Нешковски: ВМРО ДПМНЕ не презеде ништо да ги задржи младите доктори, денес платите во здравството постојано растат

Речиси беше невозможно како млад доктор да се вработиш во јавното здравство, рече Трајче Нешковски, специјализант по пулмологија и алергологија, член на СДСМ,с е наведува во партиското соопштение.

Во 2017 година се донесе закон за надоместок за приватните специјализнатите, а претходно тие не земаа ништо иако работеа рамно за сите други колеги, додаде Нешковски на трибината организирана од СДСМ Агенда 20-24 посветена на темата здравство.

Евидентно е дека претходната Влада на ВМРО ДПМНЕ буквално не презеде ништо за да ги задржи младите доктори во нашата држава. Мој колега кој имаше многу висок просек, пробувајќи да работи тука по што не успеа, за жал реши да ја напушти државата и да работи во една од европските земји.

Сега работиме во значително подобри услови, рече Нешковски и додаде дека напорите на Владата предводена од СДСМ, се очигледни со цел овозможување на подобри услуги и услови.

Нешковски предложи во новата програма на СДСМ да се воведен паричен надоместок за специјализантите од 12 000 денари за решавање на нивното станбено прашање, се наведува во соопштението на СДСМ.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер