Нејзината кариера пропадна поради “пластика“: Нема никогаш да ја врати старата слава! (фото)

Се започна со филери за усните, но за жал, како што и обично се случува, оваа дама не се сопре само на усните.

Американската актерка Мег Рајан имаше завидна кариера во средината и кон крајот на деведесеттите години, а стекна популарност во романтичните комедии „Француски бакнеж“, „Кејт и Леополд“, „Ви стигна пошта“.

Освен фановите ширум светот кој не можеа да одолеат на нејзината насмевка, како и на големиот талент, режисерите и сценаристите ја обожаваа, па и нудеа многубројни улоги.



Меѓутоа, после 2001 година, Мег почна да се соочува со неуспехот на аудициите, а причината за тоа не беше нејзината лоша глума, туку непрепознатливото лице.

„Премногу корекции. Тоа беше шок за луѓето и таа веќе не изгледа како Мег Рајан во која се заљубивме“ – објасни Џејмс Манголд, режисерот на филмот „Кејт и Леополд“.

#MegRyan / era tão bela e acabou exagerando nos procedimentos.

A post shared by Kauê Kaminski Führ (Caco) (@kauekfuhr) on


Симпатичната актерка доживеа вистински крах во кариерата, бидејќи никој повеќе не сакаше да ја ангажира поради корекциите на лицето.

„Не станува збор само за усните. Носот и е поинаков, ботоксот е повеќе од очигледен. Луѓето не сфаќаат дека постои зависност од пластична хирургија. Таа не единствениот пример. Обично тоа е обид да се реши некој вид лично незадоволство“ – беше дециден Марк Робери, пластичен хирург.

Бидејќи сфати дека нема повеќе да добива улоги се посвети на кариерата режисер и продуцент, а со оваа работа се занимава и денес.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер