ОПМ: Граѓаните да бидат солидарни, да не ги стигматизираат лицата со КОВИД-19

ОПМ денеска промовира три нови брошури – за управувањето во зградите и за комуналаните услуги (вода и смет).

Да не се стигматизираат луѓето со КОВИД-19. Ако живеат во згради и особено ако се повозрасни лица, станарите да бидат солидарни и да им помогнат – доколку е потребно да им испазарат, да им достават до дома прехранбени намирници или да им го изнесат сметот, порачува Организацијата на потрошувачи на Макдонија (ОПМ).

ОПМ денеска промовира три нови брошури – за управувањето во зградите и за комуналаните услуги (вода и смет). Притоа апелира, граѓаните да не оставаат се на институциите и градските служби, туку и сами да се погрижат за квалитетот на животот – да се однесуваат со почит кон ресурсите, да штедат повеќе вода, да не фрлаат ѓубре од балкон или во влез, да се грижат за хигиената и дома и надвор.

– Посебно сакаме да истакнеме дека во овие услови, на КОВИД, мора сите да носат маски. Мерките за заштита мора да се почитуваат. Мора да бидеме совесни. Кога некој се вози во лифт или е во продавница, не смее само да има маска и таа да му „виси" под носот, на брадата, туку мора да му биде правилно ставена. Мора да водиме сметка не само за себе, туку и за другите луѓе, вели за МИА претседателката на ОПМ, Маријана Лончар Велкова.

Проблемите со јавните услуги, нагласува, постојано се тема на Советот за заштита на потрошувачите. Поплаки до ОПМ пристигнуваат, но не во голем обем.

-Од вкупниот број поплаки на граѓаните, на оние за јавни услуги отпаѓаат околу 25 – 30 отсто. Бројката секако не е занемарлива, но сметам дека мора да работат двете страни – и граѓаните на себе, но и институциите во однос на своите обврски. Периодов е актуелно тоа што многу граѓани добија високи сметки за вода и затоа нашата препорака е да ги читаа броилата. Исто така, не е решен проблемот со одложување кабаст смет, најчесто од луѓето кои живеат во куќи и ги уредуваат своите дворови, сечејќи трева или жива ограда. Сето тоа се фрла во контејнерите што не е најдобро решение. Можеби треба да се размисли за некоја служба која ќе биде на повик и ќе наплаќа за услугите на пример еднаш месечно, напоменува Лончар Велкова.

Според Мартина Грнчаревска од ОПМ, во однос на домувањето, граѓаните највеќе се жалат на бавното реагирање на управителите на зградите. Нема тековно одржување иако обврските се точно наведени во договорите и станарите редовно ги плаќаат. Долго се чека да се поправи лифтот, да се смени осветлувањето или да се поправи некоја инсталација.

-Во однос на комуналните услуги, граѓаните во овој период не само што се соочија со повисоки сметки за вода, туку на многу им беа доставени и застарени побарувања. Наш апел во ваков случај е да знаат каде да се обратат. Повеќето не реагираат веднаш во ОПМ, најпрво се обраќаат до комуналното претпријатие. Но, имаат опција да достават барање и до комунален инспектор што го има секоја општина. Слободно може да се обратат до нас, да им помогнеме околу креирањето на барањето, истакнува Грнчаревска.

Реакции на граѓаните многу често, додава, има и за преполнетите контејнери.

„Права и обврски на потрошувачите при користење на услугите на ЈП 'Водовод и канализација – Скопје'", „Управување со згради" и „Кои се правата и обврските на потрошувачите за услугите кои ги дава ЈП „Комунална хигиена", се трите нови брошури што ги изготви ОПМ. Нивната промоција се одржува во „Сити мол",во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите на Град Скопје и е согласно сите протоколи за заштита. Брошурите може во целост да се прочитаат на веб страницата на ОПМ. Организацијата на потрошувачи која, како што вели Лончар Велкова, не го поддржува т.н. црн петок, туку е единствено за зелен петок, на посетителите им подели и заштитни маски.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер