Новиот Ауди А6 , интересна службена лимузина

Новиот А6 го потврди Ауди како еден од највлијателните ппроизводители на службени лимузини.

Автомобилот долг цели пет метри изгледа импозантно , а новиот модел е украсен со ХД матрикс ЛЕД светла , кои му даваат уште повпечатлив изглед.

Кокпитот е целосно дикгитализиран и опремен со два монитора ,средишниот ретровизор работи како паметен телегон и нема рамка, а има и автоматска клима со дотерување на микроклима во авотмобилот. Во багажникот има простор од 530 литри , а новиот А6 е и подолг и поширок од претходникот ( 4 939 мм /1 886 мм).

Погонскиот дел работи на принципот на милд хибрид со БАС систем. Работи бесшумно при брзина до 160 километри на час , при завбавувањето регенерира 12 кW , со што може да заштеди и до 0,7 литри на 100 километри.

До брзина од 100 километри стугнува за 5,5 секунди , со максимална брзина од 250км/час, што е импресивно за толку големо возило.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер