Неделен хороскоп од 22.7 до 28.7. 2019 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник ,  22. јули до 28 . јули 2019 година. 

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Без оглед што љубовното расположение понекогаш ќе опадне, во срцето ќе си најдете трошка задоволство. Можеби ќе нема толку атрактивни можности, но она што до сега сте го изградиле е гаранција дека ќе ве очекуваат мирни денови.

Кариера

Во соработката со помладите колеги или со нови соработници ќе покажете повеќе емоции отколку што е потребно. Внимавајте да ен изгледате непрофесионални. Со подобра подготовка ќе дојдете до поголема смиреност и успех.

Здравје и совет

Нема потреба за брзање.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Веројатно ќе дадете се од себе да ја освоите личноста која ви е мила , а ќе забележите и дека други постојано ве меркаат. Оние во врска ќе се обидат да го освежат односот, додека самците ќе излегуваат и ќе заведуваат. Со многу добри резултати.

Кариера

Цела недела ќе бидете насочени на решавање на едно многу важно прашање на тема комуникации.Ќе се отвори можност за вложувања , распоредување на средства или кофинансирање. Но , овој пшат од тоа ќе зависат многу работи. Покажете што знаете.

Здравје и совет

Каде и да одите , ќе го ширите гласот на разумот.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашите лични односи оваа недела ќе се развиваат полесно и појасно. Ќе бидете повеќе опуштени и среќни поради тоа. Се што ве измачуваше , некако ќе се намали , па ќе ви се причинува дека ништо негативно не се случувало. Многу двојки ќе си го подобрат својот однос.

Кариера

Со мали чекори може да се помине исто растојание како и со големи. Тоа што во моментов нема возбуда, не значи дека работата не се одвива добро. Малата монотонија може дас е надмине со оригинални решенија и хумор.

Здравје и совет

Мал пад на имунитетот, опуштете се .

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Не е лошо да се зборува , но немојте премногу , зашто на целата ситуација ќе и одземете од спонтаноста. Пуштете дас е развива вашата љубовна приказна , природно и без анализи. За нив ќе има време подоцна. Едноставно уживајте.

Кариера

Оваа недела за некои од вас би можела да донесе нешто ново во работата и кариерата. Нема да биде ниту лесно , ниту мазно. Цела недела ќе очекувате состојбата да се разјасни , а кон крајот на неделата ќе изгледа уште посложена. Сепак , брзо ќе увидите каде е причината.

Здравје и совет

Соработувајте со другите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Оние кои имаат семејства , деновиве ќе минуваат доста време со него. Оние во нови врски ќе минуваат низ мали кризи во кои ќе треба да покажат повеќе разбирање и толеранција кон другата страна. Со малку такт ќе ги надминете искушенијата.

Кариера

Целокупната состојба на работното место би можела да ви ги направи напорни овие денови. Цело време ќе имате чувство дека ја губите поткрепата или дека многу работи зависат од шефовите , а ништо од вас . Тоа е само привремено. Бидете отворени и соработувајте.

Здравје и совет

Сетете се на своите достигнувања.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ако излезете меѓу луѓе , ќе наидете на бројни можности за површни познанства без особени емоции. Добро е за забава. Затоа намалете ги љубовните очекувања. Не е лошо , но паметите и подобри времиња. Оние во врска ќе бидат добро.

Кариера

Се наоѓате во период во кој некои работи треба дефинитивно да ги доведете до крај. Токму оваа недела е карактеристична по тоа. Ќе завршите некои приказни и ќе свртите нов лист. Кај некои тоа би можело да биде малку порадикално. Не се брзајте , туку првин направете проценка.

Здравје и совет

Внимавајте на исхраната.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Деновите пред вас ќе ги запаметите по засилениот копнеж и чувството на осаменост. Оние во врска ќе минуваат бниз искушение на тема доминација во односите.самците понекогаш ќе се избрзаат во додворувањата , зашто со нетрпение очекуваат да успеат. Полека.

Кариера

Ќе ви предлагаат многу работи , но вие самите нема да имете влијание. Ќе се чувствувате како набљудувач на кого нешто му се нуди без вистински предизвик. Соработувајте и внимателно слушајте. Читајте меѓу редови. Она што сега не се прави , ќе се прави подоцна.

Здравје и совет

Секој ден најдете нешто што ќе ве израдува.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашиот друштвен и љубовен живот ќе стане малку поквалитетен , а тоа ќе ви биде мило. Веќе се заситивте од вашите мечтаења , па подобрата поврзаност со партнерот навистина ќе ве освежи. Слично ќе чувствува и вашата најсакана личност , па среќата нема да изостане.

Кариера

Истражувачите ќе добијат нов поттик. Ќе работат уште повредно. И уметниците ќе истражуваат нови начини на изразување. Сите останати на работното место ќе покажуваат поголема креативност , а нивната интуиција ќе им биде најдобар водич.

Здравје и совет

Се буди вашиот интерес за алтернативни методи.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Многумина овие денови ќе откријат кој е нивниот вистински идеал и ќе тргнат во потрага по тој критериум. Понекогаш ќе бидат блиску , а понекогаш ќе го заборават. Во секој случај , нема да застанат додека не дојдат до обна што го замислиле.

Кариера

Држете се до она што ви е замислена цел и спроведете го тоа на дело , без компромиси. Вашите идеи се одлични и ќе донесат резултати. Ќе бидете подготвени и на одредени промени за да постигнете подобри деловни резултати. Ќе се изборите за нив без одлагање.

Здравје и совет

Веројатно ќе споите забава со патување.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Можно е дека сте очекувале нешто подобро во споредба со она што ви се случува , но ако прифатите дека тоа е добра можност за созревање и развој , повторно ќе бидете во добивка. Од вашиот пристап ќе зависи како ќе се чувствувате во некој личен однос.

Кариера

Ќе бидете борбени и полни со енергија. Ќе станете пример за некои. Тоа е последица на фактот што сега точно знаете што сакате , па нема непотребно губење време на непотребни проценки. Сепак , понекогаш поработете и заедно со другите.

Здравје и совет

Во тимската работа треба да учествуваат најмалку двајца.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно сте очекувале нешто поинакво од она како живеете и што сега чувствувате , но тоа е само привремена и преодна збунетост со која треба да се соочите на паметен начин.Сеуште имате доволно енергија и заслуги за да ги доведете работите во ред. Ќе успеете.

Кариера

Занесеноста и вештината на однесување со другите ќе биде вашата главна особина што ќе ја покажњете на работното место. Во зависност од видот на работата , или ќе ве бараат или ќе ве сметаат за несериозни. Главно , држете се до својата професионалност и барањата од вас.

Здравје и совет

Некои сепак несвесно ќе ги живеат своите сништа.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Првата половина на неделата ќе ви донесе мирно уживање во заедничката врска или дискретна портрага по сродна душа. Њубовта ќе стане страстна во вториот дел од неделата.Ќе има убави средби , но и нетрпеливост. Не се заморувајте со премногу прашања.

Кариера

Иако вашите надредени ќе покажуваат одредена наклонетост кон вас , тешко ќе наоѓате заеднички јазик.Проблемот е во тоа што и двете страни сакаат да доминираат , а во хиерархиските поставености на работите тоа не поминува.Прифатете го вашето место и така однесувајте се .

Здравје и совет

Вежбајте јога за да се смирите.

ЕУ најави мерки за спречување на злонамерното однесување на Русија во кибер просторот

Европската Унија и нејзините земји членки заедно со меѓународните партнери силно ја осудуваат злонамерната кибер кампања спроведена од т.н. Актер за напредна постојана закана 28 (АПТ28).

Европската Унија и нејзините земји членки заедно со меѓународните партнери силно ја осудуваат злонамерната кибер кампања спроведена од т.н. Актер за напредна постојана закана 28 (АПТ28), кој е контролиран од Русија, против Германија и Чешка, се наведува во изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

Во изјавата се посочува дека Германија денеска сподели оценка за упад на AПT28 на различни и-мејли на раководството на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД), а Чешка во исто време објави дека и нејзини институции биле цел на оваа кибер кампања. Борел потсетува дека претходно беа мета на истиот чинител беа и државни институции, агенции и ентитети во други земјите членки на ЕУ, меѓу кои и во Литванија, Полска, Словачка и Шведска, како и дека во 2020 година Унијата воведе санкции за поединци и субјекти одговорни за нападите на АПТ28 насочени кон германскиот Федерален парламент во 2015 година.

- Злонамерната кибер кампања го покажува континуираниот модел на неодговорно однесување на Русија во кибер просторот, таргетирајќи ги демократските институции, владините ентитети и провајдерите на критична инфраструктура низ Европската Унија и пошироко. Овој тип на однесување е во спротивност со нормите на ОН за одговорно државно однесување во кибер просторот, како што е нарушување на користењето и работењето на критичната инфраструктура. Занемарувајќи ја меѓународната безбедност и стабилност, Русија постојано го користеше APT28 за да спроведе злонамерни кибер активности против ЕУ, нејзините земји членки и меѓународните партнери, особено Украина, се додава во изјавата на Борел дадена во име на Европската Унија.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Борел нагласува дека ЕУ нема да толерира такво злонамерно однесување, особено активности кои имаат за цел да ја деградираат критичната инфраструктура, да ја ослабат општествената кохезија и да влијаат на демократските процеси, имајќи ги предвид избори во ЕУ и во повеќе од 60 земји во светот што се одржуваат во текот на оваа година.

- ЕУ и нејзините земји членки ќе продолжат да соработуваат со нашите меѓународни партнери за промовирање на отворен, слободен, стабилен и безбеден кибер простор. ЕУ е решена да го искористи целиот спектар на мерки за спречување, одвраќање и одговор на злонамерното однесување на Русија во кибер просторот, се додава во изјавата.

Бритни Спирс жестоко се скарала со момчето, полугола ја изнеле од хотелот

Службите за итни случаи одговориле на инцидентот меѓу Бритни Спирс и нејзиното момче Пол Ричард Солиз во хотелот Шато Мармонт во Лос Анџелес вќера рано наутро, пишува Page Six.

Изворите тврдат дека двојката се скарале додека биле во луксузниот хотел, а портпаролот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Брајан Хемфри, потврдил за Page Six дека 911 биле повикани во Шато Мармонт кратко по полноќ. „Добивме повик на 911 со пријавување повредена возрасна жена. Повикувачот немаше многу информации за повредата. Испративме едно возило на местото на настанот“, изјави претставник на противпожарната служба во Лос Анџелес.

До 01 часот и 17 минути на местото пристигнала брза помош, а на повикот се јавиле само пожарникарите, додека полицијата не била на терен. Извор изјавил за Page Six дека Спирс, која живее во блискиот Thousand Oaks, Калифорнија, го напуштила хотелот со обезбедување и е „сега дома и безбедна “.

Пејачката е видена како го напушта хотелот боса, во долна облека, завиткана во ќебе и држејќи перница во рацете. По инцидентот, изворите рекоа дека пријателите на пејачката биле многу загрижени за нејзината врска со Солиз, а еден пријател рекол: „Тој е лоша вест од самиот почеток“.

Во август 2023 година, Спирс се шпекулираше дека се „зближува“ со Солиз, нејзиниот поранешен куќен помошник, но упатените во тоа време рекоа дека се загрижени за неговото криминално минато. Судските записи покажуваат дека тој бил обвинет за повеќе прекршоци, па дури и кривично дело затоа што поседувал огнено оружје.

За потсетување, во средата беше финализиран разводот меѓу Спирс и нејзиниот поранешен сопруг Сем Асгари. Парот се разведе во август минатата година по 14 месеци брак. „Бритни врти нова страница“, изјави извор за Page Six претходно, додавајќи дека разводот бил финализиран „пријателски“ со „строг предбрачен договор“.

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните на претстојните избори

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски  денеска беше во Тетово.

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска беше во Тетово, каде што со носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 6, Небојша Захариески и останатите кандидати, ја промовираа програмата на Движењето за претстојните парламентарни избори „Проглас за достоинствена Македонија“. Димитриевски во изјавата за медиумите рече дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се етаблираше како нова политичка сила на македонскиот] политички простор токму со поддршката на граѓаните.

„Ја претставуваме програмата и ја бараме поддршката за нашите кандидати за пратеници предводени од господин Небојша Захариески во ИЕ 6.

Јас знам дека никогаш повеќе ЗНАМ нема да дозволи нештата во државата да бидат исти. Ќе бидеме коректив на идната власт, но и на идната опозиција.

Нашиот број секојдневно се зголемува, а и поддршката од граѓаните е се поголема и верувам дека заедно ќе успееме да ја вратиме државата таму каде што припаѓа, во рацете на граѓаните“.

Тој ги повика граѓаните масовно да ја дадат својата поддршка на Движењето ЗНам – За наша Македонија, на носителот на листата во ИЕ 6, Захариески, како и на сите кандидати за пратеници.

„Со тоа, рече Димитриевски, - Граѓаните го даваат својот глас од граѓанин за граѓанин. Ние сме политички субјект кој расте токму со граѓанската поддршка. Продолжуваме понатаму со позитивни промени во државата, со позитивни промени во Македонија“.

Изјава за медиумите даде и носителот на листата во ИЕ 6, Небојша Захариески, кој рече дека со она што го нудат во Програмата „Проглас за достоинствена Македонија“ сакаат да ги вратат илинденските и асномските темели на државата.

„Сакаме да ја направиме државата самоодржлива, со што ќе биде и самостојна. Сакаме да градиме стабилни меѓуетнички односи, а Тетово е симбол за добар соживот“, рече Захариески.

Тој додаде дека нивна цел е добро владеење, правна држава, како и запирање на клиентелизмот, непотизмот и корупцијата, со што, како што рече, ќе го дадат својот максимум за Македонија.

Сектор за односи со јавност

притисни ентер