Не постои поскапо комбе од ,,Спринтерот” на Брабус (ВИДЕО)

Преработката на Brabus Sprinter е буквално мобилна канцеларија, но ако барате нешто повеќе, има и екстравагантно решение.

Љубителите на комбиња знаат дека луксузот од прва класа го нуди Ханеркоф, бодибилдер, подготвен да создаде атмосфера на луксузна вила во форма на мобилен дом. Ако се сеќавате на оние редизајнирани автобуси кои по преработката им конкурираат на луксузните јахти, ќе знаете за кого зборуваме. И да, улогата на by-boat ја одигра автомобил со големина на Мини.

Но, да се вратиме во комбето, она од Мерцедес. Станува збор за Спринтер кој е темелно редизајниран за да ги спои Landaulet на Maybach G650 со повеќе простор. Конкретно, ова значи отстранување на покривот и отворен поглед кон небото, но и обезбедување на одлично маневрирање на отоврено. Да, возилото е кренато, исто така доби погон 4х4, а гумите се со дијаметар од 37 инчи. Има и ТВ и веројатно нуди мобилна кујна.

Единствената работа во која Спринтер остави мал дефицит е погонот. Наместо некаков расен V12 или барем V8 мотор, дизел моторот овде е сеуште во фокусот ,со сила од околу 130 КС. Но, тоа не го спречува да се понуди по рекордна цена од 267.000 евра.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

Фото: Русокоса убавица како од мајка родена „јава“ стар милијардер

Фотографија предизвика хаос на социјалните мрежи. На фотката контроверзниот милијардер Ричард Бренсон е во друштво на гола млада и убава девојка.

Ричард Бренсон, чие богатство се проценува на повеќе од пет милијарди долари, заедно со неговата поубава и помлада половина на фотографијата скија на вода и ужива во убавиот ден, неговите пари и убавото друштво.

„Постар милијардер и млада, убава и жешка девојка - какво клише“, гласи еден од 1.200 коментари под новата фотографија на познатиот 74-годишен британски богаташ Ричард Бренсон, на која многу помлада жена – гола, како од мајка родена - го јава како вистинска џокејка.

„Ова е доказ дека среќата може да се купи со пари“, напиша еден корисник на Твитер кој ја „лансираше“ сомнителната фотографија во виралната орбита на социјалните мрежи, која предизвика хаос меѓу луѓето.

притисни ентер