Нов пресврт во случајот Трамп: Порно актерката ги нуди парите назад, бидејќи...

Првата дама на САД, Меланија Трамп досега се чини, неволно ги издржуваше известувањата на медиумите за скандалите на нејзиниот сопруг.

Меѓутоа, сега тоа би можело да се промени и додатно да се искомпликува.

Ѕвездата на филмовите за возрасни, Сторми Даниелс сака да ги врати парите кои ги добила во замена за нејзиниот молк за односот со американскиот претседател Доналд Трамп и во јавноста да ги изнесе сите детали за нивната љубовна афера.

Таа ги понудила назад 130.000 долари на адвокатот на Трамп, кој тие пари и ги дал во замена за нејзиното премолчување, за да може отворено во јавноста да зборува за својот однос со Трамп и да ги објави текстуалните пораки кои ги разменувале, како и фотографиите и видео снимките кои ги има, пишува „ЕнБиСи Њуз“.

И покрај тоа што таа проблематична љубовна афера се одиграла пред многу време, во времето кога Меланија го родила синот Барон, случајот стана актуелен дури во последните неколку месеци.

„ЕнБиСи Њуз“ поседува копии од писмата кој адвокатот на 38 годишната порно актерка, Мајкл Авенати му ги испратил на Мајкл Коен, личниот адвокат на 71 годишниот американски претседател.

Сторми Даниел, чие вистинско име е Стефани Клифорд, во посмото наведува дека до 16 март ќе ги префрли сите пари на сметката на Трамп, а дека во замена конечно ќе може слободно и без воздржување да зборува за аферата, но иза неговите обиди да ја замолчи.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер