Од британска палата е украдена златна WC школка (ФОТО)

18- каратната златна WC школка е украдена во текот на ноќта од палатата Бленхајм , во која се родил Винстон Черчил.

Крадците во раните утрински часови , околу 5 часот утринава, насилно влегле во палатата и ја украле златната школка вредна околу 5 милиони долари. Школката наречена ,,Америка” не е пронајдена , но полицијата уапсила еден 66- годишен маж како осомничен за кражбата.

Златната школка била изложбен предмет , дел од концептуалната изложба на уметникот Маурицио Кателан , што била отворена во четвртокот.

Поради грабежот , настанала поплава и значителна штета во палатата , бидејќи школката била вградена и функционирала како и секоја друга, па уметникот претходните два дена ги повикувал посетителите да ја користат. Уметникот ја проценува златната школка на над 5 милиони долари.

Палатата од каде е украдена златната тоалетна школка е на пописот на светското културно наследаство на УНЕСКО и е место каде што е роден поранешниот британски премиер Винстон Черчил. Додека трае истрагата , палатата ќе биде затворена за посетители.

Во палатата Бленхајм, тоалетот беше инсталиран веднаш до просторијата во која е роден Черчил. Каталогот на изложбата вели дека делото може да се процени како коментар за социјалната, политичка и економска разновидност на САД.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер