Научно докажано: Жителите на градовите со повеќе зеленило, живеат подолго

Граѓаните кои живеат во позелени населби во градовите , според научна студија имаат помала стапка на смртност.

Придобивките на дрвјата во градовите одамна се познати затоа што дрвјата го ладат и чистат воздухот и ги апсорбираат гасовите кои предизвикуваат ефект на стаклена градина што се главните виновници за глобалното затоплување. Научниците од Институтот за глобално здравје во Барселона наведуваат во наодите на студијата дека дрвјата во градовите носат уште еден голем адут - намалување на ризикот од предвремена смрт.

„Повеќе зеленило = повеќе здравје. Луѓето живеат подолго време ако се опкружени со зелени површини“, вели Марк Нувенхујсен, директор на Институтот за урбанистичко планирање, животна средина и здравје.

Студијата користела податоци од девет други студии и вклучила резултати од повеќе од осум милиони луѓе во седум земји од Канада до Кина, и е најголема досега спроведен на оваа тема, велат авторите.

Сателитските слики се користеле за мерење на количината на вегетација, која вклучува дрвја, тревници и грмушки на 500 метри од домовите на жителите.

Нивоата на вегетација се мерела со користење на системот за нормализирање на растителниот индекс (NDVI).

Луѓето вклучени во студијата биле следени неколку години и во податоците биле вклучени случаите на прерана смрт предизвикана од срцеви и респираторни заболувања.

Студијата објавена во списанието „ The Lancet Planetary Health journal “ открива дека во градовите од Барселона, Шпанија до Перт, Австралија, зголемувањето од 10 проценти на зелениот простор намалува 4 проценти предвремена смрт.

Научниците конкретно не се осврнале на специфичните причини, но Нувенхујсен посочува дека вегетацијата има корисен ефект врз менталното здравје, го намалува стресот, го намалува загадувањето и ја стимулира физичката активност.

„Треба да ги зголемиме зелените површини во многу градови (...) за луѓето навистина да живеат поздрави животи“, рече тој, додавајќи дека „прекрасен зелен град“ е оној каде што вегетацијата опфаќа 20 до 30 проценти од секоја населба.

Обединетите нации проценуваат дека две третини од светското население до 2050 ќе живее во градови , и затоа многу градови веќе бараат да го зголемат зелениот простор.

Така, Меделин во Колумбија засади илјадници дрвја за да формира „зелени коридори“ по големите автопати, додека Мелбурн во Австралија бара да ги удвои зелените куполи (кои сочинуваат крошна од дрво) за 40 проценти до 2040 година.

Регина Ветер, директор на мрежата „Градови- кули“, ги истакнува другите придобивки од зеленилото во градот. „Дрвјата, ливадите, зелените места ги подготвуваат нашите градови за ефектите од глобалните климатски промени. Тие го намалуваат ризикот од поплавување, пониски температури и го подобруваат квалитетот на воздухот“.

Рангник го одби Баерн

Селекторот на австриската репрезентација Ралф Рангник одби да ја напушти репрезентацијата за да го преземе Баерн Минхен.

- Со цело срце сум посветен да работам за австриската репрезентација. Неизмерно уживам во мојата работа и планирам да продолжам по патот што го избравме. Сакам да истакнам дека ова не е одбивање на Баерн, туку одлука во корист на мојот тим и нашите заеднички цели. Целосно сме фокусирани на Европското првенство и ќе дадеме максимум за да одиме што подалеку, изјави Рангник, за официјалниот сајт на Фудбалскиот сојуз на Австрија.

Претходно беше објавено дека Рангник би можел да стане нов тренер на Баварците. /МИА

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Се враќаат старите цени на осигурувањето при регистрација на возилата. 

Ваква одлука беше донесена откако денеска Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ја разгледа анализата на Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Предлог-одлуката е доставена на усвојување до Владата на Македонија

Освен тоа, Комисијата утврдила и потреба од измени на Тарифата за премии за осигурување и подготвила Предлог-измени во насока на заштита на корисниците.

-Предложените измени се насока на утврдување на опсег од 15% до 30% во кој друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност, а за секој износ на овие трошоци над 30% да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување. Комисијата е задолжена најдоцна до 30 септември секоја година до Владата да доставува предлог за минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување за следната година. – Министерство за финансии

Од Финансии додаваат дека одлуката е резултат на недостатокот на финансиски анализи од осигурителните компании, кои како единствен аргумент на кој се повикале биле растечките трошоци од работење.

Според анализата на Агенцијата за супервизија, пак, 10 осигурителни компании оствариле добивки за 2023 година, а само една завршила со загуба од работењето.

Поскапувањето на полисата за осигурување стапи на сила од минатата недела и граѓаните плаќаа од 840 па до речиси 1600 денари поскапа цена, во зависност од моќноста на возилото. Дали на тие што веќе платиле по новите цени,сега ќе им бидат вратени парите, во соопштението на финансии одговор нема.

Швајцарија објави дека во оваа фаза Русија не е поканета на мировните преговори за Украина

Швајцарската влада денеска соопшти дека „во оваа фаза“ Русија не е поканета да учествува во разговорите за постигнување мировен договор меѓу Москва и Украина, што ќе се одржат во Швајцарија во средината на јуни.

-Швајцарија е убедена дека Русија треба да биде вклучена во овој процес, се вели во соопштението на владата во Берн.

Се додава дека мировниот процес без Русија е невозможен. /МИА

притисни ентер