Никој од персоналот на Ифективна клиника не заразен со коронавирус

Досега ниту еден од персоналот на Инфективната клиника во Скопје не е заразен со коронавирус. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека ист е пристапот кога се работи за луѓе кои биле во голем, среден или низок ризик со тие кои имаат дијагностицирано болест, позитивни на коронавирусот. Потсети дека има кол-центар кој веќе е во функција и смета дека комуникацијата со матичните лекари значајно ќе им олесни на пациентите.

– Кај својот матичен лекар, кој веќе ќе располага со оној електронски алгоритам, ќе може да утврди дали тој пациент е соодветен за тест или не. Согласно податоците, контактите, патувањата во странство, евентуален контакт со заболен… Од утре овој променет систем значајно ќе им олесни на граѓаните, рече Филипче.

Министерот за здравство информира дека се контактирни се сите оние на кои им бил направен тест. Објасни дека понекогаш минуваат 24 часа или помалку и додаде оти тоа ќе се расчисти утре.

-Не може да се земе материјал ниту пак има потреба на било кого, мора да има некакви епидемиолошки податоци. И тоа добро ќе го изменаџираат и матичните лекари со поддршка од епидемиолози од Институтот за јавно здравје. Значи доколку е земен материјал, тие или се контактирани или ќе бидат во рок од 24 часа. Материјалите во ИЈЗ се пуштаат во неколку наврати, во неколку групи, сега стигнуваат од целата земја. Од утре ќе има таков систем со кој се зголемува и капацитетот. На располагање е и лабораторијата во Ветеринарниот институт, која беше потврдено дека е со соодветен стручен капацитет и акредитација за таа работа, рече Филипче.

На поплаките од граѓаните кои доаѓаат од странство, дека со часови чекаат за да бидат преземени од граница до објектот за групен карантин во Демир Капија, дека со часови немат храна и вода, Филипче апелираше на трпеливост. Информира дека разговарале за ова и додаде оти ќе се вклучат и од МТСП и апелираше луѓето да бидат трпеливи. Капацитетот, како што рече, е голем, може да ги прими сите и ова правило мора да се почитува.

Прашан дали болницата во Кавдарци е ставена во карантин по случајот со заболената докторка и нејзиниот сопруг, Филипче рече дека се работи за Одделение за психијатрија и оти нема пациенти кои биле ставени во некаков ризик. Најави дека во текот на денот се очекуваат сите резулатите од материјалите кои биле земени вчера.

-Сите се во изолација. Во карантин е самиот оддел во рамки на болницата. Целосно и сосема нормално функционира останатиот дел од болницата, сите други одделенија. Контактирани се сите лекари кои биле примарни контакти и денеска ќе ги знаеме точните резултати, рече Филипче.

Министерот соопшти дека сите итни случаи и сите онколошки случаи се третираат, а се одложуваат само оние интервенции кои можат да бидат одложени, кај кои нема потреба од итност, согласно одлуките на стручните колегиуми.

Прашан за начинот на кој се земаат брисеви во болницата „Жан Митрев", Филипче рече дека веќе од утре, по состанокот со ФЗОМ и начинот на средување на соработка со болницата „Жан Митрев", и тука ќе важи овиој систем на закажување и кол-центрите, односно пунктовите на кои стручно ќе се зема брис. Повеќе детали за ова најави утре.

Филипче информира дека е изготвен Протокол за тоа како треба да се организира работата во големите прозводствени капацитети каде има повеќе луѓе во една сала и кои критериуми треба да се запазат, во однос на дистанца, седење, заштитна опрема и сл. Информира дека Инспекторатите се на терен и работат деноноќно.

Во однос на новозаразените со коронавирус, Филипче рече дека биле во контакт со заболени или дека се лица кои допатувале од странство. Според него, новиот број заразени е очекуван и се движиме кон пикот. Смета дека мерките кои досега беа воведени даваат резулати, а очекуваат резултати и од нововодените мерки.

Филипче рече дека препораките важат за сите, за било која дејност, и за градежните работници и порача да се почитуваат Протоклите.

Министерот за здравство рече дека оние пациенти што се на лекување, по 14 дена ќе бидат тестирани за да се види дали се уште се носители на вирусот.

Филипче рече дека ќе се повтори постапката за набавка на респираторни машини. Посочи дека во јавното здравство има доволно машини, 120 во јавното здарсвтво, близу 85 од сите нив во Скопје. Една пациентка е на респираторна машина и смета дека таа резерва треба да се надополни.

Прашан за лицето од Куманово кое е позитивно на коронавирус, Филипче рече дека според првичните информации патувало во Италија. /МИА

Маж прави акробации со бебе - сите се шокирани: Ти требаат часови по родителство (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи видео на кое маж, наводно таткото, прави „акробации“ со бебе, држејќи го за нозе и раце.

Бројни корисници на Инстаграм и Твитер жестоко ја критикуваа сцената, а лекарите предупредија на можни последици, пишува Daily Mail.

Во видеото кое трае 35 секунди, го гледаме мажот како го ниша бебето напред-назад, над главата и меѓу нозете, а луѓето истакнаа дека тоа претставува „опасност не само за неговите зглобови, туку и за мозокот“.

Видеото е придружено со порака „врска меѓу татко и дете“, но многу корисници беа вознемирени од сцената, што е јасно од нивните коментари.

Д-р Стјуарт Фишер, лекар по интерна медицина и поранешен педијатар во одделот за итни случаи, исто така реагира:

„Мислам дека е морално и легално да се направи КАТ скен или МРИ, што можеби нема да покаже микроскопски повреди на мозокот.

Експертите предупредуваат дека овој тип на игра потенцијално може да доведе до синдром на потресено бебе, бидејќи мозокот на таа возраст е исклучително подложен на повреди.

Дополнително, кревањето на бебето за раце или нозе, без поддршка за грбот, може да доведе до исчашување на зглобовите.

Останува нејасно колку е старо бебето, но се верува дека има околу една година.

„Ова е ментална болест и каква, дали е важно? Ова може да се смета за кривично дело. Тој не разбира каква скапоцена дарба има. Му треба, во најмала рака, долготрајна инструкција и советување“, заклучи др. Стјуарт Фишер.

Корисниците го критикуваа и однесувањето на човекот, со илјадници коментари на мрежите.

„Ова не може да биде легално.Кутрото дете“, „Ти требаат часови за родителство. Ова е толку ужасно“, гласеа некои од пораките.

Од друга страна, поединци тврдат дека родителите така си играле со нив без да имаат никакви (здравствени) проблеми.

Се огласи на Твитер тренерот на познатиот УФЦ борец Конор Мек Грегор. Тој го сподели видеото и коментира:

„Каква глупост. Дури и да сфатите погрешно еднаш во 1.000 пати, тоа е трауматска повреда плус потрес на мозокот. Колку луѓе ќе го повторат ова за неколку лајкови и ќе го повредат своето дете? Можеби не требаше да споделам. Не правете го ова“, напиша Џон Кафеа.

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Не се откажуваат, МЗ турка реновирање на операциски сали

Не се откажуваат до последно, повторен обид на министерството за здравство да протурка реновирање на операциски сали и фаворизира одредени фирми

Министерството за здравство повторно ја објавува постапката за јавна набавка на проектирање и изведба на реконструкција и реновирање на операциски сали, нивни пред простории и ходници со машински соби во УКЦ Мајка Тереза - хируршки клиники по принципот „клуч на рака“.

Истата пред само месец и половина Државната комисија за жалби по јавни набавки ја поништи од причина што Министерството за здравство изготвило тендерската документација која не е во согласност со Законот за јавни набавки и истата доведува до дискриминација на економските оператори и ограничување на пазарната конкуренција.

Повторената постапка објавена е на ден 24.04.2024 година, неработен ден прогласен со одлука на Влада поради одржување на прв круг претседателски избори.

Во тендерската документација за економска способност на економските оператори се бара минимум 550.000.000 денари со ДДВ вкупен приход во последните три години за секоја година поединечно.

Ова е целосно неосновано.

Прво, затоа што во финансиските извештаи приходот се искажува без ДДВ (ДДВ-то е обврска на друштвото да го плати спрема државата).

Второ, зошто не е објавена проценетата вредност на набавката за да може да се утврди дали овој услов е согласно Законот за јавни набавки? (Според Законот за јавни набавки - Договорниот орган не смее да бара минималниот годишен приход да изнесува двојно повеќе од проценетата вредност на набавката), објави на фб Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Дафина Стојаноска: Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи

Дафина Стојаноска синоќа на митинзите во Гостивар и Тетово порача:

Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи. Криминалот е тој кој треба да биде замолчен. Доста е!

На 8-ми мај народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа. На 8 мај нема уценети и поткупени. Никој повеќе не им се плаши, ниту ги сака нивните гнасни пари. Сите до денар ќе му го вратат на народот, како што ќе му ја вратат и државата. Доста долго остана во нивно заложништво. Нема повеќе сила, ниту пара која ќе го сокрие криминалот на ДУИ и СДСМ. Време е за слобода и правда. Време е за нов Претседател на Република Македонија и за нова Влада.

Гласајте за професори а не за криминалци, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер