Неверојатна среќа – два пати добил на лото за помалку од седум дена

Жител на Сиднеј освоил добивка на австралиската лотарија два пати за помалку од седум дена, што му донело вкупно околу два милиони американски долари.

Мажот од населбата Бонди, чиј идентитет не е објавен, прво добил милион австралиски долари во понеделникот на 7 мај, а потоа уште милион и пол во саботата на 12 мај.

„Не можев да поверувам. Шансите да добиете два пати во толку краток период мора да се непостоечки. Би сакал да имам некаков совет за останатите за тоа како да добијат на лото, но немам“ – изјавил овој човек, а пренесе „АФП“.

На прашањето што ќе направи со парите, одговорил дека “нема да постапи глупаво“. Тој планира вложување во недвижнини во Сиднеј, да купи нов автомобил и одмор на Хонолулу, за кој изјавил дека се “подразбира“.

Организаторите на лотаријата не можеа да проценат колкави се шансите за две добивки во седум дена, а веројатноста тоа да се случи е една спрема 1.845 милиони.

Јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред, жичницата нема да работи

 Јавниот превоз во Скопје денека ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје.

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Променливо облачно, попладне и вечер на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Според прогнозата на УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 25 степени.

-До петок ќе се задржи променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, соопшти УХМР.

Од четврток дневната температура ќе биде во опаѓање, а во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Македонија гласа на вториот круг од претседателските избори и на парламентарни избори

Гласачките места се отвораат во точно седум часот, и ќе се гласа до 19 часот.

Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица а за парламентарните 1 815 350 лица или 1033 избирачи повеќе, поради лицата кои помегу двата изборни круга станале полнолетни, и имаат право да гласаат само за новиот парламентарен состав.. Вчера гласаа затворениците, болните и изнемоштени лица, како и 2569 лица од дијаспората но само за претседател, но не и за пратеници, поради недоволен број на пријавени..

На едно избирачко место во општина карпош е нашиот репортер Игор Манасиевски.. Игор дали навреме почна гласањето ?

притисни ентер