Научник Македонец во Бостон работи на откривање на метаболизмот на бактериите и последиците врз здравјето на човекот

Педесетгодишниот Македонец Илија Дуковски е дел од тимот научници на Бостонскиот универзитет каде што периодов се работи на создавање компјутерски модели на метаболизмот и сличните процеси на бактериите што се во организмот на луѓето. 

Изминатите две години се работи на три процеси и проекти поврзани со откривање резултати од метаболизмот на бактериите.

– Првиот се однесува на цревниот микробиом, т. е. бактериите што живеат во цревата на луѓето. Бактериите во нашите црева имаат важна улога за нашето здравје. Промени во составот на микробиомот често се појавуваат истовремено со стомачни заболувања. Причините за ваквите промени сè уште не се разјаснети. Се претпоставува дека промените во метаболизмот на бактериите и нивната интеракција преку размена на метаболити играат суштинска улога за здравјето на домаќинот. Мојата работа се состои во создавање компјутерски модели на метаболизмот на овие бактерии. Целта е да се разјасни размената на метаболити помеѓу бактериите и цревата на домаќинот, објаснува Дуковски.

Тој додава дека вториот проект е симулирање раст на тумори. Во основа на овие симулации, вели, е моделирањето на метаболизмот на клетките на рак. За разлика од нормалните клетки кои респирираат кислород, т. е. дишат, клетките на ракот не дишат на истиот начин, иако кислородот им е достапен. Оваа појава, т.н. Варбургов ефект, комбинирана со модел на раст на ткивото на тумор е во фокусот на овој проект.

Третиот проект, како што рече, се однесува на физичките аспекти на раст на бактериски колонии. Проект во кој физиката на механичка интеракција помеѓу клетките ќе има главна улога.

Претходно на Универзитетот работел на процесот на откривање производство на биогориво од растителен материјал, целулоза, чиј резултат во иднина треба да биде намалување на загадувањето на животната средина на светско ниво. Се смета дека користењето биогорива како обновливи извори на енергија наместо сегашните фосилни горива ќе ги намали стакленичните гасови и токсичните материи во воздухот што ја уништуваат озонската обвивка на планетата, а со тоа ќе се намалат негативните климатски промени и последици по флората и фауната насекаде низ светот.

– Целта на истражувањето беше формирање заедница на бактерии што би произведувала биогориво од растителен материјал, целулоза. Во таквата заедница би учествувале неколку видови бактерии што меѓусебно разменуваат метаболити. Метаболитите се хемикалии што се производ на метаболизмот на еден вид, а служат како нутриент (храна) на друг вид. Конечниот производ на ваквиот синџир на размена на метаболити би бил биогориво. Заради тоа, познавањето на метаболизмот на бактериите е клучно при изборот на видовите што ќе го сочинуваат синџирот на производство на биогориво, вели Илија.

Системската биологија како област во која работи Илија заедно со колегите од Универзитетот и е насоката што треба да биде основа за создавање на новите видови горива. Претставува нова научна област, која почнува кон крајот на 90-тите години, овозможена од развојот на компјутерската техника со која се следат процесите. Илија се занимава со проучување на метаболизмот на бактериите.

– Системската билогија се занимава со оние својства на организмите што можат да се уочат само ако клетките се изучуваат во целост, како систем. Така на пример, клеточниот метаболизам со методите на системската биологија се проучува како мрежа на сите хемиски реакции присутни во клетката. Во системската билогија се користат математички и компјутерски методи, па дури и методи позајмени од теориската физика, објаснува научникот.

Дуковски е роден во Полска, како дете на сопружници, бегалци од егејскиот дел на Македонијa, односно Грција. Во 1972 година неговото семејство доаѓа да живее во Тетово, каде што Илија го поминува детството. По завршувањето гимназија во Тетово, се одлучува за физиката како насока во која ќе го продолжи образованието, и тоа на Природно-математичкиот факултет во Белград (1989-1995). Од 1996 година постојано е во Америка, каде што на Универзитетот на Масачусец во Амхерст до 2001 година ги завршува постдипломските студии и докторските студии по статистичка физика. Од 2001 започнува и постдокторски студии по полимерна наука, а воедно врши и научноистражувачка работа. Следуваат девет години работа во инудстријата на полупроводници, а потоа се занимавал со компјутерски симулации за развој на полупроводнички материјал. Од 2012 година е дел од Бостонскиот универзитет каде што го проучува метаболизмот на бактериските колонии.

– Мене од основно и средно училиште ме интересираа и физиката и биологијата, а ја имав таа среќа да ја почнам кариерата во физиката, а да продолжам кон биологијата во САД. Во Америка има одлични можности за луѓе кои ги интересира науката. Бостон е град со голем број врвни универзитети. Биолошките науки исто така се во подем во Бостон и воопшто во САД и светот. Ако во 20 век најголемите научни достигнувања беа во областа на физиката, 21 век изгледа ќе биде век на биологијата, проценува научникот.

Бостонскиот универзитет, кој е формиран во 1839 година, е еден од најпрестижните истражувачки центри во САД. На Универзитетот има повеќе од 3.900 лица наставен кадар, а речиси 10 илјади со администрацијата. Студираат околу 33.000 студенти на дипломски, постдипломски и докторски студии. Ја поседува категоризацијата Р1-докторски универзитет (многу висока истражувачка дејност) во Карнеги класификацијата на институциите на високото образование во САД и е на 32. место меѓу светските универзитети од САД. На Унивезитетот се образовале осум добитници на Нобелова награда, 23 на Пулицерова награда и уште многу други успешни луѓе од целиот свет. Во 1876 година, професорот Александар Греам Бел го измислил телефонот во лабораторија на Универзитетот. Водачот на движењето за граѓански права д-р Мартин Лутер Кинг Јуниор во 1955 година во Бостонскиот универзитет ја стекнал докторската титула./МИА.

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска се сретна и поразговара со група млади луѓе во Гостивар.

Зборувајќи за досегашната работа како претседател, Пендаровски истакна дека младите секогаш имале клучно место во неговата програма, ги вреднувал и наградувал талентираните поединци, притоа поттикнувајќи ги да продолжат да творат и да се надоградуваат како личности и како професионалци.

,,Ако сакаме младите да бидат двигатели на позитивните промени во општеството, мора да создадеме услови за нивен личен и професионален развој. Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник и дека бројот 1 им гарантира просперитетна иднина дома, во татковина која ќе се развива по европски стандарди и вредности" рече Пендаровски.

Тој денеска побара поддршка од младите гостиварчани и ги повика на 8 мај да го заокружат бројот 1, за како што истакна, заеднички да го продолжат патот по кој се движи Македонија во последните неколку години и на нивните врсници да им овозможат подобри услови за егзистенција, соопштуваат од тимот на Пендаровски.

Јутјубер уништи McLaren Sennа, вреден над милион долари (ВИДЕО)

Еден од најдобрите хипер спортски автомобили не издржа долго во рацете на популарниот Јутјубер.

Едмонд Бресегијан, познат како Монди на Јутјуб, се судрил со својот Hummer EV минатата година веднаш по излегување од салонот, откако возел десет километри.

Тоа не го спречи да добие нов автомобил. Неодамна на тој начин купи Мекларен Сена, со опции кои чинат стотици илјади долари. Вреден повеќе од милион долари, но и наменет за оние со возачки вештини и здрав разум, овој автомобил однапред беше осуден на брз крај.

McLaren Senna Crashes in LA
byu/slattdemon99 inmclaren

А тоа се случи неодамна во Лос Анџелес, кога Монди решил уште еднаш да ги покаже своите возачки способности. Секако, тој не успеа да ја контролира траекторијата на возилото и по кратко време со изгорени гуми, слета од патот и влезе во застапништвото на Lexus. И тоа беше крајот за првиот примерок на Сена кој пристигна во Америка.

Германците ги обвинија Русите за кибер напади, тврдат дека се тоа државни хакери

Рускиот вршител на должноста амбасадор во Германија денеска беше поканет на интервју во германското Министерство за надворешни работи поради наводниот руски сајбер напад .

Рускиот вршител на должноста амбасадор во Германија денеска беше поканет на интервју во германското Министерство за надворешни работи поради наводниот руски сајбер напад врз централната канцеларија на Германската социјалдемократска партија (СПД) минатата година.

Вршителот на работите одлучно ги отфрлил тие обвинувања како неосновани, се вели во соопштението за печатот од руската амбасада во Берлин, пренесува ТАСС.

„На 3 мај 2024 година, рускиот вршител на должност во Германија беше повикан во германското Министерство за надворешни работи, каде што му беше даден демарш во врска со наводно докажаниот сајбер напад на хакерската група АРТ 28 под контрола на ГРУ (воена разузнавачка агенција) на централната канцеларија на Социјалдемократската партија на Германија во 2023 година“, соопшти амбасадата.

Во соопштението се наведува дека „претставникот на амбасадата категорично ги отфрли како неосновани наводите за вмешаност на руски државни структури во споменатиот случај и општо за активностите на групата АРТ 28“.

„Го сметаме потегот на германското Министерство за надворешни работи како уште еден непријателски чекор насочен кон поттикнување на антируските чувства во Германија што може дополнително да ги оштети руско-германските односи“, соопшти амбасадата.

Според извештаите, германската страна на состанокот во Министерството за надворешни работи тврдела дека наводните „напади на руски државни хакери врз Германија во сајбер просторот се неприфатливи, за осуда и може да имаат последици“.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок претходно денеска за време на нејзината посета на Австралија изјави дека руски државни хакери ја нападнале Германија во сајбер-просторот.

СПД во јуни 2023 година објави дека сметките за е-пошта на извршниот директор на СПД претходно биле цел на сајбер напад во јануари, објави Велт.

Партијата тогаш објави дека тоа е овозможено поради безбедносен пропуст во софтверската компанија Мајкрософт, која сè уште била непозната во моментот на наводниот напад.

Портпаролката на СПД истакна дека постои можност за време на рускиот напад да имало одлив на податоци.

„Денес јасно можеме да го припишеме овој минатогодишен напад на групата АПТ28, која е контролирана од руската тајна служба ГРУ. Ова е целосно неприфатливо и нема да помине без последици“, рече Бербок.

Според германската канцеларија за заштита на уставот, групата APT28 е активна ширум светот, пред се во областа на сајбер шпионажата, најмалку од 2004 година.

Во минатото, како што наведуваат од Канцеларијата, оваа група водела дезинформации и пропагандни кампањи во сајбер просторот и е „меѓу најактивните и најопасните сајбер актери во светот“.

И германската Федерална канцеларија за заштита на уставот смета дека АПТ28 е дел од руската воена разузнавачка служба ГРУ, пишува „Велт“.

Се вели дека групата е обвинета за голем сајбер напад врз Бундестагот во 2015 година, а подоцна и во САД за напад врз Демократската партија пред претседателските избори во 2017 година.

притисни ентер