Океаните на Европа се солени и погодни за живот

Океаните на големата месечина на планетата Јупитер, Европа, се солени и слични на морињата на Земјата.

Научниците според истражувањата врз основа на податоците од вселенскиот телескоп Хабл , утврдиле дека под замрзнатата површина на месечината Европа има солена вода, погодна за развој на живот.

Научниците сметаат дека некаква форма на живот би можела да се развива во иднината или се развивала некогаш во далечното минато на сателитите Енчелада и Европа , кои кружат околу огромните планети Сатурн и Јупитер.

Претходно се верувало дека на Европа има сулфурни слоеви , но научниците од Институтот за технологии на Калифорнија , предводени од професорката Саманта Трумбо , забележале натриумов хлорид , односно сол.

Трумбо и тимот научници ги анализирале податоците од вселенскиот телескоп Хабл. ,,Доколку подземните океани се полни со натриумов хлорид , тоа значи дека личат на нашите океани . Кога би можеле да ја лижнеме солта од Европа , најверојатно би била солена и би го имала познатиот вкус.” вели професорката.

Затоа НАСА планира во наредните неколку години да се насочи во потрага по живот на Европа . Така , се планира до 2023 да биде пратено летало , кое би истражувало дали на Европа има аминокиселини , што се основа за живот.

Во март 321 одобрение за градење, од 1013 предвидени станови 607 во Скопје

Илјада и тринаесет станови се предвидени за изградба со издадните  321 одобрение за градење во март годинава, а повеќе од половина од становите, 607, се во Скопскиот регион, покажуваат податоците што ги објави денеска ДЗС.

Бројот на одобренијата за градење во март годинава е за 22,7 проценти помалку во однос на истиот месец од лани. Предвидената вредност на објектите изнесува 5 855 367 000 денари, за 4,8 проценти повеќе споредено со истиот месец од претходната година.

Најмногу одобренија се издадени во Скопскиот регион, 101, по што следуваат Полошкиот, 65, Југоисточниот, 41, Источниот 34, Југозападниот 25, Вардарскиот, 22, Пелагониски, 21. Со најмалку одобренија, 12, е Североисточниот регион.

Од вкупниот број одобренија, 193 (60,1 процент) се наменети за објекти од високоградба, 56 (17,5 проценти) од нискоградба и 72 (22,4 проценти) за објекти за реконструкција.

На 200 објекти (62,3 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 121 (37,7 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Како што наведува ДЗС, во извештајниот период е предвидена изградба на 1 013 станови, со вкупна корисна површина од 72 506 метри квадратни. Од 607-те станови предвидени во Скопскиот регион, 487 се во Општина Ѓорче Петров, 44 во Општина Петровец, 43 во Општина Гази Баба, 19 во Општина Аеродром, а по четири стана во Центар и во Сопиште.

Статистичките податоци од почетокот на годинава покажуваат дека во јануари годинава биле издадени 256 одобренија за градење, со предвидена изградба на 615 станови, а во февруари 387 одобренија за градење, со предвидени 951 стан од кои 606 во Скопскиот регион

Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска

 Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска му го додели мандатот за формирање влада на претседателот на партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ) и технички премиер Андреј Пленковиќ.

„По поднесувањето на потписите на 78 избрани пратеници на 11-от состав на хрватскиот Сабор, ми беше доверен мандатот за формирање на хрватската влада. И во третиот мандат продолжуваме да работиме за добробит на Хрватска“, најави Пленковиќ на социјалната мрежа Икс.

Пленковиќ утрово му ги предаде на претседателот Милановиќ потписите потребни за формирање влада согласно уставната процедура за доделување мандат. По кратката средба во кабинетот на претседателот немаше изјави за новинарите.

Пленковиќ вчера соопшти дека ги има потребните 76 потписи на пратеници за формирање на третата влада, откако ХДЗ се договори за формирање парламентарно мнозинство со десничарското Татковинско движење.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ја свика првата седница на Парламентот за четврток, 16 мај.

Филмски грабеж во стриптиз клуб во Атланта - крадците „оперирале“ два часа и однеле куп пари

Крадци се качиле на покривот на стриптиз клуб во Атланта, се спуштиле низ дупката што ја издупчиле и украле 250.000 долари од сефот на објектот.

Провалниците, облечени во ски-маски и ракавици, успеале да упаднат во „Onyx Gentlemen's Club“ во Атланта без да го активираат алармот, објави Вашингтон Тајмс.

Двајцата осомничени со себе донеле електрични алати и откако се прикрале во сефовите, ги отвориле со електрични алати, соопшти полицискиот оддел на Атланта.

Полицијата во Атланта не соопштила како крадците се качиле на покривот.

Тие поминале низ таванот правејќи дупка, според ТВ-ВСБ.

Исто така, банкоматите во клубот биле превртени и оставени наопаку, но полицијата соопшти дека машините не биле оштетени и дека не им биле одземени пари.

Осомничените го напуштиле местото на настанот по околу два часа откако упаднале, повторно без да се вклучи алармот.

притисни ентер