Нов студен бран во делови од Европа и Медитеранот

Во наредните три дена во Европа пристигнува еден од најладните бранови, а метеоролозите велат дека може да се очекуваat и првите обилни врнежи од снег сезонава

Ладниот бран кој доаѓа од северот веќе ги зафати Алпите, на чии врвови се очекува најмногу снег.

Заладување ќе има во Британија, Франција и земјите на Бенелукс, а особено ќе биде ладно на југот од Франција и западот на Медитеранот.

Вториот студен бран над дел од Европа доаѓа од утре и ќе ја зафати Источна Европа и Балканот.

Сообраќајна несреќа кај Росоман

Сообраќајна несреќа се случила утрово кај Росоман, помеѓу патничко и товарно моторно возило, информираа од СВР Велес.

- Во 07.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека кај клучка Росоман се случила сообраќајна незгода, помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Скопје и товарно возило „ивеко“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.З.(59) од Прилеп. Во незгодата, возачот на патничкото возило се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци, појаснија од СВР Велес.

Оттаму рекоа дека увидот е во тек, а сообраќајот се одвива нормално и без застој.

СБ на ОН не изгласа предлог-резолуција поднесена од Русија

СБ на ОН не ја изгласа предлог-резолуцијата поднесена од Русија за преземање акција за спречување на распоредувањето оружје во вселената.

Советот за безбедност на Обединетите нации вчера не ја изгласа предлог-резолуцијата поднесена од Русија со која се повикуваат сите земји да преземат итна акција за да го спречат распоредувањето оружје во вселената.

Предлог-резолуцијата доби седум гласа „за“, додека седум земји, вклучително и САД, гласаа против, а Швајцарија беше воздржана. За усвојување на резолуцијата беа потребни девет гласови во советот од 15 нации.

Со оглед на американската резолуција против нуклеарното оружје во вселената која не беше изгласана минатиот месец поради руското вето, американскиот претставник Роберт Вуд ја обвини Москва за манипулативна тактика.

Дебатата во Обединетите нации следи по американските извештаи во февруари за нуклеарните амбиции на Русија во вселената.

Мајката на Мбапе: Веќе знаете кој е следниот клуб на Килијан

Мајката на фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе одби да каже каде нејзиниот син ќе ја продолжи кариерата следната сезона. 

На прашањето за следниот клуб на нејзиниот син, нејзиниот одговор беше: „Веќе го знаете одговорот“.

На 10 мај, Мбапе објави дека ќе го напушти ПСЖ како слободен играч на крајот од сезоната 2023/24.

Најверојатно Французинот кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. На 16 мај беше објавено дека мадридскиот клуб очекува официјално да објави договор со играчот пред почетокот на Евро 2024 година.

Дваесет и петгодишниот Мбапе настапува за ПСЖ од 2017 година. На 307 настапи во сите натпреварувања, тој постигна 256 гола и 108 асистенции.

притисни ентер