Облачно со локални врнежи од дожд и снег

Времето денеска ќе биде значително облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег претежно во планинските делови на запад и на исток



. Повеќе врнежи се очекуваат попладне, а снег е можен и на повисоките места и во котлините, особено во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Температурата од 1 до 7 степени.

Во Скопје претежно облачно со услови за појава на слаб дожд, кој на повисоките делови во котлината повремено ќе поминува во слаб снег особено попладне. Температурата до 5 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во Маврово има снежна покривка од пет сантиметри, три во Берово и два во Крушево. Најстудено изутрина во осум часот е во Маврово, каде се регистрирани минус четири степени, по што следи Крушево со минус три, Лазарополе и Берово со минус два, а минус еден во Пожаране и Ѓуриште.

Поради спуштање на студен воздух од север, денес и утре ќе има локални врнежи од дожд кои понекаде ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. На планините особено на запад и на исток врнежите ќе бидат од снег. Најмалку врнежи ќе има во централните делови од земјава. Појава на врнежи ќе има и во вторник, но само во крајните западните делови. Понинтензивни врнежи претежно од дожд се очекуваат во среда од средината не денот и особено во западните делови, каде што врнежите во текот на ноќта ќе бидат од снег. Ќе дува дува засилен југозападен ветер.

Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони

Руските вооружени сили денеска ја нападнаа енергетската инфраструктура во три украински региони, соопшти украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко.

Нападнати се објекти во областите Дњепропетровск, Ивано-Франковск и Лавов.

Халушченко информираше дека во нападот е оштетена енергетската опрема, а најмалку еден работник е повреден.

Тој на својот канал во апликацијата „Телеграм“ напиша дека сега се откстрануваат последиците од нападот.

Одбележување на Европската недела на имунизација во Градски парк во Скопје

 Под мотото „Заштитуваме генерации“, со детските ликови „Биби и Боби“ и детска балетска претстава, денеска во  Градскиот парк во Скопје, на отворената сцена „Школка“, ќе биде одбележана Европската недела на имунизација.

На настанот организиран од Министерството за здравство, заедно со Институт за јавно здравје, СЗО и УНИЦЕФ, поддржани од УСАИД и ЕУ, обраќања ќе имаат евроамбасадорот Дејвид Гир, специјалната претставничка на СЗО д-р Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ д-р Патриција ди Џовани и претставник од Министерство за здравство.

- Заедно да ја подигнеме свесноста за важноста на имунизацијата, како значаен сегмент за градење колективен имунитет, спречување епидемии и обезбедување здрави поколенија, истакнуваат од Министерство за здравство.

Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО

 Најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски е нов светски професионален првак во кикбокс на ВАКО ПРО во дисциплината К1, до 88,6 кг, откако синоќа во борба за титулата го совлада Берк Дузенли од Турција.

Бодрен во СЦ „Јане Сандански“ од домашната публика и навивачката група „Комити“, Илиоски го совлада актуелниот аматерски светски првак со судиска одлука од 2-1.

Илиоски во ноември лани го освои златниот медал на Светското ВАКО првенство во категоријата лоу кик до 86 килограми и ја обедини светската и европската титула.

За своите успеси на меѓународната сцена Илиоски беше избран за спортист на Македонија во 2023 година.

притисни ентер