Ослабел 163 килограми без операција на желудникот (фото)

Променил само една работа во животот...

Кол Прохаска (39) уште од дете бил крупен и буцкаст. Како што растел, станувал сè потежок и поголем. Во еден момент застанал на вагата и таа покажала максимални 265 килограми, па ова очајно момче се посомневало дека има многу повеќе. Здравствените проблеми и раскинувањето на седумгодишната врска го натерале да се преиспита.

Пред две години решил да ослабе. После две години интензивни тренинзи ослабел 163 килограми, и сето тоа без апчиња за слабеење и операција на желудникот.

Иако успеал да го реши проблемот со вишокот килограми, Кол сега има проблем со вишокот кожа која виси на неговото тело. Се чувствува заробено, па кога ќе ја соблече маицата, се ужаснува кога ќе ја види опуштената кожа што виси. Опуштената кожа на нозете му прави проблем кога трча.

Сега тој собира пари за отстранување на вишокот кожа, па решил да се фотографира без маица и да им го покаже на луѓето својот проблем со надеж дека некој ќе сака да му помогне.

Кол смета дека постојаното прејадување со висококалорична храна и постојаното седење го довеле до таа состојба. Дневно внесувал и по 5.000 калории, а обидите за слабеење најчесто завршувале безуспешно.

- Вежбањето беше невозможно бидејќи веднаш ќе останував без здив. Се чувствував прилично лошо. Се обидував својата емотивна празнина да ја затрпам со храна, и колку бев понесреќен, толку повеќе јадев. Бев ужасно осамен. Кога имате толку килограми како мене, не ви се оди никаде, не сакате да размислувате што ќе облечете или дали ќе можете да седнете на стол - раскажал тој.

Пресудно за да ги промени претходните навики било раскинувањето на седумгодишната врска, но и здравствените проблеми.

-Знаев дека мојата девојка ја изгуби почитта кон мене бидејќи бев многу дебел и не правев ништо за себе. Немав цел во животот, само јадев, а нејзе тоа и здодеа. Не успеав да ја спасам врската, но се спасив себеси – открива Кол.

Кога решил да ослабе, прво се натерал себеси да пешачи повеќе.

- Отпрвин пешачев само неколку блока, а потоа секој ден по малку го зголемував растојанието. Ги исфрлив тестенините, слатките, чипсот и соковите, и почнав да бројам калории. Нездравата храна ја заменив со здрава храна и почнав со протеинска диета – изјавил Кол.

Кога стекнал малку сила и кондиција, почнал да вежба во сала.

Кол неодамна првпат летал со авион, од К=Јуна Каролина, каде што живее, заминал во Лос Анџелес, за лично да го запознае естетскиот хирург со кој се поврзал преку социјалните мрежи.

Станува збор за комплицирана естетска операција која подразбира повеќе процедури за обликување на телото.

Во период од две години потребно е да му бидат направени 3-5 операции за сè да дојде да свое место.

Како што нагласува, своите фотографии ги објавил на Инстаграм со цел да ги инспирира другите гојазни луѓе да се обидат да ослабат и да се изборат за себе и сопственото здравје.

Чола „тежи“ 25 милиони евра, a носи часовник вреден 2.000 евра

Според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“, Здравко Чолиќ е еден од најбогатите пејачи на Балканот. Според податоците од 2021 година, неговото богатство се проценува на 25 милиони евра.

Иако има толку милиони, Чола отсекогаш бил скромен, а сега тоа го докажа уште еднаш - со изборот на својот часовник. Така, пејачот на зглобот носи часовник вреден „само“ 2.000 евра . Како што стои на Инстаграм профилот „Sat na ruci“, се работи за часовник од брендот „TAG Heuer Carrera“ со челично куќиште и функција хронограф.

Здравко отсекогаш нагласувал дека финансиите отсекогаш му биле слаба страна, иако по професија е економист.

- Човекот не може да го смени темпераментот, не мислам на начинот на трошење и начинот на живеење, но тоа ми беше малку претерано и така е и денес - изјави тогаш Здравко.

Тој откри на што најмногу ги трошел хонорарите.

- Никогаш не сме имале толку високи хонорари. Патувањето и гардеробата беа фетиш во седумдесеттите и осумдесеттите. Никогаш немав големи материјални желби. Моето беше да одам некаде, на море или да направам некоја забава и да потрошам таму, но никогаш немав желба да купам часовник. Не страдав од тоа – скромно вели пејчачот.

Извор: Аваз

Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер

Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. 

Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во намирници коишто не се благи, па затоа е важно да се внимава на составот на секојдневните хранливи производи. Нутриционистката Брук Алперт и лекарката Ребека Казин предупредуваат на најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер коишто ги испраќа самото тело.

Постојано копнеење за слатки

Шеќерот предизвикува зависност. Ова е затоа што сензорите за вкус се адаптирале на благото и на тој човек му треба сѐ повеќе благо, за да го добиете истиот вкус, но и истото задоволство како и првиот пат, слично како дрога. Поради сѐ тоа, докторите советуваат навремена контрола на внесувањето шеќер.

- Со тоа што јадете многу шеќер, предизвикувате хормонален одговор во Вашето тело што е како бран. Ве крева, а потоа Ве треснува од земја, и тоа го поттикнува Вашето тело да бара повеќе шеќер, појаснува Алперт.

Промени во расположението

Премногу внесен шеќер може да значи моментна „еуфорија“. И обратно... Падот на шеќерот во крвта може да предизвика пад и во расположението и поголема нервоза и вознемиреност.

Тромавост

Откако шеќерот ќе го предизвика почетниот скок на енергијата, тој предизвикува и пад. Енергијата е најстабилна кога шеќерот во крвта е стабилен, така што кога се консумира премногу шеќер, има и падови во енергијата. Премногу шеќер честопати значи и недоволен внос на протеини и влакна.

Пукање на кожата

Д-р Ребека Казин смета дека некои луѓе се чувствителни на напливи на инсулин поради прекумерно внесување на шеќер. Тоа може да предизвика нарушување на хормоните, што води, на пр., до сува кожа, ранички, акни и сл.

Дебелеење

Вишокот шеќер значи - вишок калории, а во недостиг на протеини или влакна, шеќерот нема никаква хранлива вредност. Сѐ тоа, заедно со ослободувањето инсулин, ја покачува телесната тежина, но и ја зголемува опасноста од појава на дијабетес.

Кога се јаде премногу шеќер, на телото „му се кажува“ да лачи повеќе инсулин, а подоцна, тоа прекумерно лачење може да доведе до отпорност кон инсулин. Отпорноста пак, значи дека телото нема да може правилно да реагира на нормални количини инсулин и правилно да го користи шеќерот.

Премногу кариес

Кога бактериите ги разјадуваат честичките храна меѓу забите, се создава киселина што постепено предизвикува расипување на забите. Плунката сама по себе одржува здрава рамнотежа на бактерии, но шеќерот може да влијае на пе-ха вредноста и да го наруши тој природен сооднос. Неправилното размножување на бактериите, всушност, води кон расипување на забите и кариес.

Мозочна магла

Деконцентрацијата што обично се јавува после оброк е симптом на низок шеќер во крвта. Кога се јаде многу благо, пак, нивото шеќер во крвта се зголемува и опаѓа, наименично и брзо. Тоа, според стручњаците, ја зголемува расеаноста, и укажува на задолжителна контрола на внесот на шеќер.

Ништо не е така слатко како порано

Премногу шеќер предизвикува сензорите за вкус да се навикнат на слатките вкусови, па затоа човекот бара сѐ повеќе шеќер за да ја задоволи својата глад за слатко. Меѓутоа, тука се препорачува свесно намалување на благото и самоконтрола. На тој начин, по извесно време, телото повторно ќе се навикне и ќе се задоволува со малку шеќер. /МИА

Борел повтори дека Рафа не смее да биде нападнат

Го повика Израел да се вклучи во мировниот процес.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека партнерите на Израел и соседните земји имаат заеднички став дека градот Рафа на југот од Појасот Газа не смее да биде нападнат и ја повика израелската влада конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес.

Борел на Х напиша дека меѓународната заедница, исто така, едногласно бара итно ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа.

Тој истакна дека Израел не може да го уништи Хамас по цена на убиени илјадници палестински цивили и оти понатамошното раселување на повеќе од милион ранливи Палестинци би било „погубно“.

- Ја повикуваме владата на Израел да ги послуша повиците на меѓународната заедница и конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес, наведе Борел. /МИА

притисни ентер