светската програма за храна на ОН.

Властите прогласија вонредна состојба откако обилните дождови во петокот предизвикаа поројни поплави кои зафатија села и обработливо земјиште во неколку провинции.

Во тек е операција за пребарување и спасување, а некои области се целосно отсечени, пишува Гардијан.

Северната провинција Баглан е една од најтешко погодените, со повеќе од 300 загинати и илјадници куќи уништени или оштетени, според Светската програма за храна.

Околу 20 лица загинале во северната провинција Тахар, а две во соседен Бадакшан.

Портпаролот на талибанската влада Забихула Муџахид на мрежата Х напиша дека стотици луѓе загинале во поплавите, а многу станбени згради се оштетени.

Воздухопловните сили соопштија дека евакуацијата започнала по подобрувањето на временските услови, додавајќи дека повеќе од 100 повредени лица се пренесени во болници.

Започнала и дистрибуцијата на храна и лекови за населението во подрачјата погодени од поплавите.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја изразува својата солидарност со народот на Авганистан и изразува сочувство до семејствата на жртвите, изјави неговиот портпарол Стефан Дужарик.

Тој изјави дека ОН соработуваат со локалните власти за давање помош.

Од средината на април, поплавите ги однесоа животите на околу 100 луѓе во 10 авганистански провинции.

Најмалку 11 загинати во автобуска несреќа во Индонезија- удрил во два мотори и се превртел

Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе од 10 се повредени во автобуска несреќа што се случи во провинцијата Субанг во индонезиската провинција Западна Јава.

Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе од 10 се повредени во автобуска несреќа што се случи во провинцијата Субанг во индонезиската провинција Западна Јава, изјави директорката на покраинската канцеларија за пребарување и спасување, Хери Марантика, чиј персонал учествувал во евакуацијата на жртвите.

„Според извештаите, 11 лица загинаа, а повеќе од 10 се повредени. Оние со сериозни повреди се итно пренесени на лекување во Општата болница во Субанг, додека оние со полесни повреди се испратени во околните здравствени клиники“, рече тој, пренесе Ксинхуа.

Во автобусот се превезувале над 40 луѓе, од кои повеќето биле студенти кои се враќале од рекреативно патување, соопшти Марантика.

Претставник на локалната полиција изјавил дека возачот на автобусот изгубил контрола над возилото откако откажале сопирачките.

Автобусот удрил во два мотоцикли пред да се преврти, додаде тој.

Причината за несреќата се уште е под истрага.

притисни ентер