Николовски: Пензискиот фонд повторно е стабилен, а пензиите растат

Преку одговорни политики и посветена работа, пензискиот фонд денес повторно е стабилен, а пензиите за пензионерите растат. 

Минималната и просечната пензија пораснаа за 50%, па денес минималната пензија изнесува 13.900 денари, а просечната пензија 20.195 денари, истакна на денешната средба со пензионерите од Пробиштип коносителот на изборната единица 3 Љупчо Николовски.

Донесовме економска стабилност за пензионерите.

„Подготвивме нова Методологијата за раст на пензиите, со која на пензионерите им гарантираме постојан раст на пензиите. Сите 330.000 пензионери два пати годишно имаат гарантирано усогласување на пензиите, следејќи ги растот на трошоците за живот и порастот на просечната плата“, истакна Николовски.

Постигнатите резултати до сега, се нашиот гарант дека дадениот збор повторно ќе го исполниме.

„Во новиот мандат, даваме збор дека минималната пензија ќе достигне најмалку 20.000 денари, а пак просечната пензија 30.000 денари. Пензионерите два пати во годината ќе имаат усогласување на пензиите, однсно секој јануари и јуни. За оние пензионери кои живеат сами планираме енергетски пакети, во висина од 1.500 денари месечно во периодот од октомври до март“, истакна Николовски.

Го јакнеме животниот стандард на пензионерите.

„Пензионерите добиваат потрошувачка картичка со попуст од 30% на прехранбени производи, како воведување новогодишен пакет за секој пензионер во висина од 6000 денари“, истакна Николовски.

Нашата грижа за највозрасните лица ја продолжуваме и земаме обврска за изградба на најмалку 12 нови домови за стари лица, со вкупен капацитет од 2.000 лица.

„Имаме конкретна програма и јасен план, што гарантира европска иднина и европски стандард за секој еден граѓанин дома во својата татковина. Докажавме дека можеме да ги подобриме работите кон подобро, но имаме уште многу работи што заедно треба да ги продолжиме. Не смееме да се откажаме, сега кога тргнавме кон сигурна иднина за сите во држaвата“, истакна Николовски, се наведува во соопштението.

Црн лебед во грчката река Еврос

 Единицата за управување со Националните паркови во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, додека спроведувала научно набљудување на делтата на реката Еврос наишла на ретка и невообичаена појава – црн лебед, јави дописничката на МИА

Црниот лебед воопшто не е својствен за Грција и затоа е непознато како воопшто се нашол во реката.

Најзастапен е во Австралија и Нов Зеланд, а живее во реки, големи езера, лагуни, а понекогаш и по должината на бреговите.

-Вработените во единицата за управување ги пречка пријатно изненадување бидејќи при научно набљудување на делтата на Еврос забележаа црн лебед, напишаа на Фејсбук од надлежните за Националниот парк објавувајќи фотографии од ретката појава.

Тошковски: МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач

Изјава по остварена средба со претставници од Фондацијата „Ромите за демократија“ кои денеска организираа протестен марш од ДИК до МВР.

Тие протестираа заради закани кои биле упатени кон нивни набљудувачи за време на првиот круг од Претседателските избори 2024.

Министерот за внратрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач за време на изборниот процес.

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на САД дека користеле хемиско оружје

 Кремљ ги оквалификува како неосновани американските обвинувања дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва останува обврзана со договорот за забрана на употреба на хемиско оружје.

Стејт департментот ја обвини Русија дека го користела хемиското оружје „хлорпикрин“ против украинските сили со што ја прекршува Конвенцијата за забрана за употреба на хемиско оружје.

„Употребата на тие хемикалии не е изолиран инцидент и најверојатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од зацврстените позиции и да постигнат тактички напредок на бојното поле“, соопшти Стејт департментот. /МИА

притисни ентер