Одбојкарките на Работнички Скопје ја одбранија шампионската титула

Со максимални 3:0 во финалната серија, одбојкарките на Работнички ја совладаа екипата на Струмица жени и го освоија шампионскиот трофеј.

Вечерва во Струмица во мечот број 3 од финалето на плејофот, Работнички славеше со 3:0 и без изгубен сет стигна до целта.

Струмица жени која сезонава го освои трофејот во Купот на Македонија, ќе чека друга шанса за да се искачи на тронот во македонското првенство.

Кина објави симулација од напад врз Тајван: Да го уништиме крвотокот на независноста (ВИДЕО)

Источната команда на Народноослободителната војска на Кина објави видео симулации на нејзините ракетни сили кои во петокот извршиле масовен напад врз Тајван.

Симулацијата од 70 секунди е создадена со комбинација на анимација и снимка и прикажува воени бродови, копнени ракетни фрлачи и ловци кои лансираат проектили на островот, објави Бизнис Инсајдер.

„Уништете го столбот на независноста на Тајван! Удри ја основата на независноста на Тајван! Пресечете го протокот на крв на независноста на Тајван!“ стои во видеото.

Видеото е објавено додека Кина спроведува воени вежби „Заеднички меч-2024А“ околу Тајван. Борбени авиони целосно го опколија Тајван за време на вежбите.

Вежбите дојдоа откако новиот претседател на Тајван, Лаи Чинг-те положи заклетва и веднаш ја нападна владејачката партија во Кина во неговиот инаугуративен говор. Пекинг ги осуди неговите забелешки како „признавање на независноста“ и ги распореди своите сили како „силна казна за сепаратистичките акти на силите кои се борат за независност на Тајван“.

Кина постојано го критикуваше Лаи како „сепаратист“. Тој ги отфрла тврдењата на Пекинг за суверенитет и вели дека само народот на Тајван може да одлучи за својата иднина. Неколку пати се понудил да разговара, но бил одбиен. Говорејќи на состанокот на неговата владејачка Демократска прогресивна партија (ДПП) во јужниот град Таинан, Лаи ја повика Кина „да сподели голема одговорност за регионалната стабилност со Тајван“.

Гол патник трчал низ авион во лет и турнал стјуардеса на под- авионот се вратил назад

Патник на „Вирџин Австралија“, кој наводно претрчал гол низ кабината на авионот за време на лет, бил приведен откако авионот се вратил на аеродромот Перт (PER) во Австралија, по инцидентот.

Боингот 737 на Вирџин Австралија бил на лет до аеродромот во Мелбурн (MEL) на 27 мај 2024 година кога еден човек „станал насилен“, известува Аеротајм.

Освен што трчал низ кабината, патникот наводно соборил на подот член на екипажот на Вирџин.

Австралиската федерална полиција (AFP) го привела мажот кога авионот се вратил на аеродромот во Перт малку пред 20:00 часот по само еден час лет, објави ABC News Australia.

„Можеме да потврдиме дека во понеделник, 27 мај, летот VA696 Перт за Мелбурн беше вратен во Перт“, се вели во соопштението. „По пристигнувањето во Перт, леталото го пречека австралиската федерална полиција и насилниот гостин беше симнат“, се вели во соопштението на авиокомпанијата „Вирџин“.

АФП, исто така, потврди дека по апсењето, патникот бил пренесен во болница на евалуација.

„Полицајците на АФП уапсија маж откако тој, наводно, истрча гол низ авионот среде лет и собори член на екипажот на подот“, изјави портпаролот на АФП.

Точните обвиненија со кои ќе се соочи човекот сè уште не се финализирани, но се очекува тој да се појави на суд на 12 јуни.

Келнер сакал да направи спектакл, па направил хаос во ресторанот (ВИДЕО)

Тиктокерката Морган Петит објави урнебесно видео од ресторан, кое за кратко време „собра“ 3,6 милиони прегледи.

Во преден план е келнерот кој сакал да им приреди спектакл на гостите додека го послужувал стекот, но работите тргнале наопаку.

Штом го запали огнот, што е вообичаена практика во полуксузните објекти, една гостинка извика: „Внимавај на прскалките“.

И се разбира, таа беше во право, бидејќи секунда подоцна настана хаос. Имено, прскалките се дел од противпожарниот систем, а реагирале на топлина и чад.

Гостите се разотидоа, а неколкумина ја снимија нереалната сцена. Корисниците на социјалните мрежи се пошегуваа на сметка на несмасниот келнер.

@lorgiemayne Tomahawk Steak fire gone wrong!!💦🥩 #firealarm #ohno #yikes #restaurant #splashzone ♬ original sound - Morgan Pettit

„Веројатно се измолкнал од ресторанот и никогаш не се вратил“, напишала една личност.

Друг продолжи: „Несреќниот ќе има кошмари до крајот на животот“.

притисни ентер