Необјавена песна на Боб Дилан на аукција

Никогаш објавената песна „Go Away You Bomb“ на Боб Дилан наредната недела ќе се појави на аукција во Лондон.

Дилан ја напишал песната во 1963 година во екот на неговата бунтовничка фаза кога работел на албумот „The Freewheelin’Bob Dylan“ и е проценета на износ од 25.000 до 35.000 фунти.

Инаку, песната е напишана по нарачка на Изи Јанг.

- Ги прашав сите што ги познавав да ми напишат песна за нуклеарна бомба. Дилан утредента дојде и ми ја предаде песната – раскажал Јанг.

Тој набргу се преселил во Стокхолм и ја оставил песната во фиока, заборавена речиси 50 години. Поради финансиски проблеми, Јанг сега е принуден да ја продаде песната.

Салфетката на Меси се продава на аукција, веќе се понудени 300.000 евра

Денеска е отворено наддавањето за салфетката на која фудбалскиот клуб Барселона го напиша своето ветување дека ќе потпише со тогаш 13-годишниот Лионел Меси, а предвремените понуди достигнаа речиси 300.000 долари.

Салфетката беше потпишана во декември 2000 година кога Карлес Рексах, тогаш спортски директор на Барселона, се договори со агентот Хорасио Гаџиоли да го ангажира аргентинскиот тинејџер кој подоцна стана најдобар стрелец на клубот на сите времиња.

Наддавањето за документот, опишан од аукциската куќа Bonhams како „сино мастило на стандардна шпанска восочна салфетка“, достигна 220.000 фунти (274.824,00 долари) набргу по отворањето на продажбата, според веб-страницата на аукционерот. „Тоа никогаш не беше правно обврзувачко, но емотивно претставува длабока врска или почеток на длабока врска што Меси ја имаше со Барселона“, рече главниот маркетинг директор на Бонамс, Марк Сендс.

Меси ѝ помогна на Барселона да освои 35 трофеи, со рекордни 782 настапи и 674 голови. Меси ја напушти Барселона во 2021 година и сега игра за Интер Мајами. „Ако го сакате фудбалот, ќе знаете сè за Лионел Меси и ќе знаете дека тој го дефинираше фудбалот со генерации. Ако сакате дел од акцијата, ова е местото“, рече Сендс. Онлајн продажбата завршува на 17 мај.

Димитриевски: ЗНАМ од вечерва ја започнува својата борба за достоинствена Македонија

Движењето ЗНАМ, За наша Македонија вечерва изспиша историја, истакна лидерот на движењето Максим Димитриевски.

Димитриевски посочи дека овие избори ќе бидат дополнителна поука за сите остнати политички субјекти.

Тој упати и честитки за победата на ВМРО-ДПМНЕ и победата на Гордана Силјановкса Давкова и и поска успешен мандат.

притисни ентер