Неделен хороскоп за 10.-17. јули 2023 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 10.-17. јули 2023 година. 

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Со трпение и толеранција би можеле да го подобрите односот со саканата личност. Никаква расправија , а особено некоја мотивирана од љубомора нема да донесе резултати. Време е да играте со затворени карти , па бидете воздржани.

Кариера

Соработката со угледни и влијателни луѓе полека ќе избива во прв план. Вие ќе бидете тркалото , важно во целата постапка. Затоа немојте да бидете прескромни , туку дозволете си да ги изразите и своите амбиции. Одредете ја својата позиција , а уште повеќе шансата.

Здравје и совет

Не претерувајте со храна и пијалоци. Движете се повеќе.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ведрина , позитивен дух , смисол за хумор – сето тоа ќе биде нагласено деновиве во вашиот приватен живот. Затоа не треба да се трудите премногу , туку само држете ги очите отворени и реагирајте како што треба. Се ќе си дојде на место само по себе , а вие ќе уживате.

Кариера

Се наоѓате во период кога некои работи дефинитивно треба да ги приведете до крај. Токму оваа недела е карактеристична по тоа. Ќе завршите некои проекти и ќе свртите нов лист. Кај некои тоа ќе биде малку порадикално . Не брзајте , туку првин направете проценка.

Здравје и совет

Уживајте , но не претерувајте.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Поголемиот дел од слободното време ќе го минувате во сосема обични активности , уживајќи во нечија наклонетост. Без голема помпа ќе знаете да ги цените малите работи , а саканата личност ќе ви врати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без поголеми барања.

Кариера

Почнува фазата во која вашето знаење ќе се цени се повеќе. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашаат за совет или да ви понудат тесно специјализирана работа.

Здравје и совет

Уживајте во животот и во природата.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашиот копнеж ќе биде силен , а вие некако препуштени самите на себеси. Оние кои имаат добар пријател или пријателка , ќе се обидат да ги споделат своите фрустрации. Оние во врска ќе чувствуваат дистанца во односот , а некои ќе бидат во искушение за љубомора. Издржете.

Кариера

Вработените во услужните дејности ќе имаат многу работа , додека другите ќе бидат отворени за да им помогнат на колегите. Некои ќе се покажат како добри советници и своето знаење лесно ќе го применуваат во пракса. Малите недоразбирања во комуникациите ќе бидат минливи.

Здравје и совет

Повремени нервози и мали грижи.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веројатно ќе дадете се од себе за да се разубавите ,а ќе забележите и дека лицата од спротивниот пол постојано ве одмеруваат. Оние во врска ќе се обидат да го освежат односот , додека осамените ќе излегуваат често и ќе заведуваат. Отворете се и ќе бидете успешни.

Кариера

Што е готово , завршило. Немојте веќе тоа да го анализирате. Оставете времето нека работи за вас , а вие сконцентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не многу дефинирано. Бидете отворени.

Здравје и совет

Не ги поместувајте границите по секоја цена.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се чувствувате како да не можете да се фатите за ништо што е сигурно. Во право сте, но размислете колку сте и самите одговорни за тоа. Партнерот ќе ви покаже како полесно да ги изразувате емоциите. Применете ги советите кои сметате дека се добри.

Кариера

Пред вас се нови предизвици , кои бараат паметен и обмислен пристап. Ќе треба и повеќе да соработувате со колегите , а неретко така да правите и прифаќате компромиси. Не сметајте дека тоа е лошо зашто повеќе очи подобро гледаат.

Здравје и совет

Најдете секој ден малку мир за себеси.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе дружење. На вашата најсакана личност тоа не мора да и се допадне , па потрудете се да ја понесете со себе или да и објасните дека имате потреба за друштвеност. Осамените лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол.

Кариера

Се повеќе ќе ви биде важно вашето знаење и стручноста во работењето.Многумина ќе добијат шанса за да ги покажат своите специфични таленти или нивната диплома ќе добие на тежина. Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагање на испитите. Некои ќе контактираат странци.

Здравје и совет

Издржете како и секогаш. Ќе се исплатува.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе ви изгледа како љубовта да е далеку од вас. Кај некои тоа ќе биде така и во реалноста , зашто саканата личност ќе биде во овој период отсутна. Копнежот ќе се засили, а со тоа и чувството за осаменост.Некои ќе најдат мир во активирање на фантазијата и на совите сништа.

Кариера

Ќе можете без никаков страв да се потпрете на своите претходни резултати. Некои тоа ќе го искористат за да отидат чекор понатаму , а ќе има и такви кои ќе живеат на старата слава колку што можат подолго. Главно , немојте да се успиете , работата напредува ,а со тоа и вие.

Здравје и совет

Обезбедете си повеќе време за сон.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Преокупираноста со другата страна ќе биде голема , а вие подготвени да се борите до крај за врската да успее. Оние во стабилна врска , ќе го обноват својот еротски живот на најдобар можен начин. Они , пак , кои бараат сродна душа ќе бидат упорни и ќе одат до крај со додворувањата.

Кариера

Работите се интензивираат , а се што работите добива претприемнички карактер. Многумина овие денови сериозно ќе се фатат за работа или од нив ќе се бара поголем ангажман на работното место. Оние кои бараат работа, исто така ќе бидат активни.

Здравје и совет

Не го занемарувајте редовниот сон.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе имате добар ветар во грбот , кога станува збор за љубовните прашања. Ќе ви се отвораат многу полесно вратите , ќе бидете повикувани на интересни забави и на уште поинтересни места. Доколку сте сами , прифатете ги поканете и измешајте се со луѓето. Тие ве очекуваат.

Кариера

За да го поправите она што го работите , морате да се отворите и повеќе да соработувате со колегите. Ставот дека сте незаменливи и единствени не е добар , а особено ако тоа го мислите за себеси. Поработете на сопствената анализа и се ќе ви биде појасно и полесно.

Здравје и совет

Одете на јога или на медитација за да се опуштите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно ќе се чувствувате осамено , освен ако тоа не е вашиот избор. Оние кои се во врска ќе минуваат низ период на заситеност , кога ќе им биде потребна голема трезвеност за да издражат. Тоа нема да трае уште долго , затоа поминете низ него.

Кариера

Некои ваши соработници отворено ќе ви ја покажуваат својата наклонетост , додека други на ист начин ќе ви покажуваат дека не ве сакаат. Прифатете ги на мирен начин и едните и другите. Барем ќе знаете со кого имате работа. Држете се до зацртаните правила.

Здравје и совет

По прошетките на свеж воздух, добро наспијте се.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Доколку и натаму барате сродна душа, обрнете внимание на личностите од вашето работно место. Некој веројатно сака да биде со вас и чека тоа да го забележите . Доколку сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен , а двете страни задоволни и мирни.

Кариера

Можеби ќе ви се чини дека ве притискаат од сите страни , но всушност се работи за предизвиците на кои ќе треба да одговорите за да дојдете до подобри деловни резултати. Пред вас е мала борба во мкоја треба да покажете дека сте борец.

Здравје и совет

Внимавајте на пречувствителноста на промената на температурата.

Израелската војска соопшти дека пронашла тело на уште еден заложник во Појасот Газа

Бинјамин бил пронајден заедно со тројцата убиени заложници во Појасот Газа, чии тела, како што соопшти израелската војска, се вратени во Израел.

Израелската војска соопшти дека нејзините сили кои дејствуваат во Појасот Газа го пронашле телото на Рон Бинјамин, кој беше меѓу 252 лица заробени од палестински вооружени лица во нападот предводен од Хамас на израелска територија на 7 октомври минатата година, што ја предизвика војната.

Главниот воен портпарол на Израел, контраадмирал Даниел Хагари, изјави дека Бинјамин бил пронајден заедно со тројцата убиени заложници во Појасот Газа, чии тела, како што соопшти израелската војска, се вратени во Израел.

Повикувајќи се на разузнавачки информации, војската соопшти дека сите биле убиени на 7 октомври.

Тројцата заложници, како што изјави Хагари се Шани Лук, Амит Бускила и Јицак Гелерентер. Тој рече дека тројцата биле на музичкиот фестивал Нова и биле убиени од борците на Хамас додека се обидувале да побегнат. Нивните тела потоа биле однесени во Појасот Газа. /МИА

Мироцветна порака и песна во Охрид и Струга со Цветин и Хорот „Вања Лазарова"

„Со мироцвеќе и песна по љубовниот пат на јагулата".

„Со мироцвеќе и песна по љубовниот пат на јагулата", вака е насловен денешниот настан кој ќе се одржи во Струга и Охрид, во организација на уметникот Живко Поповски- Цветин, Македонското здружение за култура обичаи и традиции "Гороцвет" и Хорот на Ансамблот „Вања Лазарова" од Скопје.

Тој ќе се содржи мироцветни цртежи, песна и поезија, и ќе се одвива во Паркот на поезијата во Струга и на Дрвениот мост, каде ќе се читаат познати стихови од славни учесници на Струшките вечери на поезијата- Ален Гинсберг, Томас Шапкот, Влада Урошевиќ, Матеја Матевски, Хјусто Хорхе Падрон, Десанка Максимовиќ, Булат Окуџава, Блаже Конески, Гилвик, Андреј Вознесенски, Генадиј Ајги и други...

Во пресрет на празникот на сесловенските просветители, на 24 Мај, кој се слави во Охрид како патронат на градот, поезија и песна ќе се изведат и на брегот на Охридското езеро покрај спомениците на Браќата Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски и Григор Прличев.

Педесеттина златни грла од Хорот на ансамблот "Вања Лазарова" ќе одекнат, пеејќи познати македонски традиционални песни „Ја излези Ѓурѓо" на Стража, „На Струга дуќан да имам" во Струга, „По пат одам", „Железар", „Брала мома капини" и други во Охрид.

Хорот е под диригентство на маестро Лазо Трпковски - Ласко. /МИА

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас"

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини својот коалициски партнер, израелскиот министер и член на воениот кабинет Бени Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас".

Ганц на прес-конференција вчера рече дека неговата опозициска Партија на национално единство ќе се повлече од коалициската Влада доколку планот за повоено управување со Газа не биде консолидиран и одобрен до 8 јуни, што фрла сомнеж за иднината на израелската Влада.

„Ако Нетанјаху избере да ја одведе нацијата во пропаст, ние ќе се повлечеме од Владата, ќе се свртиме кон народот и ќе формираме влада која може да донесе вистинска победа“, рече Ганц.

Кабинетот на израелскиот премиер, одговарајќи на Ганц, соопшти дека барањата на Ганц се „празни зборови“ што ќе значат „крај на војната и пораз на Израел, напуштање на повеќето заложници, оставање на (палестинскиот) Хамас на власт и создавање палестинска држава“, пренесува „Тајмс оф Израел“./МИА

притисни ентер