Од лижавчиња до угостителски услуги плаќала директорката на центарот за вработување

Машки чорапи, лижавчиња, смоки, мастики, козметики, се само дел од продуктите кои Слободанка Алексовска, поранешниот раководител на Центарот за вработување – Скопје , ги купувала на сметка на Агенцијата со што, за свои лични и семејни потреби го оштетила буџетот за околу 9. 000 евра, обвини денеска актуелната директорка Билјана Јовановска.

Алексовска е суспендирана, а донесена е и одлука за дисциплинска постапка, која ќе продолжи по локалните избори, вели Јовановска. На поранешната раководителка и се заканува и кривична пријава.

-Суспендираниот раководител на Центар за вработување на град Скопје од буџетот на АВРМ во 2016 има потрошено 429. 597, 00 денари (7 000 евра) и за првата половина од 2017 година 116. 625,00 денари околу 2 000 евра за свои лични и семејни потреби од маркети, молови, аптеки и слично, изјави Јовановска.

Алексовска се возела и со службени возила за време на викендите, слободните денови како и за време на нејзиниот годишен одмор, што е спротивно на Правилникот за користење службени возила, вели Јовановска. Од буџетот на Агенцијата, Алексовска во доцните вечерни часови и за време на викендите си плаќала угостителски услуги, обвинува директорката.

-Истата, спротивно на Правилникот за користење на службени возила надвор од работното време, после 16:30 часот, и тоа за време на викенди, за време на користење слободни денови и при користење на годишен одмор. Од буџетот на АВРМ трошела средства за патарини и паркинг услуги надвор од работното време во неработни денови и во доцни вечерни часови, вели Билјана Јовановска, директор на Агенција за вработување.

Јовановска уверува - нема да го следи примерот на нејзината претходничка. Ќе работела отчетно и транспарентно.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер