Нетпрес: СДСМ повторно со сценарио за протести

Опозициската СДСМ, применувајќи силен притисок врз своето партиско членство, се подготвува да предизвика немири во Македонија, почнувајќи од протест кој наголемо се организира за в сабота - пишува Нетпрес.

Според Нетпрес , учесниците на протестите ќе бидат довезени во Скопје, главно од општините во кои е СДСМ на власт, поточно од Струмица и од Куманово. За трошоците биле задолжени приватни фирми, кои најчесто ги добиваат тендерите и јавните набавки во овие две општини.

Терминот на протестот, кој треба да се одржи наводно како собир на социјално незадоволни граѓани, е планиран намерно за во сабота , на денот кога ќе се одржи конвенцијата за претседателски кандидат на владејачката ВМРО ДПМНЕ Главен организатор на планот, според извори на Нетпрес во опозицијата, е Миле Зечевиќ, кој во времето на влаедеењето на СДСМ, беше на чело на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Исто така со него во организацијата е вклучен и Кире Наумов, кој беше забележан од објективите на фоторепортерите на протестот на наводните стечајци, кој се одржа пред владата пред околу една недела. Неофицијалните информации велат дека во финансирањето се вклучени и испоставите на Сорос во земјава, поточно во делот на трошоците за превоз на партиските членови кои треба да бидат донесени во Скопје, односно оние кои треба да настапат под превезот на стечајци и социјално загрозени граѓани.

Не се исклучува опцијата за време на протестот намерно да бидат предизвикувани инциденти, односно да бидат искршени возила, излози и друг имот. Според Нетпрес , партиска наредба од централата во Скопје добила буквално секоја општинска организација на СДСМ во Македонија. Секоја од нив требала да достави список со точен број на имиња и презимиња на лицата кои ќе патуваат во Скопје.

Меѓу општинските организации, кои добиле наредба да донесат најголем број на луѓе се Прилеп, Велес, Штип, Охрид и Битола. Досега, за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ организираше дузина вакви сценарија за немири и политичка дестабилизација во Македонија и постојано на протестите го користи своето членство кое го претставува според потребите на својата дневна политика. Па така членството на СДСМ глумеше стечајци, незадоволни земјоделци, незадоволни граѓани од изградбата на новите објекти и споменици во Скопје, и други разноразни социјално незадоволни граѓани. И во последниов пример СДСМ за сопствени политички цели сака да создаде турбуленции и напнатост во земјава, со цел дефокусирање на јавноста во Македонија од конвенцијата на владејачката ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот избор за кандидат за претседател, кој според досегашните анкети и рејтинзи е убедлив фаворит за нов претседател.





Сообраќајот умерен, застои нема

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Дневен хороскоп за 30. април 2024 година

Дневен хороскоп за вторник, 30. април 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Со помош на вашите драги пријатели ќе заборавите на сите љубовни грижи и ќе се отворите за нови можности.

Кариера

Ќе ги усогласите своите ставови и планови со околината , така што во иднина ќе работите полесно и усогласено.

Здравје

Делата се посилни од зборовите.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Нежноста и емотивноста на вашата сакана личност пријатно ќе ве изненади , така што ќе мора да се согласите на неговите или нејзините идеи.

Кариера

Додека се одморате во пријатен амбиент, во душата ги исмевате оние кои не се согласуваат со вас. Тоа и не е многу убаво.

Здравје

Бидете пообјективни.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе дознаете дека некој ве сака и тоа ќе ви го освежи денот. И вие ќе се чувствувате слично , па можете во акција.

Кариера

На работното место ви оди добро, а повеќето од вас ќе му се посветат на приватниот живот, на своето хоби или на спорт.

Здравје

Одете на сонце и на свеж воздух.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Не навалувајте се премногу за да не паднете преку оградата. Чувајте го она што го имате и уживајте со цело срце во тоа.

Кариера

Ќе бидете фокусирани на себеси , во длабоки мисли за вашите деловни предизвици и за тоа кон што се стремите.

Здравје

Не брзајте.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Веројатно околностите ќе ве поттикнат за да размислите за себеси и за својот статус во врската.

Кариера

Ќе бидете во центарот на вниманието и од вас многу чќе се очекува.Многумина ќе се затекнат во ситуација во која ќе се наметнуваат во работата.

Здравје

Можна е минлива главоболка.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можеби ќе ве нервираат сите и се околу вас , па потрудете се да го најдете она зрно на мир во себеси за да ги надминете провокациите.

Кариера

Во моментов малку може да влијаете на работите , но тоа нема да значи дека оние за кои се однесува ова , нема да продолжат добро да работат. Прифатете ги.

Здравје

Зајакнете се со прошетка на свеж воздух.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе успеете да и се прилагодите на саканата личност без да поставувате премногу прашања. Верувајте во подобро утре.

Кариера

Со олеснување ќе го дочекате крајот на работното време , зашто знаете дека ви е потребно што повеќе опуштање и одмор. Работата нека причека.

Здравје

Осмислете пријатен ден за себеси.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе бидете среќни и задоволни во друштво на саканата личност , а нема да ги заборавите ниту контактите со пруијателите што може да бидат инспиративни.

Кариера

Некои го чекаат финалето на едно истражување , чии резултати може да стигнат во секој момент. Размислете какви ќе бидат.

Здравје

Јадете здрава храна .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И натаму сте среќни и радосни во душата , саканата личност ве поддржува. Денеска идеите за љубов ќе ви доаѓаат самите од себе.

Кариера

Психолозите, психијатрите и сличните професии денеска ќе приведат до крај една фаза од својата работа и ќе дојдат до нови откритија. Останатите ќе читаат меѓу редови.

Здравје

Терапиите се ефективни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе поверувате дека љубовта доаѓа низ желудникот и на саканата личност ќе и подготвите вечера што ќе ја воодушеви.

Кариера

Добро ќе се снаоѓате во новонастанатата ситуација . Дури и ќе им бидете од полза на другите , па помогнете им.

Здравје

Помалку јадете , повеќе спортувајте.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во прашањата за чувствата сите коцкички ќе се поклопат по ваша желба. Оттаму многумина денеска ќе сфатат колку се среќни.

Кариера

Не само што одлично ќе функционирате во редовните работни задачи , туку ќе успеете да ги забавувате сите околу вас.

Здравје

Нема пречки пред вас.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Најдобро ќе се чувствувате во својот свет , што самиот го создавате со помош на фантазијата. Се друго ќе биде главно фрустрирачки.

Кариера

Добро ви оди , а на повидок се и некои нови работи. Без оглед што вашите шефови миослат поинаку, вие се држите за своето.

Здравје

Не се откажувајте од вашата цел.

притисни ентер