Николовски: Ќе докажеме дека искрено и одговорно работиме на борба против корупцијата

Акциите мора да се брзи, тука се слабостите, но мора да се брзи и ефикасни и судските постапки кои ќе ја испорачаат правдата. 

Оваа недела се очекува да биде формирана работната група за измени на Законот за борба против корупцијата по барање на ДКСК за што е веќе задолжен министерот за правда Бојан Маричиќ, а утре пред собраниската Комисија за политички систем ќе се најде Стратегијата за борба против корупцијата која долго време чека да дојде на дневен ред, рече денеска вицепремиерот Љупчо Николовски.

Николовски на прес-конференција во Царинската управа по повод запленетиот тутун што бил нелегално пуштен во промет, уште еднаш порача дека борбата против корупцијата ќе биде бескомпромисна и дека законите ќе важат еднакво за сите. Во ова насока, нагласи, активностите интензивно течат.

Вицепремиерот потсети и дека согласно вчерашната владина одлука, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) доби три ката во најдобрите простории со кои располага државата преку Службата за општи и заеднички работи (СОЗР). Во најскоро време, истакна, ќе се реализира и тендерот за софтверот на ДКСК и ќе се обезбеди потребната опрема.

-Како нова генерација луѓе во политиката, ќе направиме се за да покажеме и докажеме дека чесно, искрено и одговорно ќе работиме на борба против корупцијата и дека ќе носиме политики во тој правец. Се носи Стратегијата, се менува Законот за борба против корупција, отвораме теми како законско решение за потекло на имот, работиме на интероперабилност на институциите, потенцира Николовски

Според него, борбата против сивата економија, против се што е нелегално и стекнато на криминален начин, треба да е секојдневна, постојана.

-Акциите мора да се брзи, тука се слабостите, но мора да се брзи и ефикасни и судските постапки кои ќе ја испорачаат правдата. Јас можам да го гарантирам она што го ветивме – вклученост на сите 32 институции, меѓусебна поврзаност и интероперабилност. Можам и најотворено да зборувам за се што деноноќно правиме за да ги создадеме условите кои сме ги немале можеби две, три децении. Сега е дојден моментот, сега е ова приоритетна тема, борбата против корупцијата и криминалот е на врвот на владините приоритети и 2021-ва, гарантирам, ќе биде година на нулта толеранција за корупцијата. Ја праќаме пораката дека нема недопирливи и дека законот важи за сите, подвлече вицепремиерот.

Тој информира дека утрово имал состанок со членовите на ДКСК.

-Разговаравме за искуствата на ДКСК околу слабостите на новиот Закон за спречување корупција од 2019. Оваа недела треба да се процесуира формирањето работна група, денеска го договоривме, за да ги отстраниме сите слабости и проблеми со кои се соочуваат членовите н ДКСК, но и за да имаме ефикасни постапки и резултати, предмети кои ќе ја вратат довербата на граѓаните. Го задолживме министерот за правда Бојан Маричиќ да формира работна група која ќе работи на измени на Законот за борба против корупција и за ова да се обрати до ДКСК, невладините организации, граѓанската платформа за борба пртив корупцијата. Со ова, веднаш излеговме во пресрет на барањето на ДКСК од минатата недела кое денеска стигна. Денеска закажавме состанок и го овластивме министерот за правда што покажува огромна политичка волја да вградиме во законски решенија и во сите механизми, се што препорачува ДКСК. Денеска отворивме уште една тема, добивме проект преку Советот на Европа за Законот за потекло на имот. Ова покажува целосна, максимална поддршка, соработка, поврзаност на институциите, посебно на регулаторните, независни тела, ДКСК и Заводот за ревизија, информира Николовски.

Во однос на Стратегијата за борба против корупцијата, посочи дека расправата и донесувањето биле закочени не поради него или Владата, туку поради блокадите во Собранието, поради немањето Парламент зашто опозицијата не сакала избори со месеци, како и поради техничката Влада која долго траеше.

За ДКСК, Николоски оцени, дека ќе биде сместена во одлични, репрезентативни услови. Обезбедени се, рече, и средства за реновирање, како и за софтвер.

-Таа работа ја избори Љупчо Николовски кој на 1 септември, на првиот состанок, на првиот ден од мандатот кажа дека мора да се обезбеди неповрзаност на ДКСК со останатите институции. Ако сакаме да имаме ефикасна, неселективна, бескомпромисна борба против корупцијата и ако сакаме да ја вратиме довербата на граѓаните, треба да ги ставиме на располагање овие работи. Јас сум прв што ја напомена оваа работа и кој се бореше заедно со министерот за финансии и со премиерот. Буџетот на ДКСК е веќе дуплиран и тендерот е во постапка. СОЗР е дел од Владата, а просторот за кој зборувате е на Акционерско друштво кое има сопствени кредити, давачки. Таму решававме како Влада проблем кој не е единствен, а е наследен од едно режимско време кога се трошеа парите на граѓаните на барок и на непродуктивни трошења. Не би се навраќал, очекуваме разрешница на се ова. За тоа сме добиле мандат, да ги решиме проблемите. Во таа насока е и новото Министерство. Но, во ниту еден сегмент и ниту еден ден не останавме неактивни. Направивме максимум, јас лично се вложив максимално ДКСК да ги добие просториите, напомена вицепремиерот Николовски.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер