Неверојатна сцена во рингот: УФЦ борец по победата „ја поздрави“ публиката со гол задник(ВИДЕО)

Ноќеска се одржа UFC Fight Night во Сент Луис, а во главната борба Дерик Луис го победи Родриго Насименто.

Имено, триесет и девет годишниот Луис на почетокот на третата рунда го победи осум години помладиот Бразилец, се разбира со нокаут, а следеа уште неколку удари, по што судијата ја прекина борбата.

Сепак, сето тоа не беше главниот впечаток на вечерта, туку испадот на Луис по мечот кој го сподели УФЦ.

Додека на противникот, кој го забележа вториот пораз во 14 борби, му се помагаше, Луис го извади јазикот, па ги соблече шорцевите и почна да го „лади“ со нив за да се вразуми. Потоа Луис остана во своите боксери, а потоа реши да финишира и да им ја покаже својата „задна страна“ на публиката.

Не помалку интересно беше и интервјуто во октагонот по борбата.

- Му благодарам на Сент Луис што ми дозволи да го покажам задникот. Не сакав да дозволам некој таксист од Бразил да ме тепа. До вечерва никогаш не сум слушнал за него – изјави Луис, кој потоа најави повлекување со реплика од култниот филм „Смртоносно оружје“.

- Престар сум за ова сра*е. Имам скоро 40 години, знаеш ли колку е тешко да се направи ова? Ќе размислувам за сѐ – изјави Луис, кој во својата ММА кариера забележал 28 победи и 12 порази. Тој 23 пати го нокаутирал противникот, од кои 15 во УФЦ.

Мишустин го предложи составот на новата руска влада, главните ресори се обврска на Путин

Новоизбраниот руски премиер Михаил Мишустин денеска до Државната дума поднесе предлог за кандидати за министри во неговата влада, со исклучок на министрите од секторот за безбедност и надворешни работи.

Според указот потпишан од рускиот претседател Владимир Путин, Мишустин ќе има десет заменици, од кои еден прв вицепремиер, еден вицепремиер - овластен претставник на претседателот на државата во Далечниот источен федерален округ и еден вицепремиер, односно претседателот на Кабинетот на министри, пренесува ТАСС.

Мишустин предложи да се назначи Денис Мантуров, кој беше вицепремиер и министер за индустрија, за прв вицепремиер.

Виталиј Савелиев, актуелен министер за транспорт и Дмитриј Патрушев, актуелен министер за земјоделство, можат да станат вицепремиери.

Тој го предложи Роман Старовојт, гувернер на областа Курск, да го замени Виталиј Савељев во Министерството за транспорт, а неговиот прв заменик Оксана Лут да го замени Дмитриј Патрушев во Министерството за земјоделство.

Гувернерот на Калининградската област Антон Алиханов би можел да стане министер за индустрија, гувернерот на Кемеровската област Сергеј Цивилев е предложен за министер за енергетика, а гувернерот на територијата Хабаровск, Михаил Дегтјарев би можел да раководи со Министерство за спорт.

По инаугурацијата на претседателот на Руската Федерација, за прв пат ќе се формира Влада според новите правила утврдени со измените на Уставот на Руската Федерација од 2020 година.

Тој акт предвидува посебна процедура за именување министри од безбедносните ресори - МВР, Министерството за вонредни ситуации, Министерството за одбрана и Министерството за правда и Министерството за надворешни работи, предложено од претседателот на Русија, по консултации со Горниот дом на парламентот - Советот на Федерацијата.

Изгоре огромен трговски центар во Варшава со 1.400 продавници (ВИДЕО)

Пожар избувна утрово во голем трговски центар со 1.400 продавници во Варшава.

Противпожарната служба соопшти дека повеќе од 80 отсто од зградата е зафатена во пламен.

Црн чад може да се види во околината на снимката што ја емитува приватната телевизија Те Фау Ен 24.

Властите испратија СМС пораки за да ги предупредат жителите на полскиот главен град да останат во затворени простории со затворени прозорци.

Портпаролот на полицијата за полските медиуми изјави дека нема извештаи за повредени.

Трговските центри и големите продавници обично се затворени во недела поради забраната што ја воведе претходната влада.

Овие продажни места смеат да се отвораат само неколку недели годишно за да можат луѓето да купуваат за Божиќ, Велигден и други празници.

притисни ентер