Од утре во земјава 14 пунктови за тестирање за коронавирус

Од утре почнуваат да функционираат вкупно 14 пунктови за земање материјали и брисеви за тестирање за коронавирус на територијата на целата држава. 

Во Скопје пунктовите ќе бидат сместени во поликлиниките „Чаир" и „Јане Сандански", а во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени информациите за сите центри ширум државата.

-Ќе се тестираат граѓани по епидемиолошки индикации и со закажување по претходна најава кај матичниот лекар кој ќе треба да пополни алторитам што ќе укаже на тоа дали граѓанинот треба да биде тестиран или не. По вчерашниот координативен состанок со Здружението на матичните лекари тие целосно се вклучија во поддршка на овој систем на идентификација на рано откривање, зголемување на пристапот на пациентите односно граѓаните прво до дијагностика, а после и до спроведување и извршување на тестовите, рече Филипче.

Повтори дека Кол-центарот е веќе во функција од викендот и оти тој за време на работните денови ќе работи и со зголемен капацитет на луѓе со цел да се избегне чекањето.

Тој ги повтори податоците кои претходно ги објави Министерството за здравство за бројот на нови случаи. Во изминатите 24 часа регистрирани се 29 нови случаи во нашата земја, Вкупно до 12 часот бројката е 114. По градови во Скопје 65, Дебар 36, Штип 7, Кавадарци и Охрид 2, Гостивар 1 и Куманово 1.

На Клиниката за инфективни болести во моментов се хоспитализирани 24 пациенти. Седум пациенти се континуирано на третман со кислородна поддршка, самокислородна маска 11 се веќе во стабилна добра здравствена состојба.

-Утре по истекувањето на 14 дена од воспоставување на дијагнозата кај 6 пациенти ќе се земе контролен брис. Од нив пет се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување на состојбата е поставена на респираторна машина, таа е во непроменета состојба во однос на неколкуте претходни денови, речње Филипче.

Министерот информира дека пациентите коишто се на домашно лекување се во континуирана комуникација со лекарите од Инфективната клиника, како и оти од утре ќе биде во целосна функција системот на комуникација со медицинската сестра одговорна токму за оваа работа и по потреба консултација со лекар специјалист во кое било време за проценка на нивната состојба.

Одговарајќи на новинарско прашање Филипче истакна дека има нови пациенти во Штип, кои биле повразни со патување во странство.

-Исконтактирани се сите контакти, нема потреба од паника, иако поред кажувањето на новодијагностицираните тие свесни дека доаѓале од странство биле во самоизолација. Јас тоа лично го проверив со локалните епидемиолози, го потврдија, чекаме уште една потврда во текот на денот, но се работи на нивните контакти во рамките на семејствата. Нема простор за паника, само нека се почитуваат сите мерки, рече Филипче.

Во врска со полициски час, министерот Филипче, појасни дека тој не ваќи за здравствени работници со соодветен терк, припадници на МВР, на Армијата.

-Се разбира на сите други компании коишто мора редовно да ги спроведуваат обврските во интерес на граѓаните, како и производствените капацитети на храна кои имаат и работно време во текот на ноќта донесен е заклучок дека самите компании издаваат пропусници тогаш кога имаат вработени во три или четири смени и согласно тие пропусници тие ќе може да се движат кон нивните работни места, рече Филипче. /МИА

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер