НБ: Финансискиот систем успешно одговори на првичниот удар од ковид-кризата

Одржана седница на Комитетот за финансиска стабилност.

Финансискиот систем успешно одговори на првичниот удар од ковид-кризата и е подготвен да се справи и со натамошни предизвици. Финансиските регулатори внимателно ги следат состојбите и одвивањето на ковид-кризата, со подготвеност да ги приспособуваат своите политики, гарантирајќи за финансиската стабилност.

Ова е еден од заклучоците од вчерашната седница на Комитетот за финансиска стабилност, на којашто беа презентирани оцените и видувањата за секој од сегментите на финансискиот систем. Со седницата претседаваше гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, а учествуваа и министерот за финансии, Фатмир Бесими, претседателката на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Максуд Али и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Крсте Шајноски.

Осврнувајќи се на движењата во банкарскиот систем, гувернерката Ангеловска-Бежоска нагласи дека според најновите показатели, на крајот на третиот квартал, остварувањата на системот се подобри отколку пред почетокот на ковид-кризата.

„Капацитетот на системот за справување со шокови е и зголемен, со значителни капитални и ликвидносни заштитни слоеви, а истовремено значајно е и што се солидни показателите за ефикасност. Истовремено, на крајот на септември, нивото на нефункционалните кредити е на историски најниско ниво од 3,4%." – истакна Ангеловска-Бежоска.

На седницата беше посочено дека имајќи ги предвид карактеристиките на ковид-кризата низ којашто минува економијата, важно е и што нема позначителни промени во стапката на евроизираност на банкарскиот систем – таа е на речиси истото ниво како пред една година, со учество на девизните во вкупните депозити од околу 42%, што е показател за согледувањата на економските агенти.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, посочи дека Министерството за финансии со внимание го следи сегментот на финансиски друштва и компании за лизинг за кои е надлежно како регулатор, иако со нивното учество од под 2% во вкупната актива на финансискиот систем не претставуваат закана за неговата стабилност. Тој посочи дека и покрај ковид-кризата, овој сегмент од финансискиот систем остварува позитивни финансиски резултати.

Бесими посочи дека одржување на стабилноста на финансискиот сектор во време на ковид-кризата е од особено значење, вклучително и за реалниот сектор, бидејќи финансиите се крвотокот на економијата, односно двигател на економските активности.

Согласно со очекувањата на Министерството за финансии, а врз основа на движењата на пазарот, во претстојниот период ќе се засили активноста на финансиските друштва.

Претседателката на КХВ, Нора Алити, осврнувајќи се на активностите коишто КХВ редовно ги презема, посочи дека основите врз кои се потпира пазарот на хартии од вредност се оценуваат како здрави, но променливиот и непредвидлив амбиент налага натамошно внимателно следење на трендовите и на потенцијалните ризици во контекст на одржувањето на стабилноста и сигурноста на пазарот на капитал и во наредниот период.

„На деветмесечна основа, вкупниот износ на прометот на домашниот пазар е поголем за 24% во споредба со истиот период минатата година. Индексот МБИ10, по изразените ценовни флуктуации и пад на вредноста во првиот квартал, во понатамошниот дел од годината забележа мала осцилаторност и на годишна основа забележа благ пад од 3,52%, односно најмал пад во споредба со главните регионални берзански индекси." – нагласи Алити.

Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али, истакна дека капитално финансираното пензиско осигурување и натаму делува стабилно и транспарентно со идентификувани ризици коишто се анализираат и се контролираат на редовна основа и во рамките на регулативата, со посебно внимание на инвестирањето на средствата на пензиските фондови.

„Сепак, неизвесноста во четвртиот квартал од оваа година и натаму е на прилично високо ниво. Вториот бран на вирусот може да предизвика нови флуктуации на финансиските пазари, а со тоа и влијание врз вредноста на средствата на пензиските фондови. Развојот на технологијата, пак, бара брзо приспособување на регулативата на потребите на членовите на пензиските фондови, како и на супервизијата на пензиските друштва, за минимизирање на ризикот од ширење на вирусот и заштита на јавното здравје, при што треба да се обезбеди и деловна непрекинатост и непречено функционирање во пензиското осигурување." – истакна Али.

Претседателот на Советот на експерти на АСО, Крсте Шајноски, нагласи дека во првото полугодие од годината е подобрена финансиската состојба на друштвата за осигурување.

„Конзервативните политики и регулативата за вреднување на техничките резерви и вложувањата на средствата коишто ги покриваат техничките резерви, како и високиот квалитет на инструментите коишто се вклучени во пресметката на капиталот на друштвата за осигурување се добра основа и гаранција за зачувување на солвентноста во работењето на друштвата." – напомена Шајноски.

На седницата, меѓу другото беше посочено дека во изминатиот период има појава на дезинформации и тврдења за одделни финансиски институции, коишто не се засноваат на факти. Имајќи ги предвид можните последици од ваквите појави врз финансискиот систем, беше посочено на потребата од заеднички залагања на финансиските регулатори за да не се дозволи ваквата појава да создава ризици, што би било и дополнителен влог во натамошното јакнење на финансиската стабилност. Притоа беше истакнато и дека е важно економските агенти да ги следат референтните и официјалните извори на информации за финансиските институции и за сите сегменти на финансискиот систем.

Во завршницата на седницата на Комитетот беше истакната решеноста на финансиските регулатори за натамошно координирано следење на состојбите во сите сегменти на финансискиот систем.

Комитет за финансиска стабилност

Грција во шок: Кум со години силувал момче, ги злоставувал и неговите две сестри

На 50-годишниот кум, кој е обвинет за сексуално вознемирување и силување на момче (18), од деветгодишна возраст, со согласност на истражителот и обвинителот на Ираклион, Крит, одредена му е мерка притвор.

Осомничениот маж признал дел од своите дејствија и сега се очекува да биде префрлен во затвор во Триполи.

Тој признал дека се случиле два од 10-те инциденти за кои неговото кумче, сега полнолетен, кажал дека се случиле.

Како што пренесува neakriti.gr, 50-годишникот тврдел дека тоа го предизвикал младиот човек и изјавил дека е „уништен и болен“.

Мажот е обвинет и за злоставување на уште две девојчиња, меѓу кои и сестрата на момчето што наводно ја силувал.

Информациите укажуваат дека има и порнографски материјал кој го покажува неговиот грозоморен чин. Поточно, видеото наводно го снимил 50-годишниот маж, за да докаже дека детето, кое тогаш имало 15 години, го провоцирало. Како што рече, на видеото се чини дека сексуалната иницијатива дошла од младиот човек. Тој исто така тврдел дека инцидентот се случил во неговата канцеларија и дека го снимал во случај во одреден момент да биде кривично гонет.

Во исто време, тој останал на ставот дека никогаш не ги малтретирал девојките.

Тој е уапсен вечерта на Велика среда, додека против него е поведена постапка за злоупотреба на малолетник кој не наполнил 14 години и на малолетник над 14 години.

Тој е обвинет и за детска порнографија во форма на производство и поседување видеа во кои има малолетник кој не наполнил 15 години.

Случајот бил откриен на Божиќ, кога кумот дошол да го посети семејството, но момчето одбило да седне на иста маса со него.

Кога родителите побарале од детето да го објасни своето однесување, тоа се скршило и открило што се случило и дека било жртва на малтретирање од страна на кумот.

Истовремено, има информации и за сестрата на младиот човек, која моментално има 24 години, како и за малолетната сестра, која моментално има 17 години. Според нивните пријави, делата ги извршил кога девојчињата имале 6 и 5 години.

Според податоците на полицијата, несоодветните дејствија првично се одвивале од 2006 до 2019 година.

Ибрахимовиќ искрено: Сега живеам поинаку, ми беше тешко поради моето его

Поминаа осум месеци откако Златан Ибрахимовиќ ги закачи копачките, а во неодамнешна изјава Златан се потсети колку му било тешко.

Како што вели, егото му правело проблем...

- Добро сум, имам добар живот. Престанав да играм пред осум месеци, сега имам поинаков живот. Прифатив да престанам што беше тешко поради моето его, начинот на кој размислувам за себе. Мислам дека сум најдобар, сепак најдобар, можев да продолжам, но избрав да престанам. Зошто? Затоа што сакам добар живот за моето семејство. Да имам време за моите синови, последица е што немаше да можам да го направам тоа бидејќи имав проблеми со колената. Така ја прифатив пензијата, стигнав дури до моментот кога си реков, океј, остави сѐ и почни ново поглавје во животот – започна Ибрахимовиќ.

Сепак, веднаш по завршувањето на кариерата доби нова функција ...

- Неколку месеци подоцна го запознав Гери Кардинале, кој го контролира фондот „Црвена птица“ што го купи Милан. Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Почнав да работам во Милано, таму сум три-четири месеци, добро се однесуваат со мене, морам да го кажам тоа.

Тој го допре и својот поранешен агент Мино Раиола, кој почина.

- Кога почина Мино, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев, се уште не престанувам бидејќи секогаш се сеќавам на некои работи. Многу ми недостига. Сите што ме познаваат знаат колку ми беше близок. Што би му рекол ако можам да му напишам порака токму сега? Ми недостигаш – подвлече Ибрахимовиќ.

„Одред за уживање“ на Ким Џонг ун - секоја година избира по 25 девици и ги дели на три групи

Девојка која успеала да побегне од Северна Кореја, на својот канал на Јутјуб открива дека диктаторот Ким Џонг-ун секоја година избира 25 девици за својот „Одред за задоволство“.

Девојките се избираат поради нивната физичка привлечност, тврди 30-годишната Јутјуберка Јеонми Парк, но и поради нивната политичка лојалност, пренесува Дејли Стар.

Парк вели дека „агентите“ на Ким ја забележале во два наврати затоа што била лојален следбеник на партијата, но никогаш не ја избрале поради нејзиниот „семеен статус“.

- Провалуваат во сите училници, дури и ги обиколуваат училишните дворови за да не пропуштат некоја згодна девојка - рече таа.

- Кога ќе најдат убави девојки, го проверуваат нивниот семеен и политички статус. Така, тие елиминираат девојки чии членови на семејството се дезертери или имаат роднини во Јужна Кореја или други земји.

- Следен чекор е лекарски преглед, утврдуваат дали девојките се девици. Кандидатките кои ќе го положат тестот се подложени на подетални лекарски прегледи, каде што и најмалата мана - како мала рана каде било на телото - е доволна причина за дисквалификација.

Ригорозната анализа остава „само неколку девојки од цела Северна Кореја“, кои потоа се испраќаат во Пјонгјанг. Откако ќе бидат избрани, Парк вели, „нивната единствена цел во животот е да му угодат на диктаторот“.

Ким Џонг-II го смислил „Одредот за задоволство“ уште во 1970-тите, објаснува Парк.

- Мислеше „ако изберам неколку убави девојки и ги одведам кај татко ми Ким II-сунг, ќе биде многу задоволна“, рече таа.

- Потоа избрал убави жени и ги сместил во одморалиште каде што ги посетува Ким II-Сунг. Неговиот татко бил толку трогнат што неговиот син помислил на неговото задоволство, а тоа е една од причините зошто го избрал за свој наследник.

Десет години подоцна, Ким Џонг-II создал друг тим за свои потреби. Парк вели дека одредите и групите се менувале со текот на годините бидејќи диктаторите имале различни вкусови.

- Ким II-Сунг имаше традиционален вкус за жени, бидејќи беше постар, па неговата група беше наречена Електронски Почонбо Ансамбл. Ким Џонг-II го нарече својот бенд за лесна музика „Wangjaesan“. Ким Џонг-II претпочиташе жени повисоки од 160 см - рече таа.

Ким Џонг-ун има тенденција да избира „витки“ жени и фаворизира жени со „западен изглед“. „Се шпекулира дека неговата сопруга била член на Одредот за задоволство“, додаде Парк.

Во рамките на „ Одредот за задоволство “ има три различни дивизии. Првите се обучени за масажа, вториот оддел е специјализиран за пеење и танцување за забава на лидерот и неговиот внатрешен круг. Оваа група понекогаш настапува јавно како бенд Моранбонг.

Третата група е „одредот за сексуална активност“, рече Парк.

- Тие мора да бидат сексуално интимни со диктаторот и другите мажи. Мора да научат како да ги задоволат овие мажи - тоа е нивната единствена цел.

Најубавите девојки се резервирани само за Ким, додека останатите членови на одредот треба да ги задоволуваат генералите и другите моќни луѓе.

Условите за живот во Северна Кореја се толку сурови што родителите често се среќни што нивните ќерки ги избираат за „Одредот за задоволство“, бидејќи тоа значи дека барем девојчињата нема да гладуваат.

Откако ќе стигнат до средината на 20-тите години, нивното време истекува. Тие често се во брак со телохранителите на Ким. Парк вели дека е привилегија за членовите на Одредот да изберат со кој член на безбедносните служби сакаат да се омажат. Парк, чии приказни за животот во Северна Кореја се опишани како претерани од некои критичари, вели дека династијата Ким се „педофили кои очекуваат да бидат обожувани како богови“.

притисни ентер