Нов кикс на Ливерпул, сè подалеку од титулата

 Во првиот натпревар од 35. коло на англиската Премиер лига немаше победник, во Лондон Вест Хем и Ливерпул одиграа 2-2.

Мохамед Салах во игра влезе дури во 79. минута од натпреварот. Непосредно пред да влезе на теренот, египетскиот фудбалер влезе во вербална расправија со тренерот Јирген Клоп, веројатно незадоволен што доби шанса на крајот за да го „спаси денот“.

На последните четири првенствени натпревари Ливерпул забележа само една победа, со едно реми и два порази и е сè подалеку од шампионската титула,

Арсенал води на табелата со 77 бодови од 34 натпревари, пред Манчестер сити со бод помалку и натпревар помалку. Ливерпул остана третопласиран со 75 бодови од 35 натпревари.

Приведен кочанчанец за агресивност и со пиштол удирање женско лице

Кочанчанец бил приведен поради агресивно однесување и удирање со пиштол женско лице, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Вчера во 14 часот во Кочани, полициски службеници го лишиле од слобода О.Ц., на возраст од 38 години. Тој се сомничи дека околу 12.30 часот во угостителски објект во Кочани се однесувал агресивно и со пиштол удрил едно женско лице, појаснуваат од МВР.

Подоцна, при претрес во неговиот дом и во неговото возило „ауди“, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7,65 мм, 25 куршуми - калибар 7,65 мм и лисици за врзување.

Лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Градежните активности на подвозникот кај кумановската населба „Перо Чичо“ ќе завршат во јуни

Градежните активности на подвозникот кај кумановската населба „Перо Чичо“ ќе завршат до средината на јуни.

Граѓаните од кумановската населба „Перо Чичо“ бараат од јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Македонија да го прошири тротоарот на улицата „Ѓорче Петров“ под надвозникот кој е дел од изградбата на трасата од пругата кон Бељаковце. Тие велат дека тротоарот е претесен и не можат да се разминат двајца пешаци, ниту пак да поминат родители со колички за деца или пак лица со попреченост кои користат колички за движење.

Од ЈП ЖРСМ велат дека направената експертиза на постоечкиот подвозник покажала дека не ја задоволува носивоста и е неопходна санација на постоечкиот или изградба на нов подвозник.

- Работите се одвиваат согласно ревидиран и одобрен проект. Сообраќајот под подвозникот е регулиран и се одвива согласно одобрен сообраќаен проект за времен режим од страна на СВР Куманово и Општина Куманово, и е во интерес на безбедноста на патничкиот сообраќај, информираа од претпријатието.

Оттаму наведуваат дека градежните активности ќе завршат до средината на јуни, годинава.

Вкупната должина на железничката пруга која поминува на подрачјето на Куманово изнесува 12, 5 километри.Дел од активностите се одвиваат во густо населено подрачје.

Една од трасите поминува низ населбата Бавчи, од над маркет сè до Спомен костурницата. Таму општината предвиде изградба на улица, но поради стратешкиот проект ќе почека на реализација. Од општина Куманово информираа дека за овој дел од изградбата на стратешкиот и националниот проект веќе се одржани средби со претставници на претпријатието.

Планираниот надвозник во населбата „Перо Чичо“, ќе овозможи лесна и безбедна комуникација на населбата со останатиот дел од градот.

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија наскоро ќе ја признаат Палестина

Шпанија, Малта, Ирска и Словенија наскоро официјално ќе ја признаат државата Палестина, што би можело да ги поттикне и другите земји од ЕУ да го сторат истото.

Шпанија, Малта, Ирска и Словенија наскоро официјално ќе ја признаат државата Палестина, што би можело да ги поттикне и другите земји од ЕУ да го сторат истото, изјави денеска високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Тој потврди дека добил гаранции од шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес дека Мадрид официјално ќе ја признае Палестина на 21 мај. Борел рече дека Белгија сега нема да ја признае „независна Палестина“, но оти Брисел „не ја исклучува“ таа можност во иднина, пренесува шпанска РТВЕ.

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, вчера изјави дека словенечката влада ја почнала процедурата за „признавање на независна, суверена држава Палестина“.

Фајон објасни дека одлуката на словенечката влада се заснова на „границите меѓу Израел и Палестина од 1967 година, што значи дека територијата на Палестина би ги опфаќала Појасот Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим“.

притисни ентер