Нова медицинска опрема на Kлиниката за дигестивна хирургија

Современа медицинска опрема, која се состои од два столба – специјални апарати за лапароскопска хирургија и нови хируршки инструменти.

Од денеска се ставени во употреба на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, соопшти Министерството за здравство.

Станува збор за т.н столбови, кои се наменети и ќе најдат примена во прецизната лапароскопска хирургија. Покрај столбовите, за оваа Клиника се набавени и хируршки инструменти, како и нова современа технологија која ќе се употребува секојдневно во трите операциони сали.

За таа цел, министерот за здравство Венко Филипче ја посети Клиниката, каде беше презентирана новата опрема.

– Ако земеме предвид дека станува збор за многу софистицирана технологија, тоа значи дека набавката на оваа опрема значително ќе го унапреди квалитетот на пружање здравствена заштита. Истовремено набавката е важна со оглед дека столбовите за лапароскопска хирургија со години не се обновени. Поконкретно, столбовите не се обновени во изминатите 27 години (од 1992 година). Но, со новите апарати и инструменти на лекарите ќе им биде олеснета работата, а пациентите ќе добијат поквалитетна услуга, истакна при посетата Филипче и додаде дека средствата за оваа намена се обезбедени од Министерството за здравство.

Директорот на Клиниката за дигестивна хирургија, д-р Зоран Караџов вели дека новата опрема е врвот во развојот на технологијата во лапароскопската хирургија и овозможува изведување на најсовремени минимално инванзивни процедури, од кои најголема полза имаат пациентите.

– Ние како тим, имаме обврска и задоволство што ни е дадена можноста да ги следиме најсовремените трендови во областа на дигестивната хирургија, се за доброто на пациентите. Во име на вработените на Клиниката за дигестивна хирургија би сакал да изразам благодарност на Министерството за здравство и на министерот Венко Филипче за реализацијата на овој проект, изјави директот на клиниката.

Од Министерството посочуваат дека покрај вложувањето во софистицирана опрема, Универзитетската клиника за дигестивна хирургија е комплетно реновирана со што значително се подигнати стандардите за лекување и третман на пациентите во оваа установа. Станува збор за реновирање на двата спрата на Клиниката за дигестивна хирургија, односно оддел А и оддел Б.

Покрај ова, реновирани се сите тоалети со нова санитарија на овие два оддели и заменети се старите со нови врати. Во рамки на реконструкцијата, се направени и нови пултови, поставени се нови држачи во ходниците, а комплетно се репарирани и бојадисани сите внатрешни врати. Одделението е реновирано со помош на Јапонска амбасада, но и со донации од општествено одговорни компании и лица. Оваа клиника претставува успешен пример, како со добро менаџирање и заедничка соработка, може да се унапредат условите за престој и третман на пациентите, стои во соопштението./МИА

Ахмети: Да се почитува волјата на народот

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес конференција во Мала Речица рече дека резултатите од изборите се легитимни и доколку има неправилности , за тоа ќе се произнесе ДИК .

Ахмети ја одржа прес конференцијата во славеничка атмосфера.

Украина во војска ќе може да повикува и затвореници

Парламентот на Украина денеска гласаше за мерка со која се дозволува воена мобилизација на некои затвореници во замена за условно ослободување.

Повеќе од 26 месеци по почетокот на руската инвазија, Украина се обидува да го надополни недостигот од војници, што некои воени аналитичари го сметаат за најголем предизвик за Киев во борбата против многу поголемиот непријател.

Се очекува дека новата мерка ќе ги зајакне вооружените сили само за неколку од вкупно 20-те илјади затвореници, изјави пратеникот Дејвид Арахамиа.

Не се однесува на оние кои извршиле најтешки кривични дела – осудени за убиство со умисла на две или повеќе лица, силување, сексуално насилство, кривични дела против националната безбедност и тешки кривични дела за корупција.

„Не е тајна дека мобилизацискиот потенцијал на нашиот непријател е огромен, затоа мора да ги искористиме сите расположливи решенија за да се бориме како вооружена сила“, стои во белешката што ја придружува усвоената мерка. „Дел од тие луѓе се мотивирани патриотски граѓани кои се подготвени да се искупат пред општеството на бојното поле.“

Минатиот месец Украина ја намали возраста за мобилизација од 27 на 25 години и ги промени правилата за регрутирање цивили во армијата за да ја зајакне и да ги ротира војниците.

Владата, исто така, привремено ги суспендираше конзуларните услуги за работоспособните мажи кои живеат во странство, жалејќи се дека тие не и помагаат на нивната земја која се бори.

притисни ентер