Околу 300 изведувачи на 40. Фестивал „Пеце Атанасовски“

Советот на фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ денеска на прес-конференција го најави почетокот на јубилејното, 40-издание на фестивалот, на која директорката Весна Атанасовска-Вучиќ соопшти дека се завршени сите подготовки.

- Годинава на Рудина кај Долнени на 4-ти и 5-ти вечерта ќе настапат околу 300 изведувачи на народни инструменти и песни од сите краишта на Македонија. Се пријавија дури 700 учесници, а е направена селекција на 300 учесници, рече Атанасовска-Вучиќ.

На камената бина на плоштадот „Александрија“ во центарот на Прилеп вечер ќе биде промовирана монографијата за јубилејот на фестивалот насловена „Непресушен извор“ од новинарот Елизабета Митреска.

- Монографијата ќе ја промовира професор д-р Родна Величковска од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје. Финансиски е поддржана од Министерството за култура и од општина Прилеп. На 130-ина страници, на македонски, англиски и на француски низ слика и збор се следи растежот и развојот на фестивалот кој го презентира богатиот македонски изворен фолклор во и надвор од земјава. Оваа манифестација е една од најмасовните во земјава и досега учествувале над 9.000 исполнители на изворен мелос од земјава и странство, рече Атанасовска-Вучиќ.

Утревечер на Рудина кај Долнени е првата фестивалска вечер. В сабота од 11 часот три групи учесници на три локалции во центарот на Прилеп ќе исполнат песни. В сабота напладне во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе се одржи трибина „Форми и содржини за презентација на изворниот фолклор“. Модератори на трибината се професор д-р Ѓоко Ѓорѓиев, професор Ана Марија Боја од Унгарија, проф. д-р Родна Величковска и професор Катерина Петровска-Кузманова од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје, Захаринка Милосављевиќ и проф. д-р Илчо Јованов, декан на ФМУ при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

В сабота вечер на Рудина кај Долнени е втората натпреварувачка вечер кога и ќе бидат прогласени најдобрите учесници на годинашново, јубилејно 40 издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.

Деновиве, од 2-ри до 5 јули во ученичкиот интернат „Орде Чопела“ се одржува Семинарот за изучување народни инструменти и изворен мелос, кој го води проф. д-р Ѓоко Ѓеорѓиев. Пристигнаа 18 учесници од Македонија, Бугарија и од Грција.

Јелена Карлеуша најави што ќе објавува на „OnlyFans“: Тоа не е дозволено на „Instagram“

На „Instagram“  ја следат речиси два ипол милиони следбеници, но и покрај тоа, оваа социјална мрежа има многу ограничувања, кои се „проблем“ за Јелена Карлеуша.

Иако многумина се надеваа дека содржината на пејачката на „OnlyFans“ ќе биде многу поексплицитна, таа проговори на оваа тема и објасни за што всушност се работи.

„Instagram ги заостри правилата и ја санкционира секоја поексплицитна содржина, па дури и фотографии во бикини. Затоа сум на „OnlyFans“. Реакциите се како да најавив снимање на порно, секакви работи“, изјави Јелена Карлеуша за Информер. .

Извор: Аваз

Членките на ЕУ одобрија построги ограничувања за CO2 за камиони и автобуси

Земјите-членки на Европската унија денеска одобрија нов закон со кој ќе се заострат ограничувањата за емисиите на јаглерод диоксид (CO2) од тешките патни возила, како камиони и автобуси.

Како што пренесе ДПА, законот ќе ги прошири правилата согласно кои моментално се регулираат камионите со тешки товари за да ги опфатат урбаните автобуси, автобусите и приколките.

Просечните емисии на CO2 за големите патни возила треба да се намалат за 45 проценти до 2030 година, 65 отсто до 2035 година и 90 проценти до 2040 година, во споредба со нивоата од 2019 година. Урбаните автобуси не би требало воопшто да испуштаат CO2 до 2040 година и да ја исполнат целта за намалување од 90 отсто до 2030 година.

Ограничувањата беа привремено договорени во јануари од Белгија, дејствувајќи во име на земјите-членки на ЕУ и преговарачите за Европскиот парламент. Највисоките дипломати потоа му дадоа зелено светло на тој договор во февруари, отворајќи го патот за позитивно гласање во Европскиот парламент во април.

Денешната одлука на министрите од земјите-членки е последниот чекор. Се очекува Европската комисија да го разгледа влијанието на законот во 2027 година.

Во соопштението за печатот на ЕУ се вели дека тешките возила се одговорни за 25 отсто од емисиите на стакленички гасови од патниот транспорт во ЕУ. Првите ограничувања за такви возила беа поставени во 2019 година. /МИА

Британскиот крал Чарлс му предаде воена улога на принцот Вилијам

Британскиот крал Чарлс официјално му ја предаде улогата на врховен полковник на армискиот воздушен корпус на принцот Вилијам за време на посетата на аеродромот во Хемпшир.

Чарлс, кој е инаугуриран носител на оваа титула веќе 32 години, попладнево се сретна со својот најстар син во редок заеднички официјален ангажман во базата Мидл Валоп за да му ја пренесе улогата.

Воздухопловниот корпус на Армијата е старата единица на војводата од Сасекс, во која служеше како командант на хеликоптер Апачи и копилот-стрелец за време на неговата втора воена служба во Авганистан во 2012 година.

Одлуката на кралот да му ја предаде улогата на Вилијам се сметаше за удар за Хари кога беше објавена минатата година.

Кралот рече дека е „голема радост“ да се сретне со војниците, нивните семејства и ветерани при претходна посета на Музејот на военото воздухопловство, но додаде дека предавањето било „преплавено со голема тага“.

- Се надевам дека во иднина ќе бидете се поуспешни со принцот од Велс како ваш нов врховен полковник, рече крајот Чарлс.

- Одлична работа е што тој навистина е многу добар пилот – па тоа е охрабрувачки, додаде британскиот крал. /МИА

притисни ентер