Организаторката на протестите против абортусот во Полска доби 8 години затвор

Обвинетата е една од организаторите на протестот против забраната за абортус во Полска, Марта Лемпарт и и се заканува казна од осум години затвор, соопшти денеска државното обвинителство на Полска.

Една од водачите на заедницата „Женски штрајк“ е обвинет за „загрозување на здравјето и животот на другите со предизвикување епидемиолошка опасност за време на пандемијата на ковид-19“, рече Александра Скржињарс, портпарол на канцеларијата на обвинителството во Варшава.

Лемпарт, кој се изјаснила за невина, одбила да сведочи и била ослободена.

Таа е обвинета и за навреда на полициски службеник и плукање по него и за поттикнување напади врз цркви во радио интервју.

Конзервативната националистичка влада „го спроведува кривичниот закон против граѓаните затоа што ги губи процесите според кривичното право во судовите“, рече Лемпарт за весникот „Газета Виборча“.

Судовите ослободиле неколку лица приведени од полицијата за време на протестот.

Марта Лемпарт е една од иницијаторите на протестите што започнаа низ цела Полска во октомври по одлуката на уставниот суд за забрана за абортусот дури и во случај на повреда на фетусот.

Абортусот сега е забранет во Полска, освен во случај на силување, инцест и ако животот на мајката е во опасност.

Протестите продолжија во јануари откако одлуката на судот била објавена во службен весник и стапил на сила.

Полска, главно католичка земја, има еден од најрестриктивните закони против абортус во Европа.

Според официјалните податоци, денес во Полска има помалку од 2.000 легални абортуси годишно. Феминистичките организации проценуваат дека околу 200.000 абортуси секоја година се вршат нелегално или во странство.

Николоски: Планираме гарантирани цени на откуп за клучните сорти грозје

Денеска сме во посета на Винскиот музеј во Кавадарци, ќе имаме средба со производителите на вино, за жал состојбата не е добра од сето она што можам да го прочитам како анализа и како податоци производството е намалено, извозот е намален.

Производството е намалено некаде за околу 8 милиони литри, а додека извозот е намален за околу 4 милиони евра годишно, така да тоа се лоши цифри. Споредувам 2023 година со 2016 година и тоа се лоши цифри кои говорат дека не се води правилно политика во делот на производството на вино.

Тука мислам дека една од причините е лошата политика на субвенционирање, ниските откупни цени на грозјето, но исто така и монополот кој го имаме во производството на вино и на пазарот, ќе треба сериозно да работиме во однос на поправање на работите на секторот.

Она што планираме да го направиме е да имаме гарантирани цени на откуп, во однос на клучните сорти на грозје, исто така промена на системот на субвенции кој ќе значи повеќе субвенции за производителите.

Возобновување на водоснабдителните системи и изградба на нови. И секако, можеби најзначајното, возобновување на Повардарие со цел да се зголеми конкуренцијата и да, исто така, се подобрат цените и се подобри производството.

Во однос на малите и средните винарии, планираме целосно нов систем на субвенционирање со цел да ги поттикнеме да растат, да извезуваат и да се борат и на домашниот пазар, но секако и на меѓународниот пазар, затоа што сметаме дека малите и средни винарии, она што се нарекува семејни винарии, средни винарии се иднината на Македонија и таму што ќе можеме да понудиме најдобар производ.

Еве ќе поразговараме сега, ќе можеме да ги видиме и другите детали, но ова е она што во суштина на нашата политика,рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.

Финансии побара да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите

Осигурителните компании да ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците, бара Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која денеска на седница го разгледа извештајот за зголемените цени...

До утре имаат рок осигурителните компании да ги вратат цените на осигурителните полиси по старо. Ова е епилогот од состанокот во министерството за финансии откако пред една недела осигурителните компании ги зголемија цените на осигурувањето при регистрација на возилата за 15%.

„На состанокот Комисијата му укажа на Националното биро за осигурување и на регулаторот Агенцијата за супервизија на осигурувањето во текот на денешниот ден да им предложи на друштвата за осигурување до крајот на денешниот ден да ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците и да ги вратат на ниво од пред 25 април 2024 година и да ја известат Комисијата во текот на денешниот ден.“

Состанокот во финансии кој доаѓа по реакциите на агенцијата за супервизија на осигурувањето која децидно се изјасни дека нема основа за ваквото зголемување на цените. Состанокот траеше неколку часа. Пред средбата осигурителните компании преку соопштение информираа дека треба да се земе во предвид реалната пазарна состојба и условите под кои работат осигурителните компании но по состанокот претставниците излегоа од влезот за архива и ги избегнаа камерите.

Од агенцијата за супервизија на осигурувањето е побарано да изготви извештај за тоа дали има економска оправданост барањето за поскапување од каде неофицијално за канал 5 велат дека за такво нешто воопшто нема простор и дека доколку не ги намалат сами цените тоа ќе се направи утре на владина седница со цел да се заштитат граѓаните од ова поскапување. Инаку со одлуката осигурителните компании ги зголемија цените од 840 дена за полиса до 1500 во зависност од јачината на моторното возило.

Гигантот „Форд“ губи огромни пари на секој продаден електричен автомобил

Форд соопшти дека има нето приход од 1,3 милијарди долари за првиот квартал од 2024 година.

Ова се должи првенствено на одделот за флота Ford Pro, кој на компанијата ѝ донесе три пати повеќе приходи од одделот Ford Blue, кој е специјализиран за патнички автомобили со мотори SUS.

Во истиот период, секторот за електрични автомобили и батерии забележал загуба од дури 1,3 милијарди долари, што е приближно двојно повеќе од она што го загубиле во истиот период во 2023 година. Компанијата го обвини „нискиот притисок на цените низ индустријата“.

Ford Pro заработил приближно 7.300 долари за секое од повеќе од 400.000 продадени возила, а Ford Blue заработил близу 1.400 долари за секое од повеќе од 600.000 продадени возила.

Електричниот оддел на Ford, кој се нарекува Model e, од друга страна, изгубил неверојатни 130.000 долари по возило на приближно 10.000 електрични возила што ги продале во првиот квартал од 2024 година, пишува Јутарњи.хр.

Форд за загубите ги обвинува намалувањето на цените на своите електрични возила, по што посегнаа како „одговор на променливите пазарни услови“. Додека пазарот на батерии и електрична енергија продолжува да расте, Форд би можел да се најде во позиција повторно да ги намали цените, нешто што производителот на автомобили буквално не може да си го дозволи.

Сепак, не е сѐ така црно. Големата инвестиција во одделот Model e треба да го стави електричниот оддел на Ford во подобра позиција во наредните години, бидејќи голем дел од тие пари се инвестираат во развојот на следната генерација на електрични возила. Ако сè оди според планот, новите автомобили на Ford на батерии би требало да ги зголемат приходите на одделот Model e во иднина.

притисни ентер