Од денеска намалени цени на над 3.000 производи супермаркетите во Грција

Од денеска стапуваат во сила четири владини мерки што имаат за цел трајно намалување на цените на конкретни производи.

Цените на над 3.000 производи за чистење и за лична хигиена, од денеска се очекува да бидат намалени и до 18 отсто во грчките супермаркети, според податоците од Министерството за развој на Грција, а во рамките на владините мерки за справување со инфлацијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од денеска стапуваат во сила четири владини мерки што имаат за цел трајно намалување на цените на конкретни производи.

Според една од мерките, добавувачите се обврзани да ги намалат понудите до компаниите за малопродажба за 30 отсто, со што се намалуваат и цените во маркетите, а вклучени се производи за чистење (детергенти за перење, за миење садови, средства за чистење од секаков вид итн.), како и производи за лична хигиена (шампони и регенератори, гелови за туширање, сапуни, пасти за заби, бебешки и детски пелени).

Цените на конкретните производи, според надлежното Министерство, се намалени од 12,7 со 18, 1 отсто.

Меѓу мерките е и воведување плафон на бруто профитната маржа на компаниите кои увезуваат, произведуваат и дистрибуираат бебешко млеко во Грција, што ќе резултира со првични намалувања на цената од околу 15 отсто.

Дополнително добавувачите на свежи производи, односно на овошје, зеленчук и месо, се обврзани нивните производи да ги продаваат по нето цени, што ќе придонесе за постепено намалување на цените на конкретните производи во маркетите.

Од Министерството за развој на Грција истакнуваат дека „главен приоритет на грчката Влада е заштитата на потрошувачите и правилно функционирање на пазарот што ќе доведе до намалување на инфлацијата“.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер