Време е за единство, порача претседателката Силјановска- Давкова, која рече дека им се обраќа пред сѐ на жените. Среќна сум што првите честитки дојдоа од Дорис Пак ,.од моите колешки од сите континенти. Роденденот го поминав со американската амбасадорка Аџелер, рече Силјановска и додаде дека овој говор им го посветува на жените.
Проф.др. Силјановска Давкова е шестиот претседател на Македонија и прва жена која е избрана на оваа позиција.
Сиљановска-Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на вториот круг од Претседателските избори одржани на 8 мај 2024 година го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски. Според првичните официјални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) Сиљановска - Давкова освила 561.001 глас, а нејзиниот противкандидат Пендаровски 251.881 глас.
Во кампањата која ја водеше под слоганот „Македонија повторно горда“, Сиљановска-Давкова говореше дека придавката „Северна“ нема да ја користи, но ќе стои пред табла со новото уставно име. Таа имаше изјавено и дека е против уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, но доколку Собранието донесе таква одлука ќе ја почитува, бидејќи Собранието е уставотворен орган. До граѓаните порачуваше дека треба да ги почитуваме темелните вредности на нашиот уставен поредок, а Преспанскиот договор за неа, како што велеше, е политички и правно отворено прашање.
По победата на изборите таа вети дека ќе биде претседател на сите граѓани.
Говорот на претседателката Силјановска- Давкова може да го следите на овој ЛИНК.