Нова победа на ЖРК Вардар во Лигата на шампионките

Македонскиот првак ЖРК Вардар СЦБТ, пред својата публика во СЦ Борис Трајковски, ја совладаа шпанската екипа Бера Бера со 30:20 (полувреме 15:7) во дуел од 5.коло на групата Д, одигран попладнево.

До вториот триумф над Бера Бера, вкупно четврти во Лигата на шампионките, „црвено-црните“ ги предводеа Татјана Хмирова со 6 и Ана Џокиќ со 5 постигнати голови.

Во вториот натпревар од оваа група одигран во Копривница, екипата на Ларвик славеше победа над Подравка со 24:19.

На табела ЖРК Вардар СЦБТ и Ларвик со по 7 освоени бодови остануваат на првите две позиции, Подравка има 2, а Бера Бера е без освоени бод.

Токму Ларвик и нашиот првак ЖРК Вардар СЦБТ во меѓусебниот дуел до последното коло ќе решава кој ќе го освои првото место во групата, а средбата ќе се игра на 16 ноември со Норвешка.

Македонија бира претседател и нов парламентарен состав

Македонија гласа на двојни избори..

Веќе осум часа повеќе од 1,8 милиони граѓани со право на глас избираат претседател и нов состав на парламентот.. Нашите репортери се на терен и одблиску го следат изборниот процес.. Елизабета Дамјановска Спасеновска ја имаме во живо со најновите информации од ДИК.

Одиме прво во Државната изборна комисија.. Бети, колкава е излезноста досега и има ли посериозни нерегуларности..

Се откачи рингишпил на панаѓур во Србија- 13 повредени , меѓу кои повеќето се деца

На панаѓур во Куршумлија излета дел од конструкцијата на рингишпилот и во таа прилика се повредени 13 лица, од кои едно потешко, потврди за Танјуг лекарот од Здравствениот дом Куршумлија, Славиша Дошовиќ.

- Екипите се на терен. Засега едно лице е во тешка состојба и со возило на брза помош итно е префрлена во Прокупље - изјави Дошовиќ, пренесе Телеграф.

Вртелешката била поставена на платото кај автобуската станица, а МВР на Србија наведува дека полицијата и итната помош се на терен.

Досега во болницата во Прокупље влегле пет возила на Брза помош. Според неофицијални информации, повеќето од повредените се деца.

Трендот на земање едно гласачко ливче присутен и на дел од избирачките места во Скопје

Македонија избира Шеф на дражвата, претседател на Владата и нов пратенички состав .

Македонија избира Шеф на дражвата, претседател на Владата и нов пратенички состав – граѓаните излегоа да го остварат своето право на глас – но не секој од нив се одлучи да земе од двете избирачки ливчиња.

Екипи на Канал 5 од рано утринава беа во обиколка на неколку избирачки места, во општина Центар, Чaир....

Oд она што го забележавме на терен, иако имаше граѓани кои гласаа за двата вида на избори, имаше и граѓани кои го остварија своето право на глас, но одбраа да гласаат само за парламантарните избори.

„Само едни, да ти кажам право само парламентарни, а за претседател тешко да има сега..“

„Да за давата...и за парламентарни и за претседателски...“

„И едно и друго, само да даде господ нешто малце да се смени...“

Велат надеж за подборо утре имаат, но не очекуваат некој поголеми промени.

„Дај бог да има нешто да биде подобро....“

„Сигурно ќе биде нешто подобро мора да имаме некоја вера. “

„Па вајда некој промени нешто подобро....“

„Би сакала луѓето да бидат слободни и да ги остварат своите права....“

Согласно новите насоки од Државната изборна комисија на денешните двојни избори од страна на членовите на Избирачкиот одбор на граѓаните им се поставува прашањето „Дали сакаат да гласаат за двата вида избори, или само за парламентарни или претседателски“.

-Ќе гласате и за парламентарни и за претседателски избори – ДА.

А дека имало реакции од граѓани посочија и дел од претседателите на некој од избирачките места, велат добиле поплаки дека прашањето го чувствувале како притисок.

„Имаше неколку прашуваа го чувствуваа тоа како притисок, но бидејќи е тоа насока од ДИК им објаснувавме и се поминува во ред потоа.“-изјави Лазар Јованов – Претседател на Избирачко место 2683.

Сите 3 480 избирчаки места во земајва беа отворени навреме.

За вториот круг од претседателските избори да биде успешен, односно да се избере претседател, потребно е на гласање да излезат најмалку 40% од вкупниот број на запишани избирачи.

притисни ентер