Не е важно што, туку и кога јадеме

Стручните лица предупредуваат дека времето на консумирање на храната може да влијае на појавата на опасни болести.

Новото истражување кое опфати над 100.000 лица покажа дека времето кога појадувате може да укажува на ризикот од дијабетес. Шпанските научници открија дека појадувањето по 9 часот го зголемува ризикот за развој на дијабетес тип 2 за 59 % во споредба со оние кои појадуваат пред 20 часот. Прескокнувањето на појадокот исто така не е добро, бидејќи оние што го прават тоа се соочуваат со поголем ризик за развој на оваа состојба.

Истражувањето спроведено од Институтот за глобално здравје во Барселона, исто така покажа дека вечерањето доцна, после 10 часот навечер, е поврзано со зголемен ризик од оваа болест. Луѓето кои јаделе помалку, но почесто, имале помали шанси да го развијат овој проблем од оние што јаделе повеќе, но поретко.

- Нашите резултати сугерираат дека првиот оброк пред 8 часот наутро и последниот оброк пред 7 часот навечер може да помогне да се намали можноста за развој на дијабетес тип 2, бидејќи вашето тело мора да биде усогласено со вашиот биоритам - изјавил доктор Манолис Когевинас.

Биолошкиот часовник на вашето тело реагира на светлина, како сигнал за будност во текот на денот, и на темнина, како сигнал за спиење. Вашата шема на исхрана треба да го следи овој ритам. Претходните истражувања сугерираа дека доколку консумирате храна надвор од вашиот биолошки ритам, тоа може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања, дијабетес и гојазност.

Дијабетесот е сериозна состојба во која нивото на шеќер во крвта е превисоко. Може да се појави кога вашето тело не произведува доволно инсулин или кога произведениот инсулин не е ефикасен. Инсулинот е хормон кој делува како клуч што ги отклучува вашите клетки за да го овозможи влегувањето на гликозата - без инсулин, гликозата се акумулира во крвотокот.

Постојат два главни типа на дијабетес, тип 1 и тип 2:

Ако имате тип 1, вашето тело воопшто не може да произведува инсулин, додека кај тип 2 вашиот организам не може да произведе доволно инсулин или пак, тој не делува ефикасно, а тоа е поврзано со факторите на животниот стил. Оваа состојба обично ги погодува постарите луѓе, но лекарите предупредија дека во денешно време оваа болест ги погодува и помладите од 40 години. Вообичаени знаци дека можеби имате дијабетес:

- често одите во тоалет, особено навечер

- често чувствувате жед

- се чувствувате поуморно од вообичаено

- слабеете без напор

- чешање на гениталиите или кандида

- исекотините и раните зараснуваат подолго време

- заматен вид

Овие симптоми се вообичаени и кај децата и кај возрасните, но возрасните кои боледуваат од дијабетес тип 1 потешко ги препознаваат нивните симптоми, пишува Сан.

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Не се откажуваат, МЗ турка реновирање на операциски сали

Не се откажуваат до последно, повторен обид на министерството за здравство да протурка реновирање на операциски сали и фаворизира одредени фирми

Министерството за здравство повторно ја објавува постапката за јавна набавка на проектирање и изведба на реконструкција и реновирање на операциски сали, нивни пред простории и ходници со машински соби во УКЦ Мајка Тереза - хируршки клиники по принципот „клуч на рака“.

Истата пред само месец и половина Државната комисија за жалби по јавни набавки ја поништи од причина што Министерството за здравство изготвило тендерската документација која не е во согласност со Законот за јавни набавки и истата доведува до дискриминација на економските оператори и ограничување на пазарната конкуренција.

Повторената постапка објавена е на ден 24.04.2024 година, неработен ден прогласен со одлука на Влада поради одржување на прв круг претседателски избори.

Во тендерската документација за економска способност на економските оператори се бара минимум 550.000.000 денари со ДДВ вкупен приход во последните три години за секоја година поединечно.

Ова е целосно неосновано.

Прво, затоа што во финансиските извештаи приходот се искажува без ДДВ (ДДВ-то е обврска на друштвото да го плати спрема државата).

Второ, зошто не е објавена проценетата вредност на набавката за да може да се утврди дали овој услов е согласно Законот за јавни набавки? (Според Законот за јавни набавки - Договорниот орган не смее да бара минималниот годишен приход да изнесува двојно повеќе од проценетата вредност на набавката), објави на фб Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Дафина Стојаноска: Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи

Дафина Стојаноска синоќа на митинзите во Гостивар и Тетово порача:

Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи. Криминалот е тој кој треба да биде замолчен. Доста е!

На 8-ми мај народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа. На 8 мај нема уценети и поткупени. Никој повеќе не им се плаши, ниту ги сака нивните гнасни пари. Сите до денар ќе му го вратат на народот, како што ќе му ја вратат и државата. Доста долго остана во нивно заложништво. Нема повеќе сила, ниту пара која ќе го сокрие криминалот на ДУИ и СДСМ. Време е за слобода и правда. Време е за нов Претседател на Република Македонија и за нова Влада.

Гласајте за професори а не за криминалци, се наведува во партиското соопштение.

Крвава прослава во Киргистан: Камион влета меѓу ученици и „збриша“ десетици (ВИДЕО)

Страшната несреќа, во која тешко се повредени 29 ученици на возраст од 9 до 16 години, се случи за време на настан во Киргистан кога камион се спушти по удолница и ги прегази гледачите на манифестацијата за читање на National Manas Epic.

Како што се сомневаат, рачната сопирачка на камионот наводно не била правилно затегната, што по извесно време попуштила и возилото тргнало надолу, пренесе Радио Слободна Европа.

Осум деца се хоспитализирани на одделот за интензивна нега и уште 11 во болница, а немилиот настан е снимен со дрон.

На снимката се гледа како камионот почнува да се движи по удолницата, а гледачите на настанот не забележале ништо бидејќи во тоа време со грб биле свртени кон него.

Според информациите, возачот и лицата кои биле задолжени за обезбедување на настанот го „бркале“ камионот, кој што продолжил неконтролирано да се движи неколку метри.

притисни ентер