Нов лек за забавување на Алцхајмеровата болест

Нов лек за Алцхајмеровата болест е оценет како „пресвртница во борбата“ против тоа нарушување, откако беше откриено и научно потврдено дека ја забавува неговата прогресија.

Истражувачите поделиле 1.800 учесници во две еднакви групи. Притоа, првите испитаници 18 месеци примале месечна инфузија на лекот „Донанемаб“, а вторите земале плацебо. Се утврди дека „Донанемаб“ го прави „клиничкото опаѓање“ побавно до 35 отсто, што значи дека луѓето со оваа болест сè уште можат да вршат секојдневни активности, како купување, домаќинство, управување со финансии и земање други лекови. Околу 47 отсто од луѓето кои го земале лекот, а ја имале болеста во рана фаза, имале ниски или умерени нивоа на тау-протеинот, и една година немале прогресија на болеста.

Здружението за истражувања на Алцхајмеровата болест во Обединетото Кралство вели дека се влегува во нова ера кога заболувањето „може да стане излечиво“, се наведува во написот објавен и во „Журналот“ на Американското медицинско здружение.

Здружението забележува дека лековите како „Донанемаб“ еден ден може да доведат до тоа - Алцхајмеровата болест да се спореди со хронични болести како што се астма или дијабетес.

Лекот е произведен од „Ели Лили и компани“. Регулаторите за здравствени трошоци во Англија веќе проценува дали лекот може да се користи во дел од англискиот јавен здравствен систем.

Научниот труд претходно беше претставен и на Меѓународната конференција на здруженијата против Алцхајмеровата болест во Амстердам, Холандија.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер