Официјално: Бордот на ФИБА ја призна реорганизираната АБА лига

Бордот на Светската кошаркарска федерација (ФИБА) едногласно на денешниот состанок во Будимпешта ја призна реорганизираната АБА лига.

Состанокот на владејачкото тело на ФИБА , е одржан денеска во Будимпешта пред големото финале на женското Европско првенство меѓу Франција и Србија.

ФИБА во март годинава го повлече признавањето на АБА лигата , а како причина за тоа го наведе несогласувањето на правилата на натпреварувањето со генералниот статут и правилник на федерацијата.

Во меѓувреме претставниците на клубовите кои настапуваат во лигата и нивните федерации по низа на состаноци и заеднички напори договорија управувачката и сопственичката структура на лигата да биде во рацете на клубовите. По корекција на документите , ФИБА во петокот во доцните вечерни часови соопшти дека регионалната АБА лига ги исполни сите услови за признавање според генералниот статут на ФИБА, што беше верификувано денеска на бордот во Будимпешта.
Со ова признавање на АБА од страна на ФИБА; клубовите учесници во лигата со настапот низ регионалната лига ќе може да остварат пласман во Еврокуповите, под капа на УЛЕБ и Еврокупот , а со тоа да не стравуваат дека нивната федерација ќе добие некоја санкција поради тоа.

УЕФА може да не дозволи Жирона да игра во Лигата на шампионите

Европската фудбалска асоцијација предложи „City Football Group“, инвеститор во Манчестер сити и шпанска Жирона, да го намали својот удел во каталонскиот клуб. 

Во спротивно, организацијата може да воведе санкции и да ги спречи бело-црвените да учествуваат во Лигата на шампионите за сезоната 2024/25, пишува „Тајмс“.

Уделот на „City Football Group“ во Манчестер сити е 100%, а во Жирона е 47 %. Двата тима се квалификуваа за Лигата на шампионите следната сезона. Сепак, прописите на УЕФА забрануваат учество на неколку клубови со ист сопственик на ист турнир.

За тимовите да учествуваат во Лигата на шампионите, „CFG“ ќе мора да го намали својот удел во еден од клубовите на помалку од 30%. Доколку не се почитуваат правилата до 3 јуни, Жирона нема да добие дозвола за ЛШ и ќе биде префрлена во Лига Европа.

Претходно, Жирона за прв пат во својата историја се пласираше во европските купови. По 36 кола во шпанската Ла Лига, тимот е на третото место со 75 бодови.

Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми

Граѓаните можат да пријават косење на трева, реконструкција и санација на урбана опрема или собирање смет на Јавните површини под надлежност на Општина Центар на телефонскиот број 076350767. 

Општина Центар и ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ги потсетуваат граѓаните дека проблемите поврзани со Јавната чистота и други комунални проблеми можат да ги пријават на општинските служби и хигиеничарите на ПОЦ истите да ги решат. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски известува дека досега на телефонската линија во ПОЦ се јавиле 159 граѓани кои побарале одредена услуга и за истата добиле решение.

„Ги повикувам граѓаните да ги пријавуваат проблемите. Хигиеничарите ги извршуваат своите дневни обврски по реони меѓутоа сме свесни дека многу брзо откако ќе исчистат на одредена локација за кратко време може да се направи мала депонија или слично, затоа упатувам апел граѓаните да ги пријавуваат проблемите на телефонскиот број со цел службите побрзо да ги решаваат проблемите со Јавната хигиена. Во делот на урбаната опрема службите на ЈП ПОЦ може да ги побарате и доколку во вашата околина има кршена клупа која треба да се реконструира, искршена лулашка или слично. Верувам дека ова ќе придонесе да имаме побрзи резултати и зголемување на Јавната хигиена во општината“, повикува градоначалникот Герасимовски.

Герасимовски исто така праќа апел, граѓаните да пријавуваат собирање на кабаст отпад во сопствените домови, а не кревети, вц школки и одредени габаритни работи да исфрлаат сами и истите да стојат на одредена локација со денови. Општината Центар потенцира дека доколку граѓаните бидат начекани дека оставаат кабаст отпад пред контејнерите истите ќе бидат санкционирани од страна на комунален инспектор. Во меѓувреме цистерната на ПОЦ неколку пати во неделата ги мие улиците и контејнерите со цел да ја отстрани непријатна миризба и да ги освежи улиците од насобрана прашина.

Општина Центар - Скопје

Шестмина приведени поради тоа што и помагале на Русија да изврши напад во Доњецк

Шест лица се приведени под обвинение за превдавство дека и помагале на Русија да изврши напад врз станбена зграда во источниот регион Доњецк, соопшти денеска украинската служба за безбедност СБУ.

Руски проектили „Искандер“ го погодија градот Покровск на 7 август 2023 година, при што загинаа девет лица, а беа повредени десетици други во напад што оштети станбен блок.

„Контраразузнавањето на СБУ неутрализираше група руски воено разузнавачки агенти во регионот на Доњецк. Шест руски агенти се истовремено приведени“, соопшти СБУ.

Според СБУ, осомничените биле регрутирани од „руското воено разузнавање“ преку про-Кремљ Телеграм канали.

Групата подготвила и „координати за ракетни напади“ врз украинските бази во близина на градот Авдивка, кои паднаа во рацете на руските сили по тешките борби во февруари, соопшти СБУ.

Сите шестмина беа обвинети за велепредавство и сега „се соочуваат со доживотен затвор“, се вели во соопштението.

притисни ентер