Огромна рација во Германија со 1.000 полицајци, се бараат терористи и нивни финансиери

Германската полиција денеска извршила претреси на десетици објекти на запад и север од земјата и уапсиле десет лица осомничени за перење пари и финансирање тероризам.

Во акцијата, која се уште трае, според полициското соопштение, учествуваат повеќе од 1.000 полицајци, вклучително и припадници на специјалните единици.

Акцијата е спроведена по наредба на државното обвинителство во Диселдорф, која спроведува истрага против припадниците на т.н. хавала мрежа преку која трансферите на пари од Западна Европа, претежно од Германија и Холандија, се префрлаат на сметки во Сирија и Турција.

Ваквите плаќања се дозволени во Германија само преку контролирани банкарски мрежи, што во т.н. havala-трансакција не е случај. Трансферот на пари, кој, како што објавија од јавниот сервис WDR, главно потекнува од криминални активности како што е шверц со дрога, исто така се врши т.н. со непарични средства, каде што во Германија се купуваат големи количини злато и се шверцуваат во Турција и Сирија и се продаваат таму.

Преносот на материјали се врши и преку купување камиони во западна Европа, кои потоа се продаваат со профит во Турција и Блискиот Исток. Како резултат на тоа, денешното пребарување се фокусира и на неколку бродски компании на северот и западот на Германија.

Властите случајно ја откриле мрежата минатата година за време на сообраќајна контрола, при што пронашле непријавени 300.000 евра во багажникот на Сириец и Германец кој преминал во ислам.

И двајцата се обвинети за помагање на војниците на Исламска држава во Сирија, а подоцна и со перење пари за членови на екстремистичката група Ал Нусра. Но, повеќето од перените пари, според WDR, биле искористени за приватно збогатување на поединци, а не за финансирање на терористичките групи.

THISAM 2024 – Меѓународна академија за новинари ќе се одржи во Солун од 5-12 јули

Високата школа за новинарство и масовни комуникации при Универзитетот Аристотел во Солун (АУТ), во соработка со Катедрата за европска јавна дипломатија Жан Моне и ценети партнери, ја организираат годишната меѓународна летна академија за медиуми.

Овој настан обединува динамична група новинари со почетничка кариера, студенти, медиумски претприемачи, научници и лидери од невладини организации и медиумската индустрија.

THISAM 2024 ќе се одржи од 5-ти до 12-ти јули во Солун, Грција. Темата за оваа година, „Откривање на утрешните медиуми: предизвици и алатки во комуникацијата“, има за цел да ја истражи иднината на медиумите и комуникацијата, да одговори на тековните предизвици и да ги испита иновативните алатки.

Овој интензивен мултидисциплинарен курс за обука е дизајниран да понуди длабинско знаење и силни вештини за клучните теми и напредок во медиумите и комуникацијата.

Краен рок за пријавување: 31.05.2024

Исто така, од Грчката амбасада информираат дека конференцијата „Глобални медиуми и култура“ ќе се одржи во Солун од 3-4 јули, во организација на THISAM (Мировна новинарска лабораторија, Факултет за новинарство и масовни комуникации, Аристотел универзитет во Солун, Грција). Институт за култура на конвергенција (Универзитет Халим, Кореја), Соработка на знаење за добро владеење (Сеул, Кореја) и Глобални медиуми и Кина (Сејџ).

Темата на конференцијата е „Струите на глобалните медиуми и култура“.

За повеќе информации посетете ја: https://joursummerschool.org/index.php/thessaloniki-conference/thessaloniki-conference-2024

На длабочина од 1.000 метри е снимено страшно суштество- има светлечки пипала (ВИДЕО)

Многу луѓе се плашат од морињата и океаните поради суштествата кои демнат во длабочините, од кои некои се навистина морничави.

Истражувачите од Универзитетот во Западна Австралија и организацијата „Kelpie Geosciences“ објавија видео снимено во јужниот дел на Пацификот на 8 мај, кое го одзема здивот.

Суштеството снимено на 1.026 метри длабочина изгледа како да „излегло“ од нечиј кошмар, а научниците наведуваат дека „ретко се гледа“.

Тие ги истражувале темните длабочини, користејќи подморница, кога џиновската лигња, позната како Taningia danae, се нафрлила на камерата.

Ги рашири пипалата, веројатно мислејќи дека го обезбедила ручекот. Овој вид, инаку, е познат по двете големи фотофори на крајот од пипалата кои произведуваат биолуминисценција, пренесува LadBible.

Па така, лигњата која достигнува максимална должина од 2,3 метри и тешка до 160 килограми, има „фарови“ за полесно движење во мрак!

Во исто време, тие служат за да го збунат и измамат пленот.

„Додека го гледавме видеото, сфативме дека камерата е „нападната“ од Taningia danae“, велат истражувачите.

Врховен судија е фатен со 10.000 евра мито

Полициски извори за Телма потврдија дека денеска со истрага бил опфатен врховен судија поради сомнеж за барање мито и за поткуп.

Според информациите на Телма, судијата бил фатен со 10.000 евра. Во моментот се во тек активности поврзани со судискиот имунитет.

За имунитетот на судиите е задолжен Судскиот совет, а при истраги за судии, сите мерки кои се бараат од страна на надлежните органи за истражување треба да бидат одобрени од Судскиот Совет кој треба да биде известен за тоа.

Според последните информации станува збор за судија со иницијали Н.Г. Од обвинителството за Телма кратко одговорија дека немаат информации. Истрагата за случајот ја спроведува МВР.

притисни ентер