НБА кошаркар се расплака на суд откако доби затворска казна за поседување пиштол

Поранешниот американски кошаркар Себастијан Телфер (34) вчера е осиден на затворска казна од три и пол години , зашто во својот камионет носел наполнет пиштол.

НБА кошаркарот Себастијан Телфер , кого екипата на Портланд Треил Блејзерс во 2004 го продаде од колеџ директно во врвната лига , вчера беше осуден на три и пол години затвор.

„Во неговиот случај, законот пропишува задолжителна затворска казна, сметајќи дека е одговорен за незаконско однесување“, рече окружниот обвинител на Бруклин Ерик Гонзалез.

Адвокатот на Телфаир не ја коментираше казната што ја доби неговиот клиент.

На 11 јуни 2017 година, полицајците во необележан полициски автомобил забележале пикап „форд Ф-150“ во Бруклин, паркиран во област што дели два автопати со различна насока. Зад воланот на пикапот, бил 34-годишен Телфаир. Камионот потоа направи кружен тек без предните фарови, кој беше запрен од полицијата. Полицајците тогаш забележале цигара од марихуана на таблата. Полицајците извршиле претрес во автомобилот на Телфаир и нашле наполнет пиштол.

Телфајер играл за Портланд Треј Блејзерс, Бостон Селтикс, Минесота Тимбервулвс, Феникс Санс, Лос Анџелес Клиперс, Оклахома Сити Тандер, Торонто Рапторс и Кливленд Кавалиерс во текот на неговата 12-годишна кариера во НБА. Телфаир одигра вкупно 564 натпревари во текот на тие 12 години, во просек давајќи по 7,4 поени и 3,5 асистенции. Телфаир одигра три сезони во кинеската професионална кошаркарска лига по завршувањето на неговата НБА кариера.

„Вашингтон пост“ пишува дека кошаркарот за време на рочиштето во понеделникот бил видно вознемирен „Имам 34 години. Можам да играм во Кина најмалку уште шест години и да се грижам за моето семејство“, рекол расплаканиот Телфаир.

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

Ханија: Хамас го проучува примирјето „во позитивен дух“

Хамас во „позитивен дух“ го проучува предлогот за примирје, до кој се дојде со посредство на Египет, изјави денеска лидерот на палестинското движење, Исмаил Ханија.

Ханија во телефонски разговор со шефот на египетското разузнавање Абас Камел кажа дека преговарачите на Хамас ќе се вратат „што е можно поскоро“ во Египет за да ги завршат актуелните разговори за прекин на огнот.

Во моментов се чека одговорот на ова палестинско движење на предлогот за прекин на огнот, што предвидува примирје во израелските воени операции, проследено со размена на заложниците киднапирани за време на нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври, за палестинските затвореници кои ги држеше Израел.

Израелската влада, од своја страна, денеска го обвини Хамас дека го попречува договорот со тоа што одбива да направи отстапки.

-Единственото нешто што го спречува договорот е Хамас. Хамас само ги заострува своите услови и се крие зад неразумните барања, изјави портпаролката на израелската Влада, Ракела Карамсон.

Таа повтори дека Израел продолжува да се подготвува за голема офанзива на Рафа, град што се наоѓа на крајниот југ од Појасот Газа, и покрај противењето на меѓународната заедница. /МИА

Мицкоски од Тетово: Решението против сите сценарија кои ги прават од СДСМ и ДУИ е излезноста

 Во рамките на проектот за 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините дел ќе се инвестира и во општините во западна Македонија.

„Живееме под едно небо, делиме исти проблеми, исти предизвици. Маката ни е иста, и копнееме по заеднички работи. Денес Македонија е држава каде управуваат стотина души кои ги запоседнале институциите и грубо ги злоупотребуваат. Секој тендер поминува низ нивни раце, за секој бизнис процентот на добивка го определуваат истите луѓе. Тој артаноиден систем стана синоним за корупција и неказнет криминал. Систем на искривени вредности и непринципиелност која државата ја носи во пропаст“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Тетово.

Мицкоски додаде дека доаѓа ново време, се врти нов лист, нов почеток.

„Овде од Тетово објавувам дека веднаш по победата и формирањето на влада значаен процент од буџетот ќе оди за развој и решавање на децениските инфраструктурни проекти на Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Дебар и повеќе други општини од западна Македонија“, вети Мицкоски.

„Се обврзувам дека во рамките на проектот за 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините дел ќе се инвестира и на овие места овде. Подеднакво ќе градиме и работиме за развој на штипско Ново село, но и за тетовско Теарце, за струмички Куклиш, но и за тетовско Одри“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека на народот му е доста од удирање на гради зборење за права, а во реалноста сето тоа да се сведе на крадење и тендери. Реално и со дела да се менува животот на луѓето и тоа идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи.

„За да се случи ова што ви го зборувам, на 8-ми мај мора да се заврши започнатата работа. Цунамито е кренато. Тоа цунами треба да удри на денот на изборите и да ја оддува забрефтаната од криминал власт. Решението против сите сценарија кои ги прават од СДСМ и ДУИ е излезноста“, порача Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните на осми мај да излезат и да гласаат, време е да започнат промените во Македонија.

притисни ентер