13-минутното шоу успеа да ја сплоти нацијата, а според оценките на многумина, тоа било неверојатно, пишува “Тајм”.
Откако беше претставена од Тони Бенет, поп-ѕвездата се појави на стадионот и запеа неколку патриотски песни, без да се впушти во премногу тешки политички пораки. Потоа таа полета – буквално.
Потоа свиреше на екстравагантни инструменти додека беше облечена во не помалку ексцентрични костуми. Пејачката испеа компилација од најпопуларните хитови како “Poker Face”, “Telephone”, “Bad Romance”, “Born This Way”.
Над 300 дрона учествуваа во шоуто на стадионот во градот Хјустон, Тексас.
Додека Лејди Гага ја честеше публиката со патриотска песна, машините се наредија во совршена синхронизација, за да го прикажат стилизирано американското знаме.
Многумина сметаа дека како повеќето ѕвезди од шоубизнисот, Лејди Гага ќе се впушти да упатува тешки политички пораки, бидејќи во последно време тоа е модерно на слични настани.
Пејачката, сепак, покажа стил наместо тоа успеа преку песните и зборови да упати деликатен повик за разбирање и единство.
Лејди Гага се појави на сцената во типичен стил – со ексцентрична шминка и елегантни футуристички костуми.
Финалето на Суперкупот (Супербол) било гледано од над 100 милиони гледачи во САД.