Оливер Спасовски во посета на Прилеп

Министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски денес го посети Прилеп, неговата посета ги опфати прилепската полициска станица и локалната самоуправа.

„Денеска сме во посета на Полициската станица во Прилеп и локалната самоуправа, а заедно со градоначалникот Илија Јованоски присуствувавме и на седницата на Локалниот совет за превенција. Безбедносната состојба во општината, како впрочем и на територија на целиот СВР Битола е стабилна и бележиме добри резултати во работењето, особено во откривачката дејност, што значи дека е зголемена ефикасноста на полицијата, а со тоа и безбедноста на граѓаните“, рече министерот Оливер Спасовски во изјавата за новинарите по денешната посета на Прилеп.

Полициската станица Прилеп бележи значителни резултати и податоците покажуваат пад на криминалитетот и зголемување на ефикасноста на работењето, а се бележи пад и на бројот на сообраќајни несреќи, особено оние со смртни последици. И фестивалот на пивото кој завршува денеска се одвива мирно, со исклучок на еден изолиран инцидент кога во кафуле во петокот беше најдена школска бомба која нема експлозивно полнење и немаше повредени ниту материјална штета. Полицијата работи на расчистување на случајот и веќе има преземени дејствија.

„Со градоначалникот Јованоски разговаравме за соработката меѓу локалната самоуправа и полицијата, а се разбира, разговаравме и за плановите за идна соработка. Заедно присуствувавме и на седницата на Локалниот совет за превенција, меѓуинституционално тело кое е извонредна можност за навремено и точно детектирање на сите предизвици важни за функционирањето на една средина“, рече Спасовски.

Учеството во работата на Локалниот совет за превенција за Министерството за внатрешни работи е од исклучителен интерес како во поглед на продлабочување на комуникацијата со граѓаните, така и во поглед на интензивирање на соработката особено во контекст на нашата примарна цел да ја етаблираме полицијата како реален сервис на граѓаните. Само преку континуирана комуникација меѓу граѓаните и полицијата можеме да целиме кон подобрување на квалитетот на живеење.

„Сакам уште еднаш да потенцирам дека ги преземаме сите неопходни мерки за санкционирање на било каков криминал, а особено на организираниот криминал и корупцијата. Ја користам и оваа прилика преку вас медиумите да ги повикам граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на корупција, заеднички да се бориме против криминалот и корупцијата. Гледате дека граѓаните се сега охрабрени затоа што гледаат дека институциите функционираат. Ние докажавме дека за нас криминалот не познава партиски и други бои и дека принципиелно и бескомпромисно сме за борба против него. Законите важат за сите, а ние јасно покажуваме дека преземаме мерки против сите: политичари, вработени во МВР...без никаков пардон. Така и ќе продолжиме“, рече Спасовски.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер